Македонија
Некои пациенти со коронавирус покажуваат знаци на мозочни заболувања
Лекарите забележале невролошки симптоми, вклучително и конфузија, мозочен удар и епилептични напади, кај мал дел од пациентите со Ковид-19. Невролозите ширум светот велат дека дел од пациентите со Ковид-19 развиваат сериозни нарушувања на мозокот, соопшти Здружение за борба против мозочен удар.
Иако треска, кашлица и отежнато дишење се типични белези на инфекција со новиот коронавирус, некои пациенти покажуваат изменет ментален статус или енцефалопатија, израз за сериозно заболувања на мозокот или дисфункција што може да има многу етиолошки чинители односно други сериозни состојби. Овие невролошки синдроми се придружуваат на други необични симптоми, како што е намалено чувство за мирис и вкус, како и срцеви заболувања.
Постојат набљудувања од страна на лекарите во сите делови на светот, кај пациенти со Ковид-19 кои имаат мозочни удари, епилептични напади, симптоми слични на енцефалитис или згрутчување на крвта, како и пецкање или вкочанетост на екстремитетите. Во некои случаи, пациентите биле делирантни (дезориентирани) дури и пред да развијат треска или респираторни заболувања, тврди д-р Алесандро Падовани, чија болница на Универзитетот Бреша во Италија отвори посебна единица NeuroCovid за да се грижи за пациенти со невролошки состојби.
Пациентите кои влегуваат со енцефалопатија се збунети и летаргични и може да бидар дезориентирани, покажувајќи чудно однесување или нарушена свест. Можеби имаат епилептичен напад или друга невролошка состојба која бара итна медицинска помош. Експертите ги предупредуваат давателите на здравствени услуги кои лекуваат такви пациенти да препознаат евентуален заразен со Ковид-19 и да преземат мерки на претпазливост за да се заштитат од инфекција.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Забранет сообраќајот на регионалниот пат Гостивар – село Чегране поради излевање на реката Вардар и обилниот дожд
Во 20.40 часот е воведена забрана за сообраќај на регионалниот пат Р2-233 Гостивар – село Чегране поточно во село Форино, поради излевање на реката Вардар и обилни врнежи од дожд, извести АМСМ.
Сообраќајот се пренасочува од село Чајле кон село Старо Чајле према село Форино.
Воведена е забрана за сообраќај и на локалниот пат од „Тумчевишка Петла“ кон село Тумчевиште и село Чегране, додаваат од АМСМ.
Македонија
Меѓународните односи, реформите и борбата против корупција во фокусот на разговорите меѓу Сиљановска-Давкова и Варнс
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова ја прими Никол Варнс, вршителка на должноста шеф на мисијата во Амбасадата на САД.
Таа изрази подготвеност за понатамошна соработката со истата динамика и посветеност како со претходната амбасадорка.
Разговорот започна со осврт на меѓународните односи, состојбите во НАТО, ЕУ и регионот.
Потоа соговорничките се фокусираа на македонските работи: реформските процеси во судството, дигитализацијата, борбата против корупцијата и организираниот криминал и реализацијата на инфраструктурните проекти.
За нив, инклузивниот модел на одлучување и меритократијата во сите сфери на општествениот живот, а особено во образовниот систем и во регрутирањето на државната и јавна администрација на највисоко ниво се клучни не само за нашата евроинтеграција, туку и за просперитетот на државата.
Во време на безбедносни предизвици и ризици, за обете, американско-македонското стратешко партнерство, како и сојузништвото во НАТО се важни за стабилноста.
Амбасадорката ја потврди американската подготвеност за унапредување на пријателските односи, поздравувајќи ја неодамна усогласената заедничка изјава за рамката за идниот Договор за реципрочна, фер и балансирана трговија, како значаен чекор во зајакнувањето на економската соработка.
Сиљановска-Давкова и Варнс очекуваат со Акцискиот план да се конкретизираат низа проекти во интерес на граѓаните.
Македонија
Укината забраната за сообраќај на камиони на патот Гостивар-Стража-Кичево
Од 17:20 часот укината е забраната за ТМВ на патниот правец Гостивар-Стража и обратно.
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по влажни коловози. Врнежи од снег има на Пониква и на патниот правец Штип-Неготино кај с.Лесковица, кој во моментов не претставува пречка за одвивање на сообракајот, јави АМСМ.

