Македонија
Николовски: На 27 април победи желбата за правичност, слобода и демократија
По повод 3 години од настаните во Собранието на 27 април, генералниот секретар на СДСМ, Љупчо Николовски, изјави дека тој датум е симбол на насилство, бруталност, агонија, страв и неизвесност, како и на погазување на демократијата и уставниот поредок.
„Денеска, и по три години, кај секој од нас, кои бевме во Собранието тој ден, сè уште се свежи сликите на бруталното насилство, на омразата, сликите на крвта што се пролеа во законодавниот дом. Тие слики и снимки засекогаш ќе останат да сведочат за бруталноста, за безмилоста и монструозноста на еден режим, кој цела деценија ја држеше државата во заложништво. Тој ден ниту јас ниту пратениците, а ни новинарите и вработените во Собранието нема никогаш да го заборават. Тоа нема да го заборават ниту граѓаните. Нема да заборавиме на што сè е подготвена ВМРО-ДПМНЕ и колку далеку може да оди само да спречи демократска промена на власт“, рече Николовски.
Како што додаде, ВМРО-ДПМНЕ, предводена од Никола Груевски, креирала сценарио во кое требало да бидат убиени луѓе, да предизвикаат војна и да ја уништат секоја шанса за прогресивна иднина на нашата земја.
Сепак, рече Николовски, победиле желбата за правичност, за слобода и за демократија, а денес од изолирана држава на рабоѕ на граѓанска војна, Северна Македонија е членка на НАТО и почнува преговори со ЕУ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Забрани за камиони на планинските превои Ѓавато, Пресека, Маврово – Дебар и Струга – ГП Ќафасан
Забрани за тешки товарни возила на планинските превои Ѓавато, Пресека, Маврово – Дебар и Струга – ГП Ќафасан, извести АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно влажни коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Делови од Сопиште и Илинден денеска без струја
Од ЕВН Македонија известуваат дека за денеска се планирани два прекини и тоа:
– во периодот од 09.00 до 12.00 часот, корисниците на дел од село Добри Дол. (општина Сопиште)
– во периодот од 09.00 до 15.00 часот, дел од корисниците во село Кадино кон црквата Св.Илија, улица 6. (општина Илинден)
Македонија
Облачно со повремени локални врнежи од снег
Времето денеска ќе биде облачно со повремени локални врнежи од снег. Пообилни врнежи ќе има во западните делови и се очекува висината на снежната покривка на планините и на некои од повисоките места да се зголеми до 25 cm. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -8 до -2, а максималната ќе достигне од 0 до 6 степени.
Во Скопје, претежно облачно со повремени врнежи од снег со послаб интензитет. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до -6, а максималната ќе достигне до 2 степени.
Времето во наредните денови
Следува период на променливо облачно време со пораст на температурите. До сабота ќе се задржи претежно стабилно време, а по одделни котлини ќе има појава на магла. Од сабота кон крајот на денот повторно се очекуваат локални врнежи од дожд, а на планините и на некои повисоки места од снег.

