Контакт

Македонија

„Негативното мислење“ е исфрлено од Законот за навреда и клевета

Објавено пред

Министерството за правда го менува членот 6 од Законот за граѓанска одговорност за навреда и клевета по реакциите предизвикани во јавноста, а во врска со формулацијата „негативно мислење“.

dobivaj vesti na viber

Министерството за правда соопшти дека пропустот во формулација се надминува и членот 6 став 1 би гласел: „За навреда одговара тој што со намера да омаловажи, со изјава, однесување, објавување или на друг начин ќе изрази за друг со утврден или очевиден идентитет омаловажувачко или понижувачко мислење, со кое се повредува неговата чест и углед.“.

Од Министерството појаснуваат дека интенцијата на работната група со ваквата формулација била во насока дека негативното мислење се однесува на нарушувањето на чест и углед во контекст на омаловажувачкото и понижувачко мислење, а не надвор од тоа. На законот, како што додаваат од Министерството за правда, работела работна група во чиј состав имало членови од сите засегнати страни, вклучувајќи ги претставниците на новинарските здруженија и синдикати, судии, универзитетски професори и не може да се става сомнеж околу компетентноста на истата.

Се додава дека покрај во членот 6 став 1, ќе се интервенира и во членот 7 и 11 поради номотехничко подобрување на текстот.

Министерството за правда наведе дека останува отворенo и доколку има и други предлози за подобрување на текстот , ќе бидат земени предвид.

Главните измени воведени со овој предлог-текст на законот се следните:

„Одредувањето на поимите на одговорност за навреда и клевета (член 6 и член 8) при што се надминаа предизвиците за опсегот на лица кои имаат активна легитимација пред судот (новинар, авторот, уредникот или лицето кое го заменува и правното лице како издавач. Ако средството за информирање нема уредник или лице кое го заменува одговара физичкото лице или правното лице сопственик на средството за информирање.)

Се воведува широк термин (поим) „средства за информирање на кои се објавуваат содржини на начин достапен за јавноста“ што овозможува доволна ширина за слобода на јавен говор без детално набројување на сите видови средства (бидејќи е невозможно и не треба да се набројат согласно насоките од ЕСЧП), што истовремено дава можност за балансирање ако некој со намера да наштети на честа и угледот, со изјава, содржина, однесување, објавување или на друг начин ќе изрази омаловажувачко, понижувачко или негативно мислење да може да одговара.

Со предлог-законот не се врши регулирање на медиумите и затоа мора веднаш да се разграничи дека тоа е регулирано согласно Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги.

Оваа дефиниција (средства за информирање на кои се објавуваат содржини на начин достапен за јавноста) е поширока и опфаќа заштита на секое лице од можноста да биде навредено и/или клеветено во јавност и во средства за информирање согласно воведениот поим од овој закон.

Ако средството што ја пренесува изјавата или содржината е платформа за агрегација на медиуми се исклучува одговорноста, освен во случај кога платформата е формирана со цел за злоупотреба на слободата на информирање, спротивно на законите во областа на јавното информирање.

→ Пред поднесување на тужба за надоместување на штетата, се воведува право да бара извинување и јавно повлекување на изјавата или содржината за физичкото или правното лице на кое му е причинета штета со навреда или клевета и да презема мерки за ублажување на штетните последици, како и право на реагирање, демант, одговор и исправка.

→ Оштетениот има право на надоместување на нематеријална и материјална штета предизвикана со навреда или клевета, согласно закон. Судот при определувањето на висината на надоместокот на справедливиот паричен надоместок на нематеријална штета во смисла на овој закон ќе ги има предвид одредбите од Законот за облигациските односи.

→ Се изврши значајно намалување на висината на справедлив паричен надоместок за нематеријална штета предизвикана со навреда или клевета:

износ не поголем од 400 евра за новинар во вршење на новинарска професија (во постојниот закон е 2.000 евра);
износ не поголем од 2.000 евра за уредник или лицето кое го заменува (во постојниот закон е 10.000 евра)
износ не поголем од 5.000 евра за правно лице (во постојниот закон е 15.000 евра)“, велат од Министерството за правда.

