Македонија
Неисправна вода за пиење во населеното место Ѓумушица
Не е исправна водата за пиење од крајпатната чешма во населено место Ѓумушица, соопшти Општина Прилеп.
Водата од ова чешма според Центарот за јавно здравје не смее да се користи за пиење, без да се преврие најмалку 10 минути.
„Центарот за јавно здравје – Прилеп врши редовни анализи на исправноста и квалитетот на водата за пиење од јавните чешми во населените места, каде што нема водоводи коишто се вклучени во водоводната мрежа со која стопанисува ЈКП ‘Водовод и канализација’“, се вели во известувањето од општината.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Мицкоски во САД разговарал со Такер Карлсон кој лани го привлече вниманието на светската јавност поради интервјуто со Путин
Премиерот, Христијан Мицкоски, на социјалните мрежи објави фотографии од повеќе средби кои ги остварил во Вашингтон, пред инаугурацијата на претседателот на САД, Доналд Трамп.
Македонскиот премиер сподели дека разговарал со новинарот Такер Карлсон, кој лани беше во центарот на светските случувања кога одлучи да направи со интервју со рускиот претседател, Владимир Путин.
„Разговарав со еден од највлијателните американски новинари, Tucker Carlson. Тој е познат по своите десни конзервативни ставови и со огромно влијание во американското општество. Пријатна средба и можност за размена на мислења и ставови за Македонија и регионот. Го поканив да ја посети нашата земја“, напиша Мицкоски.
Карлсон е првиот западен новинар што интервјуирал руски претседател од почетокот на руската воена операција во Украина во февруари 2022 година. Двочасовното интервју беше објавено ноќта на 9 февруари и имаше повеќе од 170 милиони прегледи на социјалната мрежа „Икс“ и повеќе од 10 милиони на „Јутјуб“.
Мицкоски сподели и дека во Вашингтон разговарал со една од најпрепознатливите телевизиски, новинарски и медиумски лица во американската јавност, Меган Кели.
Македонија
Државјанин на Косово се обидел да прошверцува 48.000 пара чорапи преку Блаце, покренато е обвинение
Скопското обвинителство поднесе обвинение против фирма од Косово со подружница во Скопје и нејзиниот управител за криумчарење.
На 16 јануари, обвинетиот косовски државјанин се обидел да избегне царинска контрола, така што во камионот со косовски регистарски ознаки кој пренесувал стока за правното лице преку граничниот премин Блаце биле ставени вкупно 48.000 пара чорапи кои не биле наведени во фактурите и во царинската декларација, соопштија од Обвинителството.
Царинските службеници при проверка ја пронашле и ја одзеле недекларираната стока во вкупна вредност од 365.280 денари.
Македонија
Парно греење нема ниту во училиштата и градинките, СДСМ повика на формирање на кризен штаб
Опозициската СДСМ повика на формирање на кризен штаб, откако утрово повеќе скопски општини останаа без парно.
Според информациите, греење нема во Центар, Ново Лисиче, Аеродром, Кисела Вода, Капиштец. Парно греење нема ниту во дел од училиштата и градинките, а родителите во повеќе општини добиле повик да дојдат да си ги земат децата.
„Скопјани, децата, пензионерите мрзнат поради неспособноста на ДПМНЕ. Децата и изнемоштените луѓе, во 21 век се оставени на милост и немилост на несподобните директорчиња од ДПМНЕ и министерката за енергетика, блиска до Мицкоски“, велт од СДСМ.
Од тука додаваат дека двата системи се проектирани да функционираат на начин што ќе ја поделат обврската во затоплување – дел со парно, а доминатен дел со струја. Сега кога граѓаните се оставени со саати без парно се принудени да бараат алтернатива, да вклучуваат греење на струја, да се згрејат на овие минусни температури, велт од СДСМ.
„Целосна одговорност за хаосот во енергетскиот сектор е кај минстерката за енергетика, Сања Божиновска која нема капацитет да менаџира со овој важен сегмент. Ги повикуваме веднаш да формираат кризен штаб, брзо да се реагира и веднаш граѓаните да добијат греење. Во време на голема светска енергетска криза СДСМ не дозволи да има прекини, граѓаните имаа непречено и струја и парно греење!“, се вели во партиската реакција.
Од ЕСМ претходно информираа дека поради зголемени загуби на вода во топлификациската мрежа, е намалена испораката на топлинска енергија и се работи на изолирање на проблемот со цел воспоставување стабилен хидрауличен режим во системот и нормализација на снабдувањето со топлинска енергија.