Македонија
Непречен сообраќај по суви коловози
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози, извести АМСМ.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Ахмети му напиша писмо и на Мицкоски: „Секое ново нарушување на меѓуетничките односи би имало последици“
Демократска унија за интеграција (ДУИ) информира дека претседателот на партијата, Али Ахмети, упатил официјално писмо до претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, во врска со одлукиte на Уставниот суд.
Од ДУИ велат дека писмото е одговор на сериозните предизвици со кои се соочува Северна Македонија во еден исклучително чувствителен геополитички момент, кога секоја нова тензија, како што велат, може да има негативни последици врз меѓуетничките односи и внатрешниот развој.
ДУИ апелира до политичките партии и институции за поголема одговорност и зрелост, поттикнувајќи решенија кои ќе ја зајакнат соработката и заедништвото, а не поделбите. Од партијата велат дека писмото на Ахмети, претставува повик за соработка, взаемна почит и конструктивен дијалог.
„Ви се обраќам во исклучително чувствителен период за нашата земја. Геополитичката состојба е поопасна од кога било од крајот на минатиот век, со ескалацијата на руската агресија во Украина, амбициите на Кина, сложената ситуација на Западен Балкан, нестабилноста во Босна и Херцеговина, тензиите меѓу Косово и Србија, како и континуираните блокади од страна на Бугарија. Во оваа комплицирана средина, секое ново нарушување на меѓуетничките односи би имало сериозни последици за внатрешната кохезија и предвидливост“, се вели во писмото.
Се додава дека последните одлуки на Уставниот суд, се извршување на програмата на ВМРО-ДПМНЕ за укинување на клучните механизми за заштита на заедниците.
Ахмети вчера испрати писмо и до претседателот и премиерот на Република Албанија, Бајрам Бегај и Еди Рама, петседателката и премиерот на Република Косово, Вјоса Османи и Албин Курти, претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен, канцеларот на Германија Олаф Шолц, претседателот на Франција Емануел Макрон и Државниот секретар на САД Ентони Блинкен. Во писмата Ахмети им пиша дека Охридскиот договор е загрозен и повика на заедничка акција.
Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Мерките на Владата имаат влијание, после долго време намалени трошоците за живот
„Синдикалната кошничка намалена за 1000 денари, конкретните мерки на Владата даваат решение. Мерките кои ги презема Владата доведоа до намалување на трошоците за храна и пијалоци да се намалат за 1000 денари“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.
„Синдикалната минимална кошница, која ја пресметува Сојузот на синдикати на Македонија, пресмета дека трошоците за храна и пијалоци на едно четири члено семејство се намалени за 1000 денари во октомври споредено со септември оваа година.
Владата со преземање на реални мерки го зачувува и зголемува животниот стандард на граѓаните.
Граѓаните добиваат партнер во Владата. Растат пензиите, платите, се подобрува бизнис климата.
Инфлацијата сега е меѓу 2 и 2.5%, во време на владеење на СДС беше двоцифрена.
Македонија оди напред, а економијата се трансформира кон подобро“, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.
Македонија
ЈО да отвори истрага за незаконското поставување на Христовски на чело на АНБ, бара СДСМ
„Поставувањето на Бојан Христовски за директор на Агенцијата за национална безбедност е незаконско затоа што тој не ги исполнува условите кои токму законите ги предвидуваат“, вели СДСМ.
„Христовски нема меѓународно признаен сертификат за познавање англиски јазик туку се користел со фалсификуван документ што претставува прекршување на Законот и кривично дело кое повлекува одговорност.
Наместо веднаш да го разреши Мицкоски по секоја цена го брани ова незаконско поставување. Владата на Мицкоски и ДПМНЕ покажува дека за неа не постои ниту право ниту правна држава.
Го повикуваме Јавното обвинителство да отвори постапка соодветно на своите надлежности. Повикуваме на транспарентна исграта која точно и непристрасно ќе утврди кој го овозможил ова и кој е одговорен за скандалот.
Христовски не ги исполнува условите и треба да поднесе оставка од функцијата директор на АНБ а потоа да се утврди и одговорност за прекршувањето на законот.
Ова е еден од најсериозните скандали кои го поткопуваат безбедносниот систем во нашата земја и мора целосно да биде расчистен“, соопшти СДСМ.