Македонија

Се вршат разговори и се прибираат докази по трагедијата во Карпош, соопшти Обвинителството

Објавено пред

Дежурен јавен обвинител од Основно јавно обвинителство Скопје извршил увид на локацијата во скопската општина Карпош, каде попладнево животот го загубија жена и малолетно дете по пад од зграда.

dobivaj vesti na viber

Од Обвинителството соопштија дека е наредена обдукција на телата, како и обезбедување и анализа на сите траги и материјални докази, со цел да се утврдат причините и околностите на настанот.

„Јавниот обвинител нареди обдукција на телата на починатите и прибирање траги и докази.

Се вршат разговори со повеќе лица кои би можеле да имаат сознанија за причините за настанот“, соопшти обвинителството.

Прикажи повеќе...

Македонија

„Денес потфрли целиот наш систем“: се огласи братот на жената која заедно со ќерката паднаа од зграда во Карпош

Објавено пред

„Иако ми е тешко, сакам да се обратам во име на моето семејство – денес се случи убиство“.

dobivaj vesti na viber

Ова на социјалните мрежи го објави Александар Стојаноски, брат и вујко на починатите мајка и ќерка кои денеска починаа по пад од зграда во скопски Карпош.

Стојаноски во објавата се обрати во име на семејството, обвинувајќи дека институциите потфрлиле, посочувајќи дека жената пријавувала насилство, а институциите не реагирале.

„Иако ми е тешко, сакам да се обратам во име на моето семејство, денес се случи убиство
Денес потфрли МВР, Социјалните служби, денес потфрли целиот наш систем. После години на пријавувано семејно насилство, физичко и психичко насилство врз двете, закани, пријавувања, обид за убиство во сред државна институција, ги загубив внуката и сестрата.

Државата овозможи да згаснат млади животи, ве молам да не шпекулирате што се случило, никој нема да ми ги врати најмилите, но правдата ќе мора да се истера до крај и нема да запреме додека не се случи тоа!
Со оглед на тоа што и покрај сите пријави и случувања, институциите не постапија до сега, барам фокус од јавноста и медиумите за ова, нема да дозволиме да помине само како бројка, правдата мора да го стигне секој еден!
Сестра ми денес требала повторно да иде во социјално, за сите овие работи, а со внуката се слушнавме за Прочка, ми рече – вујче прости ми ако сум ти згрешила нешто … вујчино, прости ми ти, прости на овие неспособни институции, а јас вујче, нема никогаш да простам и да заборавам
Споделете, да не се заборави и изгуби низ нашиот систем“, пишува Стојаноски во објавата.

Прикажи повеќе...

Македонија

Поради утрешната посета на Руте посебен режим на сообраќај во Скопје

Објавено пред

Утре во официјална посета на Република Северна Македонија ќе престојува генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, соопшти МВР.

dobivaj vesti na viber

Поради посетата, Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за воспоставување посебен режим на сообраќај во централното градско подрачје на Град Скопје.

СВР Скопје апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите и насоките што ќе ги даваат полициските службеници, со цел безбедно и непречено одвивање на сообраќајот.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија3 часа

Се вршат разговори и се прибираат докази по трагедијата во Карпош, соопшти Обвинителството

Дежурен јавен обвинител од Основно јавно обвинителство Скопје извршил увид на локацијата во скопската општина Карпош, каде попладнево животот го...

Македонија4 часа

„Денес потфрли целиот наш систем“: се огласи братот на жената која заедно со ќерката паднаа од зграда во Карпош

„Иако ми е тешко, сакам да се обратам во име на моето семејство – денес се случи убиство“. Ова на...

Топ5 часа

Мајка и дете загинаа по пад од зграда во скопски Карпош

Женско лице и нејзиното малолетно дете се пронајдени попладнево починати по пад од тераса во скопски Карпош. Од Министерството за...

Македонија7 часа

Се разгледува можност за евакуација на македонски граѓани од ОАЕ до Саудиска Арабија со автобуси

Амбасадата на Република Северна Македонија во Абу Даби, во соработка со властите на Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) и Кралството Саудиска...

Македонија10 часа

Наредена ексхумација на уште една жена, можна жртва на 25- годишникот од Малотино осомничен за сериски убиства

Во наредните денови ќе биде направена уште една ексхумација на жена за која постојат сомневања дека е жртва на 25-годишниот...

