Македонија
Неждет Мустафа: Толку ли вреди интелектуалниот потенцијал на Амди Бајрам за да биде дел од секоја владина коалиција
По одлуката на Амди Бајрам по 11 години поддршка за власта на ВМРО-ДПМНЕ, сега да влезе и во Владата на Зоран Заев, со остра реакција се јави претседателот на Обединетата партија за еманципација на Ромите (ОПЕР), Неждет Мустафа.
„Тоа е човекот што речиси 25 години ги злоупотребува политиката и чувствителните ромски прашања за свои лични цели и интереси, неконзистентен партнер без политичка идеологија, чија максима се само личниот бизнис и богатење газејќи по грбот на уценетите и купените ромски граѓани во сите досегашни изборни циклуси. Личност што изминатите две и пол децении служеше и сè уште служи за потсмев, инспирација за хумор кај медиумите, инспирација за карикатуристите и забавните шоу-емисии. Сликата за него многумина ја изедначуваа со сликата за најголем дел од ромската заедница, што претставува неоправдано понижување на цел еден народ. Нема да биде никаква навреда или критика ако кажеме дека тој всушност беше дворски шут на сите досегашни влади. Почнуваше со додворување кон естаблишментите, пофалби за нивната политика, а целата негова политичка приказна завршуваше со добро познатиот – гол со петица. И тоа не еднаш, туку неколкупати досега. Неговото дејствување никогаш не било политичко, туку манипулативно и измамничко.
Неговите интриги ги почувствуваа Црвенковски, Тупурковски, Груевски, а верувајте, ќе ги почувствува и неговиот нов партнер, актуелниот македонски премиер. Се прашуваме – толку ли вреди интелектуалниот потенцијал на Амди Бајрам за да биде составен дел на секоја владина коалиција? Толку ли е важен неговиот глас во македонското Собрание, без да се процени колку тој чин значи срам, понижување, потценување и деградирање на современата политичко-општествена мисла на Ромите?
Се прашуваме дали со вакви квазиполитичари ќе ги спроведуваме неопходните реформски политики кон кои се стремиме? Класична утопија! Денес сакаме да го пренесеме големото разочарување од овој потег не само на ромските политички партии туку и на најголемиот дел од ромската етничка заедница во Македонија. Каква порака им испраќаме на младите генерации денес? Пораката е дека само со политичка манипулација, со лаги, со вулгарности, со квазиписменост, криминално минато и нечесни постапки можеш да успееш во животот и вечно да опстојуваш на владејачкиот трон.
Денес имаме високообразовани млади генерации Роми кои познаваат странски јазици, кои сакаат да се интегрираат во современите општествени текови, но само доколку им се даде можност и доколку државата сака да го исползува нивното знаење и вештини. Ваквите потези ги обесхрабруваат. Со избор на вакви кадри во највисоките тела на државната политика ние процесите ги враќаме назад наместо да ги туркаме напред. Во 2018 година европските стандарди и вредности никако не можеме да ги постигнеме и спроведеме со ликови како Амди Бајрам. Тоа секому треба да му стане јасно, а пред сè на оние политичари и органи што го направиле изборот токму тој да биде нивни политички партнер.
Гневот и разочараноста од ваквиот потег деновиве е широко распространета во јавноста, кај новинарската фела, кај политичките елити. Да не ги заборавиме неговите свесни реторички испади во јавноста: им се закануваше со затвор и ќотек на новинарите што ја следеа работата на македонското Собрание; искажуваше пцости од собраниската говорница без грам совест за последиците од таа реторика; на митинзите се споредуваше со ловџија кој иронично со морков во раката се закануваше дека ќе го улови сегашниот премиер, а тогашен опозиционер Зоран Заев. „Кока-кола“ личности, како што гордо и без срам себеси се нарекуваше, нам повеќе не ни требаат, ниту на Ромите како етничка заедница, а уште помалку на Република Македониja, вели Неждет Мустафа.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Левица: Ќе поднесеме предлог – закон за департизација и искоренување на непотизмот во јавното здравство
Пратеничката група на Левица до Собранието на Република Македонија ќе поднесе Предлог-закон за укинување на дискреционото право на директорите во јавното здравство при вработување, со кој се воведува обврска за избор на најдобро рангираните кандидати на транспарентни конкурси со јасни, мерливи и проверливи критериуми, соопштија од партијата.
