Македонија
Николовски – Оздемир: Обединети во изнаоѓање нови можности за полесно надминување на кризата со храна
Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, одржа работна мултилаерална средба со сојузниот министер за земјоделство и храна на Германија, Џем Оздемир, во рамките на министерстката конференција Global Alliance for Food Security, која се одржува денеска во Берлин.
На состанокот министрите разговараа за заеднички да се креираат одлуките за сите предизвици, да креираме мерки и политики што ќе му помогнат на земјоделскиот сектор. Министрите разговараа и за продолжување на поддршката и релизацијата на капиталните инвестиции, кои се финансирани од KfW.
Војната во Украина предизвика сериозен удар во економиите на државите, проблеми и криза со храна и големо нарушување на цените. Земјоделството е токму еден од најпогодените сектори преку поскапувањето на основните суровини за производство. Во овие услови на светска криза земјите меѓусебно треба да соработуваат споделувајќи искуства и креирање заеднички политики за полесно справување со последиците од кризата.
Министерот Николовски на средбата го информира грманскиот сојузен министер за земјоделство и храна, Оздемир, за мерките што Владата на Република Северна Македонија ги подготви за поддршка на земјоделците.
„Заедно со земјоделците и стучната јавност, како Министерство, подготвивме национален план за производство на храна чија цел е стабилизирање и зголемување на домашното производство на храна, пред сè, на стратешките култури. Подготвивме и инфервентен фонд за поддршка на земјоделците за што сме прва земја во регионот со ваква мерка, преку што им помагаме на земјоделците во производството при набавка на ѓубриво, но и даваме поддршка за зголемен принос на стратешки култури. Поддршката за секој еден земјоделец што ја даваме во овие услови на криза им дава сигурност и интересот кај нив за мерките од интервентниот фонд е голем“, истакна министерот Николовски.
Министерот Љупчо Николовски на средбата истакна дека очекува од оваа министерска конференција да произлезат многу нови можности за полесно надминување на оваа сериозна светска криза.
Преку иницијативата „Отворен Балкан“ се зајакна соработката меѓу земјите од Западен Балкан, инфомира на средбата министерот Николовски. Првичните трилатерални договори меѓу Северна Македонија, Србија и Албанија го олеснија увозот и извозот на стоки меѓу земјите од Западен Балкан отоврајќи слободен пазар за труд и услуги.
„Постигнат е голем напредок благодарение на нашите заеднички заложби, политички и експертски, ги решаваме успешно отворените прашања креирајќи слободен пазар за полесно движење на стоки и услуги меѓу земјите од Западен Балкан. На овој начин, на долг рок, обезбедуваме сигурна иднина и достоинствен живот на сите граѓани во Западен Балкан. Затоа, иницијативата „Отворен Балкан“ полека ги дава очекуваните цели, тоа го говори и фактот што расте интересот на другите земји од Западен Балкан за приклучување кон оваа иницијатива со Црна Гора и Босна и Херцеговина“, истакна министерот Николовски.
Договорот за соработка во областа на ветеринарството, безбедноста на храната и добиточната храна и фитосанитарноста на Западен Балкан е особено важен за напредокот на иницијативата за отворен Балкан преку зелените коридори на граничните премини, заемното признавање на сертификатите и заемното признавање на фитосанитарните сертификати.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Гаши на работна средба во МАНУ
Претседателот на Собранието, Африм Гаши, одржа работна средба во Македонската академија на науките и уметностите, со претседателот Живко Попов, како и со други претставници на Академијата.
„На средбата се разговараше за значењето на поактивното вклучување на Академијата во стратешките процеси на развој на државата, особено во креирањето политики и во обезбедувањето стручна поддршка при институционалното одлучување“, соопштија од Собранието.
Исто така, Гаши информирал за вчерашната одлука усвоена на седница, со која е овластен, како претседател на Собранието, да склучи поединечен колективен договор со претседателот на синдикалната организација на Академијата.
Тој изразил подготвеност за поддршка на сите иницијативи што ја зајакнуваат улогата на науката и уметноста во развојот на државата.
Македонија
Сиљановска -Давкова: Мајчиниот јазик е чувар на семејната и национална традиција
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова се обрати на одбележувањето на Меѓународниот ден на мајчиниот јазик, што традиционално го организира Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“.
Во своето обраќање, претседателката нагласи дека мајчиниот јазик не е само инструмент за комуникација, туку и чувар на семејната и национална традиција, на духовното богатство и култура на еден народ. Таа посочи дека образованието на мајчин јазик има клучна улога во интелектуалниот и емоционалниот развој на поединецот, а почитувањето на јазичната разновидност значи почитување на културната различност.
Говорејќи дека јазикот е темел на идентитетот, чувар на колективната меморија во којашто се запишани искуствата на минатите генерации и стремежите на оние кои доаѓаат по нас, Сиљановска-Давкова истакна дека овој ден не е само повод за одбележување на важниoт јубилеј, туку и потсетник за одговорноста што ја носиме кон јазикот како културно наследство и моќно мировно оружје.
Таа потсети на заедничката обврска да го развиваме и унапредуваме македонскиот јазик не само во образованието и науката, туку и во културата, политиката, медиумите и економијата, создавајќи услови за негов развој во чекор со современиот дигитален свет.
Според неа, Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“ имаше и има особено важна улога во промоцијата и заштитата на стандардниот македонски јазик.
За претседателката јазичната разноликост, како карактеристика на нашата држава, е вредно јазично богатство. Почитувањето и негувањето на јазиците, според неа, ја јакнее културата на дијалог и толеранција и помага во градењето општество во кое различноста се доживува како сила што обединува.
Свечениот настан посветен на мајчиниот јазик, обедини претставници на академската заедница, државните институции и собра на едно место академици, професори и ученици, политичари, љубители на јазикот.
Посебна тежина и убавина на настанот му дадоа учениците од средните и основните училишта, кои рецитираа стихови од познати поети на своите мајчини јазици.
Македонија
Уапсени седум возачи поради возење без возачка дозвола, со активна забрана и под дејство на алкохол
Во текот на вчерашниот ден, полициски службеници на целата територија на државата лишија од слобода осум возачи, од кои тројца за возење без возачка дозвола, двајца за управување возило под дејство на алкохол и тројца со забрана за управување возило од Б категорија.
По еден возач во Скопје и Битола управувале возило без возачка дозвола, од кои возачот во Скопје е малолетник. По еден возач во Куманово, Велес и Неготино за управување возило иако имале мерка забрана за управување моторно возило од Б категорија. Додека, по еден возач во Македонска Каменица и Струга управувале возило под дејство на алкохол. Лицата се приведени во полициска станица, а по целосно документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.
МВР апелира до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да не управуваат возило без положен возачки испит или доколку имаат изречена мерка за забрана за управување или доколку се под дејство на алкохол и сите заеднички да придонесеме за побезбеден сообраќај.

