Македонија
Нè очекува сончево и потопло време

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен северен ветер. Минималните температури ќе се движат од -2 до 5, а максималните од 10 до 17 степени. Во Скопје ќе биде сончево со умерена облачност и со слаб до умерен северен ветер, со температура од 2 до 14 степени.
В четврток и в петок времето ќе биде претежно сончево. В четврток наутро температурата на повеќе места ќе се спушти околу нула. Од сабота попладне до недела ќе има локални врнежи од дожд и ќе дува засилен ветер, кој в сабота ќе биде од јужен, а в недела од западен правец.
Во наредниот период дневните температури ќе бидат во пораст, што ќе предизвика забрзано топење на снежната покривка на планините.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Без струја денеска дел од Аеродром и Карпош

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 08.00 до 14.00 часот, корисниците од дел од село Долно Лисиче, од надвозникот кон селото, општина Аеродром;
– во периодот од 10.00 до 14.00 часот, корисниците од дел од улицата 1770, во населба Бардовци, општина Карпош.
Македонија
Претежно облачно, во текот на денот со повремен локален дожд

Времето денеска ќе биде претежно облачно, по одделни котлини со појава на магла. Во текот на денот ќе има повремен локален дожд, особено во југозападните делови. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец кој долж Повардарието краткотрајно ќе засилува. Минималната температура ќе биде во интервал од 0 до 8, а максималната ќе достигне од 7 до 12 степени.
Во Скопје променливо облачно, претпладне во делови од котлината со појава на магла, а преку денот со услови за краткотраен дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец кој краткотрајно ќе засилува. Минималната температура ќе се спушти до 3, а максималната ќе достигне до 12 степени.
Во петок и за време на викендот врнежите наместа ќе имаат пороен карактер. Во недела и понеделник на планините и на некои повисоки места во северните делови врнежите ќе бидат од повремен снег.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патот Битола – Прилеп

Сообраќајот на регионалниот пат Битола – Прилеп е нормализиран, соопшти АМСМ.
Претходно од таму информираа дека поради случена сообраќајна незгода со жртва, пренасочен е сообраќајот на регионалниот пат Битола – Прилеп кај местото викано „Беровци“ кај бензинската пумпа на „Макпетрол“.