Македонија
Нестабилно со пороен дожд и грмежи
Времето утре ќе биде променливо облачно околу пладне, а попладне на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. УВ-индексот ќе изнесува 6.
Минималната температура ќе биде од 15 до 21, а максималната дневна температура на воздухот ќе се движи во интервалот од 25 до 33 степени.
Во Скопје променливо облачно, попладне ќе биде нестабилно со локален пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Температурите од 19 до 29 степени.
За време на викендот во поголем дел од земјата времето ќе биде посончево и потопло време, но во северните и западните планински предели не е исклучена изолирана појава на краткотраен дожд и грмежи. Во почетокот на следната недела повторно ќе биде променливо облачно, на повеќе места и нестабилно со пороен дожд и грмежи. Дневната температура ќе се задржи под просекот за овој период од годината, но ќе бележи благ пораст.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Поради одрон во прекин е сообраќајот на регионалниот пат Ресен- Граничен премин Стење
Денеска од 07:55 часот, поради одрон на патот помеѓу селата Царев Двор и Отешево, во прекин е сообраќајот во двата правци на регионалниот пат Ресен – Граничен премин Стење.
„Апелираме до граѓаните да не се упатуваат кон овој пат, а надлежните институции преземаат мерки и активности за чистење на патот и нормализирање на сообраќајот, за што јавноста ќе биде соодветно известена“, велат од МВР.
Македонија
Без струја денеска делови од Чаир и Студеничани
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 08.00 до 16.00 часот, корисниците од улиците број 90, 131 и 191, корисниците од околните згради и продавниците кај 26 Јули, објектите на хотелите Хамбург и Аен, казиното Сенатор и адвокатското друштво Калач. (општина Чаир)
· во периодот од 09.00 до 16.00 часот, корисниците од селата Драчевица, Цветово и Алдинци, вили Китка, Мала Река, Принцес, Караџица и Солунска Глава. (општина Студеничани)
Македонија
Без вода дел од Карпош
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради водоводен приклучок од ф – 80 мм на улицата Ристо Равановски бр. 8, без вода ќе останат корисниците од улицата Ристо Равановски во општина Карпош.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато во периодот од 09.00 часот па се до завршување на работата.

