Македонија
Нема опасност по Зрзе и Кошино – пожарникарите се’ уште се борат да го стават огнот под контрола
Нема опасност по манастирот и селото Зрзо, ниту по селото Кошино во чијашто близина попладнево избувнаа силни пожари.
Директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов вели дека двата ер трактори на ДЗС и хеликоптерот на МВР помогнале да бидат ставени под контрола краците кои ги загрозуваа двете села во општината Долнени, но останатите краци се’ уште се разгорени.
Претходно, Ангелов објави дека пожарот избил над Манастирот Зрзе, на висок и непристапен терен. Гори висока трева, нискостеблеста шума како и дабова шума и шума од габер, а постоеше закана пожарот да се приближи и кон селото Зрзе.
Вториот пожар е над селото Кошино каде што покрај висока сува трева, како што беше соопштено, гори и квалитетна дабова шума а пожарот, а пред неколку часа огнот се приближи на околу 300 метри од првите куќи, пред да стигнат возухопловите.
На терен се и прилепските пожарникари.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Илинден и од Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ке останат:
· во периодот од 08.30 до 15.00 часот корисниците од ул 27 Белимбегово (општина Илинден)
· во периодот од 09.00 до 15.00 часот корисниците од дел од улица 2 во село Кадино, кон Црквата СВ.Илија (општина Илинден)
· во периодот од 11.00 до 14.00 часот дел од корисниците на ул.Љубљанска (општина Карпош)
Македонија
Непречен сообраќај по претежно суви коловози
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози. Од 22 часот вчера, патниот сообраќај на стариот регионален пат Р-1101 Прилеп – Битола е пуштен во двата правци. Претходно беше во прекиин поради сообраќајна несреќа, извести АМСМ.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
(Фото) Втора вечер на Новогодишниот базар во Чаир
Вчера се одржа втората вечер на Новогодишниот базар во Чаир, на Плоштад Скендербег, продолжувајќи ја празничната атмосфера што го одбележува овој настан. Плоштадот беше исполнет со бројни граѓани кои уживаа во декоративните светилки, празничните штандови и новогодишниот дух, велат од општина Чаир.

Вечерта започна со детска музичка програма, со песни и празнични настапи за најмладите, по што атмосферата продолжи со музика од DJ Едмир, создавајќи жив и пријатен амбиент за сите генерации.

Новогодишниот базар во Чаир продолжува и во наредните вечери, носејќи дополнителни содржини и празнична живост во пресрет на новата година.





