Македонија
Не успеаја дури ни своето партиско членство да го доведат на музичките настани, велат од „Глас за Македонија“
„Глас за Македонија“ на Солза Грчева бара итна оставка од Владата и распишување на предвремени избори, бидејќи, како што велат, секој ден поминат на власт, ги чини граѓаните и Република Македонија многу.
„Штетите кои ги прави со своето поданичко однесување, штетите кои ги прави и во секој систем внатре во државата, ќе треба да се санираат со години.
Синоќешниот дебакл на владините, прескапо платени пропагандни настани е јасен показател за расположението на мнозинството на македонскиот народ и на сите граѓани, од нивните политики. Не успеаја да го излажат народот дека треба да слави себе укинување за да добие препораки за препораки. Како во црн тоталитарен режим, народот требаше да воспева во еден глас евентуално приклучување кон воена алијанса. Ова е цивилизациско дно. Но, ова е и еден вид консултативен референдум“ стои во соопштението.
Како што додава таа, фалбите на Заев дека 75% од граѓаните се за прифаќање на срамната спогодба, се сведоа на едвај вкупно 750 луѓе, главно партиска војска.
„Не успеаја дури ни своето партиско членство во поголем број да го доведат на музичките настани. Сега им е веројатно јасно дека бројките за поддршка на евентуалниот референдум со кои манипулираат, ќе бидат поразувачки за нив. Бараме да ја преземат одговорноста за погубното владеење“ порача Грчева.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
МВР потврди: Уапсен Артан Груби
На граничниот премин „Блаце“, припадници на Министерство за внатрешни работи го уапсија поранешниот прв вицепремиер Артан Груби.
„Денеска (23.02.2026) во 06:10 часот на Граничниот премин Блаце, на влез во државата, од слобода е лишен Артан Груби (48), кој беше баран со меѓународна потерница за истрага за сторено кривично дело по чл.354 ст.5 в.в. ст.3 в.в ст.1 в.в со чл.22. од КЗ“, велат од МВР.
Груби се товари за злоупотреба на службената положба во случај поврзан со Државна лотарија. Во предметот осомничен е и Перпарим Бајрами, а истрагата се однесува на наводна проневера од околу осум милиони евра преку набавка на ВЛТ апарати.
Македонија
Без струја денеска делови од Бутел, Карпош и Кисела Вода
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 08.00 до 10.00 часот, корисниците од улицата Марко Крале лоцирани околу објектот бр. 51, општина Бутел;
– во периодот од 08.30 до 10.00 часот, корисниците од улицата Козле лоцирани позади фабриката Реплек, општина Карпош;
– во периодот од 08.35 до 11.00 часот, корисниците од улицата Радишанска, општина Бутел;
– во периодот од 12.00 до 16.00 часот, дел од корисниците од улицата 1439 во населба Пинтија, општина Кисела Вода.
Македонија
Без вода денеска дел од Кисела Вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради изведување водоводен приклучок од ф – 100 мм – во близина на Макпетрол, без вода ќе останат корисниците од улицата Христо Татарчев лоцирани на потегот од улицата Народни Херои до улицата Франк Харкорд-Манинг, општина Кисела Вода.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато во периодот од 09.00 часот па се до завршување на работата

