Македонија
Независната пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ на средба со амбасадорите
																								
												
												
											Независната пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ оствари средба со амбасадорот на Сојузна Република Германија Томас Герберих, амбасадорката на Обединетото Кралство на Велика Британија, Рејчел Галовеј и амбасадорот на Кралствто Холандија, Вилем Ваутер Пломп.
,,На средбата беше искажана силна поддршка за нашите заложби да бидеме дел од понатамошните реформски процеси преку законски решенија, земајќи активно учество во нивно изготвување и подобрување.На средбата беше разгледана актуелната состојба, како и многу идеи за понатамошна соработка.Ние како опозиција гласно ќе се бориме за побрза интеграција на Македонија во ЕУ и НАТО”, се наведува во соопштението.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
																	
																															Македонија
Македонија треба да ги спроведе уставните измени, порача Кос
														Презентирајќи ги извештаите за земјите кандидатки за членство во ЕУ, пред Комитетот за надворешни работи на Европскиот парламент, еврокомесарката за проширување Марта Кос накратко спомена дека Северна Македонија е целосно усогласена со Надворешната и безбедносна политика на ЕУ и дека продолжува со работата на деловите поврзани со Кластерот 1.
Северна Македонија мора да ги направи уставните измени за да го продолжи својот пат кон Европската Унија, порача таа.
„Северна Македонија, како што реков, остана целосно усогласена со CFSP (Заедничката надворешна и безбедносна политика) и ја продолжи техничката работа на Патоказите и на Акцискиот план поврзани со Кластерот 1, но земјата не презеде одлучни чекори да напредува во процесот на пристапните преговори во изминатата една година.
Таа мора да ги донесе уставните измени согласно заклучоците на Советот на Европа од 2022 година за да напредува на својот пат кон Европската Унија“, нагласи Кос.
Фото: принтскрин
Македонија
„Вреди“ е втора политичка сила, локалните избори запечатија нова политичка реалност во Македонија, велат од коалицијата
														„Локалните избори запечатија нова политичка реалност во Северна Македонија.
Коалицијата „Вреди“ излегува од овој процес како втора политичка сила на државно ниво, со 10 освоени општини, и како апсолутен победник во албанскиот табор.
Резултатите се јасни, но пораката на граѓаните е уште појасна. Ерата на старата политика е завршена.
На овие избори, граѓаните гласаа за работа, за одговорност и за политика што дава резултати. Тие дадоа поддршка на визијата на „Вреди“ за локален развој и за нов стандард на управување базиран на чесност и ефикасност“, велат од оваа коалиција.
Во Тетово победи, како што велат, интегритетот и визијата на Билал Касами, што го претвори градот во симбол на промени и одговорно управување.
„Во Боговиње, граѓаните му ја дадоа довербата на Фети Абази, архитектот кој со знаење и посветеност ќе ја ревитализира општината.
Во Теарце, по 20 години непроменета власт, дојде долгоочекуваната промена и граѓаните му ја дадоа довербата на Даут Мемиши. Самиот овој факт е извонреден успех. Во Чаир на Изет Меџити, каде што ДУИ се обиде да ја претвори трката во „референдум за опстанок“, чаирчани јасно рекоа Не! Општината не е отскочна даска за спасување на никого.
Додека во Сарај, Арачиново, Желино, Дебар, Струга и Долнени, граѓаните ја запечатија промената, правејќи го ВЛЕН силата што ги обединува општините под заедничка визија за развој и одговорност.
Овој резултат е повеќе од изборна победа, тоа е епохална промена во политичкото претставување на Албанците. По 23 години доминација на политика која беше отсечена од граѓанинот, Албанците избраа нов модел, политика на одговорност“.
Според „Вреди“ овој резултат е почеток на нова етапа, каде што ќе се управува со европски стандарди и со целосно почитување на граѓанинот.
„Вреди“, најавуваат од таму, ќе продолжи да биде гаранција за политичка стабилност и правично застапување на Албанците во институциите.
Македонија
Мицкоски од Брисел: Ги повторивме нашите единствени позиции за Македонија
														Премиерот Христијан Мицкоски соопшти дека во Брисел имал пријателска средба со претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта.
„Првата средба ја имавме точно пред една година кога господинот Кошта беше избран за претседател на Европскиот совет и од тогаш до денеска негуваме навистина пријателски и искрени односи. Господинот Кошта е голем пријател на Македонија и во таков дух помина денешната средба.
Повторно разговаравме за актуелните теми, нормално приближувањето на нашата земја кон Европската Унија и конечно формалното отпочнување на преговорите“, појасни Мицкоски.
На состанокот како што вели, биле повторени „нашите единствени позиции“.
„Тоа се навистина позиции достоинствени после сите оние понижувања кои што ни се случија во минатото, изминатите 25 години откако практично почна овој наш пат кон приближување кон Европската Унија.
Имавме пријателски и би рекол прилично продуктивен состанок, едноставно сето она кое што претставува наш приоритет е и приоритет на господинот Кошта. Покрај приближувањето кон ЕУ и отпочнувањето на преговорите, имаше уште неколку проекти кои што се за нас стратешки важни, тоа е гасниот интерконектор со Србија и крак на гасниот цевковод кон соседно Косово. Понатаму, тарифите за челикот и челичните производи на македонските производители, како и заедничкиот проект што нашата македонска Влада ќе го има со Европската комисија, а се однесува на проектите кои што треба да ги реализираме во Кочани и во кочанскиот регион.
Сè на сè, можам да кажам дека исклучително успешна и продуктивна средба, продолжуваме и понатаму со нашите средби овде во Брисел. Имаме настан со Еуроњуз, вечер имаме вечера со комесарката Марта Кос и се надевам и сигурен сум на позитивни вести“, вели Мицкоски.

