Македонија
„Непотизмот во Охрид поврзан со Пецаков е потврда дека нема промена во ДПМНЕ“, вели СДСМ
„ВМРО-ДПМНЕ и градоначалникот на општина Охрид Кирил Пецаков, близок соработник на Христијан Мицкоски имаат испреплетена шема на роднини, пријатели и блиски челнови на ДПМНЕ низ охридските институции“, соопшти СДСМ.
„Долга е листата на непотизмот на ДПМНЕ и Кирил Пецаков во Охрид.
1.Кумот на градоначалникот Пецаков, Сашо Донев е претседател на општинскиот комитет на ДПМНЕ во Охрид.
-Сестрата на неговата сопруга, Билјана е вработена во општинскиот училишен центар Св Наум Охридски.
2.Александар Китески е близок на Пецаков и ДПМНЕ и моментално е Секретар на Општина Охрид.
-Неговата сопруга, Елена Китеска е вработена во Основното училиште Кочо Рацин во Охрид.
– И сестрата на сопругата на Китески, Кристина е исто така вработена во институција под надлежност на општината, односно во ЈП Охридски комуналец.
-Роднина на Китески, Ристе пак е правен застапник на истото претпријатие ЈП Охридски комуналец и претседател на ГРК Охрид А.Д.
-Додека кумашинката на Китески, Ана Србиновска е вработена во Општина Охрид – кумашинот Андоновски е директор на Јавното претпријатие Билјанини Извори.
3. Директор на јавното претпријатие Охридски комуналец, Сашо Најдовски е исто така пријател на Пецаков.
-Кумашинката Оливера е вработена во истото јавно претпријатие, ЈП Охридски комуналец.
– И баџанакот Душко Шајноски е исто така вработен во ЈП Охридски комуналец и на раководна позиција.
4. Илија Арнаудоски е поранешен претседател на Месниот комитет на ДПМНЕ во Велгошти и вработен во Капетанијата.
-Неговата пруга, Ангела е вработена во општина Охрид под капата на Пецаков.
5.Секретар на Општинскиот комитет на ДПМНЕ е Коста Арнаудов. Неговата сопруга е вработена во Јавното претпријатие Водовод.
6. Раководителот за Урбанизам ја унапреди својата сопруга Катерина во раководител на правна служба во Општина Охрид.
7. Вујкото на Кирил Пецаков, градоначалникот на Охрид, пак е вработен во ЈП Нискоградба, исто така во Охрид.
Глас за ДПМНЕ е глас за враќање назад, кој значи вдомување партиски кадри, роднини и пријатели на избраните функционери на оваа партија“, се наведува во соопштението на СДСМ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Општина Бутел започна изградба на 40 пешачки и пристапни патеки во Скопје Север
Општина Бутел денеска (23 февруари 2026) започна активности за изградба на 40 пешачки и пристапни патеки до станбените згради во населбата Скопје Север.
Градежните работи опфаќаат реконструкција на пристапните влезови до станбените објекти на улиците „Боро Менков“, „Лазо Москов“, „Гоце Стојчевски“ и „Костурска“.
Од општината информираат дека новите пешачки патеки ќе го олеснат движењето на граѓаните и ќе придонесат за спречување на поплавување на влезовите на зградите.
Реализацијата на проектот, како што наведуваат, претставува исполнување на предизборните ветувања на градоначалникот за еднаков и рамномерен развој на сите населени места во општината.
Македонија
Ангелов на работен состанок во Министерството за правда за измени на Законот за здруженија и фондации
На барање на директорот Стојанче Ангелов на Дирекција за заштита и спасување (ДЗС), денеска беше одржан работен состанок во Министерство за правда, посветен на најавените измени на Законот за здруженија и фондации, што директно ги засегаат доброволните противпожарни друштва во Македонија.
На состанокот беа разгледани можните правни импликации од предложените измени, со посебен акцент на правниот статус и функционирањето на доброволните противпожарни друштва (ДПД), нивната улога во системот за заштита и спасување и на потребата од усогласување на законската рамка со реалните теренски потреби и со европските практики.
Притоа, Ангелов, заедно со тим од ДЗС и од претставници на ДПД, ја истакна важноста од заштита, унапредување и институционално препознавање на доброволниот сектор, како клучен партнер во справувањето со кризи, пожари и природни непогоди. Соработката помеѓу институциите и доброволниот сектор е еден од темелите за ефикасен и функционален систем за заштита и спасување во Македонија.
Македонија
Лажни дојави за бомби во училишта во Скопје и Тетово
Во неколку училишта во Скопје и во Тетово денеска биле примени дојави за поставени експлозивни направи, но по извршените проверки било утврдено дека станува збор за лажни пријави.
Од Министерството за внатрешни работи информираат дека веднаш по добивањето на пријавите биле преземени соодветни мерки и активности од страна на полициски службеници.
„Веднаш по добиените пријави преземени се соодветни мерки и активности од страна на полициски службеници и утврдено е дека станува збор за лажни пријави“, соопштија од МВР.
Во Тетово дојавите ги опфатиле средните училишта СОУ „Никола Штејн“, СОУ Гимназија „7 Март“, СОУ Гимназија „Кирил Пејчиновиќ“ и СОУ „8 Септември“.
Кај основните училишта биле опфатени ООУ „Истикбал“, ООУ „Кирил и Методиј“, ООУ „Братство-Мигени“, ООУ „Гоце Делчев“, ООУ „Беса“ и ООУ „Прпарими“.
Надлежните институции продолжуваат со преземање мерки за расчистување на случајот.

