Македонија
Нестабилно време до крајот на денот, од утре заладување
Времето денеска во поголем дел од земјава, претпладнето беше сончево со мала до умерена облачност. Нестабилно со краткотраен пороен дожд и грмежи беше главно во планинските подрачја. Попладне нестабилноста се прошири на повеќе места и беше поизразена. Локално имаше и појава на невреме со интензивен пороен дожд, грмежи, засилен ветер и појава на град, особено во Тиквешијата, кочанското и во радовишкото подрачје.
Според информациите од УХМР, до крајот на денов и преку ноќта сè уште ќе има нестабилна облачност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер од северен правец. Локално ќе има интензивен пороен дожд и услови за ретка појава на град. Кон крајот на денот ќе започне да дува засилен до силен северозападен ветер, сосбено долж Повардарието. Вредноста на УВ-индексот е 8
Времето утре ќе биде променливо облачно, ветровито и значително посвежо со повремен локален дожд и услови за ретки грмежи, особено претпладне, претежно во западните и јужните делови на земјава.
Ќе дува засилен северен ветер. Вредноста на УВ-индексот ќе биде 6. Утринските температури ќе се движат од 11 до 17, а дневните од 18 до 25 степени.
Во Скопје претпладне ќе има локален пороен дожд и ќе биде доста посвежо. Попладне постепено ќе има стабилизирање на временската состојба. Ќе дува умреен до засилен северен ветер. Температурата ќе се движи од 15 до 23 степени.
Од понеделник до среда ќе има промена на временската состојба, така што времето ќе биде облачно и посвежо со пообилни врнежи од дожд, особено повеќе ќе бидат застапени во западните делови на земјава.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Дел од Центар денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 07:30 до 15:30 часот, дел од корисниците на улицата Новопроектирана 2, дел од локали и згради на булеварот, Партизнаски Одреди бр.15-17 и дел од локали и згради на булеварот Климент Охридски, општина Центар.
Македонија
Делови од Карпош и Бутел денеска без вода
Од ЈП водовод и Канализација известуваат дека поради изведување на водоводен приклучок ф-100 мм на улицата Демир Трајко 51, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од улицата Демир Трајко и Партизанска крак 1,3,5,7,9 и 11, општина Карпош. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.
Од ЈП водовод и Канализација исто така известуваат дека поради дефект на огрлица ф-300 мм на улицата Хо Ши Мин 292, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од истата улица, општина Бутел. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 10:00 часот до завршување со санација на дефектот.
Македонија
Следува период на стабилно и суво време, а дневната температура ќе биде во пораст
Сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 4, а максималната ќе достигне од 12 до 16 степени.
Во Скопје, сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 0, а максималната ќе достигне до 15 степени.
Времето во наредниот период
Под влијание на поле на висок воздушен притисок, следува период на стабилно и суво време, а дневната температура ќе биде во пораст. До средината на следната седмица ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец, а по одредени котлини ќе има појава на магла.