Македонија10 часа

Недвосмислено ги осудуваме сите напади врз нашите пријатели, велат од МНР и апелираат граѓаните да се воздржат од патувања во поширокиот регион на Блискиот Исток

Министерството за надворешни работи и надворешна трговија соопшти дека со внимание и загриженост ги следи случувањата во поширокиот регион на...

Македонија12 часа

Минималната плата се зголемува за 1.667 денари

Минималната плата се зголемува за 1.667 денари на 26.046 денари нето плата, соопшти министерот за економија, Бесар Дурмиши. Бруто платата за...

Македонија12 часа

Договорите за корупција треба да бидат многу поскапи, потешки и понеисплатливи – антикорупционерите со обука за полицајците

Регионалната иницијатива против корупција (РАИ) денес   во Скопје организираше обука за претставници на полицијата и Министерството за внатрешни работи за проценка...

Македонија13 часа

Трендафилов: Пробуваат на мала врата да ја усогласат минималната плата за 1.600 денари, излегуваме повторно на улица

Претседателот на Сојузот на синдикати на Македонија, Слободан Трендафилов, денеска ја напушти седницата на Економско – социјалниот совет, на која...

Македонија13 часа

Засега нема услови за евакуација на македонските државјани од ОАЕ и Катар, се разгледуваат алтернативи за државјаните во Израел

Повеќе од 400 македонски државјани се обратиле до дипломатско-конзуларните претставништва со барање за информации околу можноста за евакуација, додека околу...

Македонија14 часа

По речиси една година од пожарот во „Пулс“, семејствата ќе ги добијат личните предмети на настраданите – телефони, обувки, накит

Одделението за внатрешни работи Кочани информира дека, во врска со трагичниот настан – пожарот во клубот „Пулс“ на 16 март,...

Македонија14 часа

Левица поднесе кривична пријава против поранешната антикорупционерка Цвета Ристовска

Левица поднесе кривична пријава против поранешната членка на Антикорупциска комисија Цвета Ристовка поради сторено кривично дело Противправно стекнување и прикривање...

Македонија14 часа

Ахмети со поддршка на САД: Нападите и дестабилизирачките акти на Иран не служат никому

Во овие времиња на предизвици за меѓународниот поредок и безбедност, нашата позиција е јасна и непоколеблива: целосна солидарност со Соединетите...

Македонија14 часа

Мицкоски во разговор со претседателот на ОАЕ: Нашите институции се целосно мобилизирани за навремена помош на македонските државјани

Институциите на државата се целосно мобилизирани и внимателно ја следат состојбата, со подготвеност за навремена помош, поддршка и евентуална асистенција...

Свет18 часа

(Видео) Нови ирански напади: експлозии и сирени во Доха, Кувајт, Дубаи, Абу Даби

Иран денес започна голем ракетен и беспилотен напад врз неколку градови во Заливот, вклучувајќи ги Доха, Кувајт, Дубаи, Абу Даби...

Свет18 часа

(Видео) Војна меѓу Израел и Хезболах: Бејрут гори, луѓето масовно бегаат, се појавија снимки

Израел утрово изврши тешки воздушни напади врз јужните предградија на Бејрут, кои се контролирани од Хезболах, откако групата поддржана од...

Свет19 часа

(Видео) Иран објави снимка од тунел полн со дронови

Иран објави пропагандно видео за кое тврди дека прикажува подземни тунели на Револуционерната гарда полни со дронови и друго оружје...

Свет19 часа

(Видео) САД: Нападите продолжуваат

Централната команда на САД објави кратко видео за Икс со снимки од „Операцијата Епски гнев“. U.S. forces are taking bold...

Европа19 часа

(Видео) Експлозија во британска база во Акротири, Кипар, се сомневаат на напад со дрон

Британското Министерство за одбрана соопшти дека реагира на „напад со беспилотни летала“ врз неговата воена база на Кипар. Експлозијата се...

Свет19 часа

(Видео) Хезболах го нападна Израел за прв пат од прекинот на огнот во 2024 година

Либанскиот Хезболах потврди дека ноќеска истрелал ракети во северен Израел, први откако во ноември 2024 година стапи на сила прекинот...