Македонија
„Не си фраер ако загинеш на матура“ – aпел за безбедни матурски прослави, без дивеење со автомобили
„Не си фраер ако загинеш на матура“ – ова е пораката што секоја година Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата (РСБСП) ја упатува до сите матуранти.
Оттаму истакнуваат дека загрижувачки е начинот на кој во последните години се прославуваат матурските вечери: организирани автомобилски трки по улиците и на патиштата, управување со возила без возачка дозвола и под дејство на алкохол, беснеење по улиците и сл. Притоа од РСБСП констатираат дека тоа не е вистинскиот начин да се демонстрира матурата на дело.
„Сообраќајната статистика и искуствата на сообраќајната полиција од минатите години покажуваат дека во деновите кога се организираат матурските прослави се зголемува бројот на сообраќајни незгоди. Повеќето од учесниците во незгодите се млади луѓе – матуранти, кои најчесто во незгодите завршуваат со тешки телесни повреди, а често и го губат својот млад живот“, информираат од РСБСП.
Притоа посочуваат дека одговорноста за ваквата појава првенствено е кај младите, но и кај нивните родители.
„Одговорноста на родителите за однесувањето на нивните деца во вечерните часови додека траат матурските прослави е најголема. Во тие мигови младите често се одлучуваат да седнат зад воланот, а сè уште да немаат возачка дозвола. Си дозволуваат веселиот амбиент и изобилството алкохол да ги извадат на површина вишокот енергија и желбата за докажување, а покачениот адреналин да ги наведе на брзо и агресивно возење. За да се спречи трендот на зголемено девијантно однесување на младите во сообраќајот, родителите треба да преземат воспитни мерки кон своите деца, односно преку разговор и позитивен личен пример да им укажат на децата за последиците од неодговорното учество во сообраќајот“, се наведува во соопштението.
Инаку, податоците на Светската здравствена организација покажуваат дека сообраќајните незгоди претставуваат една од водечките причини за смртност кај младите луѓе. Годишно, во светот, околу 400.000 млади луѓе го губат животот во сообраќајни незгоди. Тоа значи дека секој ден околу 1.100 млади лица го губат животот во сообраќајни несреќи.
Во Република Македонија, според податоците за 2017 година, вкупниот број загинати лица во сообраќајни незгоди е 155, од нив, 36 се на возраст до 24 години, а околу 2.100 лица, исто на возраст до 24 години, настрадале, односно се повредени во сообраќајни незгоди.
„Без автомобил за безбедни и весели матурски прослави! Не дозволувајте моментите за славење да се претворат во трагедија. Почитувајте ги сообраќајните правила и прописи и возете одговорно“, апелираат од Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Аеродром и Шуто Оризари денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ке останат:
· од 09.00 до 11.00 часот корисниците, од булевар Јане Сандански бр. 30. (Општина Аеродром)
· од 09.00 до 11.00 часот дел од корисниците на ул. Индира Ганди. (Општина Шуто Оризари)
Македонија
Намалена видливост поради магла на Плетвар, Ѓавато и Пресека
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по влажни коловози, на некои повисоки места со остатоци од кашест снег на коловозот по интервенција на дежурните екипи на ЈП МакедонијаПат.
Намалена видливост до 100 метри поради магла има на планинскиот превој Плетвар, Ѓавато и Пресека, извести АМСМ.
Од 05:25 часот на патниот правец P1105 Удово-Валандово има излевање на Калковска Река на коловозот, се воведува забрана за сообракајот на тој патен правец и се пренасочува на патниот правец Р1401 село Марвинци-Валандово.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Променливо облачно со повремен слаб дожд и ветер
Времето денеска ќе биде облачно со слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -4 до 2, а максималната ќе достигне од 2 до 9 степени.
Во Скопје, променливо облачно со повремен слаб дожд. Минималната температура ќе се спушти до 2, а максималната ќе достигне до 7 степени.
Времето во наредните денови
Денеска наместа ќе има услови за слаби врнежи од дожд и снег. Потоа во следните два дена времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Нови врнежи од дожд, а на планините снег се очекуваат од четврток.