Од таму појаснуваат дека со Предлог-законот се прави неопходен и одлучен чекор кон дефинитивно укинување на децениските практики на непотизам, партизација и клиентелизам, преку елиминирање на дискреционите овластувања и воведување задолжително почитување на ранг – листите и објективните критериуми при вработување.
„Јавното здравство со децении е оптоварено со системски непотизам, партизација и клиентелизам, каде што роднинските врски и партиската подобност се вреднуваат повеќе од стручноста, знаењето и професионалниот интегритет. Дискреционото право на директорите се претвори во институционализиран механизам за репродукција на привилегии, со што јавното здравство функционира како затворен систем на наследни и партиски вработувања. Како директна последица на ваквите политики, најквалитетните и највисоко рангираните здравствени работници се системски оттурнати од јавното здравство и принудени својата професионална кариера да ја продолжат во приватните здравствени установи во државата, каде што нивното знаење станува пазарна стока или во здравствените системи во странство, каде што државата практично го извезува сопствениот образуван кадар од државните универзитети“, велат од партијата.
Овој двоен одлив, кон приватниот сектор и кон странство, додаваат од Левица, претставува тежок удар врз јавното здравство.
Според Левица, државата инвестира во образование и обука на здравствени работници, а придобивките од таа инвестиција ги собираат приватните профитни структури, други држави или промена на професијата. Истовремено, велат од Левица, Фондот за здравствено осигурување сноси дополнителни трошоци за лекување во приватни установи и во странство, додека пациентите продаваат дел од својот имот да се лекуваат во приватни клиники или други држави.
„Јавното здравство мора да биде систем на знаење, одговорност и еднакви шанси, а не поле за семејни и партиски привилегии. Левица ги повикува сите пратеници во Собранието да го поддржат овој Предлог-закон и да застанат на страната на јавниот интерес, здравствените работници и пациентите. Поддршката на овој закон е јасен показател дали се брани јавното здравство или се продолжува со заштита на непотизмот и клиентелизмот“, велат од Левица.
Македонија
Продлабочување на стратешкото партнерство со САД во фокусот на средбите на Гаши во Вашингтон
За време на работната посета на Вашингтон, претседателот на Собранието, Африм Гаши, оствари средба со Даниел Џ. Лотон, заменик-помошник секретар во Бирото за европски и евроазиски прашања на Стејт департментот на САД.
„На оваа средба беше потврдено непоколебливото партнерство меѓу двете земји, изградено врз заеднички демократски вредности, посветеноста на владеењето на правото, борбата против корупцијата и посветеноста на меѓународниот мир и стабилност. Соговорниците разменија мислења за актуелните геополитички настани, безбедносните предизвици и конструктивната улога на Република Северна Македонија како фактор на стабилност во Западен Балкан“, соопштија од Собранието.
Гаши информирал за континуираните напори за полноправна интеграција во Европската унија и изразил благодарност за континуираната поддршка на САД во процесот на реформите.

Гаши на средбата беше придружуван од потпретседателите на Собранието, Антонијо Милошоски и Јован Митрески, како и од владината делегација, составена од министерот Стефан Андоновски, Златко Пирински и генералниот секретар на Владата, Игор Јанушев.
По средбите во Вашингтон, Гаши се сретна и со Филип Рикер, поранешен амбасадор на САД во Република Северна Македонија и докажан пријател на земјата, со кого разговарале за неодамнешните политички настани и продлабочувањето на стратешкото партнерство со Соединетите Американски Држави.
На средбите биле потврдени одличните билатерални односи и заедничката посветеност за продлабочување на трансатлантската соработка.
Македонија
СДСМ ги осуди заканите и навредите кон новинарот Видиновски: Институциите да реагираат
„СДСМ најостро ги осудува заканите и личните навреди кон новинарот Александар Видиновски, кон граѓаните и директорот на Канал 5 Телевизија од бугарски државјани“, велат од СДСМ.
„Говорот на омраза, заканите и навредите се недозволиви, претставуваат атак врз целата новинарска професија, слободата на говорот и слободата на информирање кои се европски вредности.
Ги повикуваме институциите да реагираат и да ги преземат сите мерки за санкционирање“, соопшти СДСМ.

