Македонија
Николовски ќе бара мотивациско писмо од директорите за да спречи корупција

Вицепремиерот Љупчо Николовски бара од граѓаните да не очекуваат чудо за брзо време бидејќи проблемот со корупцијата во Македонија постои со децении во минатото, но сепак од некаде мора да се почне.
„Ќе се почне од некаде. За првите директори, за сите ќе има огласи, конкурси, ќе имаме јавни повици за различни типови функционери, за членувања во надзорни и управни одбори“, рече Николовски.
Тој вели дека сите ќе мора да се научат да поднесуваат мотивациско писмо.
„Ќе треба првенствено да поднесат биографија, мотивациско писмо и план за работа и тоа е огромна промена, којашто досега можеби и за најголем дел од нив не е ни законска обврска. Зборам за вредности и нови стандарди кои имаме волја да ги воспоставиме“, рече Николовски.
Според Николовски, тоа е можност за луѓе со капацитет да се вградат во институциите во овие четири години, кои тој ги нарече неповторливи, во кои општеството треба да се трансформира.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Поради сообраќајка, во прекин сообраќајот на патот Маврово – Дебар во двата правци

Поради сообраќајна незгода од 17:50 часот на патниот правец Маврово – Дебар и обратно, кај Ростушки мост, сообраќајот е во целосен прекин, соопшти АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива по суви коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Се трага по 16-годишно девојче во реката Вардар, соопшти ЦУК

Денеска, во 16:42 часот, на бројот за итни повици била примена пријава за две потонати женски лица, на возраст од 16 и 26 години, во реката Вардар, во близина на селото Уланци, Општина Градско, соопшти ЦУК.
Пријавата била поднесена од лице присутно на местото на настанот, односно сестра на 16-годишното девојче, која, како што информираат од управата во видно вознемирена состојба, побарала итна помош.
Набргу потоа, се јавил и доктор од ИМП Велес, кој ја потврдил информацијата и побарал ангажирање на тимови за потрага и спасување на вода.
„По приемот на пријавата, Центарот за управување со кризи веднаш ги извести надлежните институции – СИКС при МВР, Оперативниот центар на Генералштабот и Дирекцијата за заштита и спасување – со барање за итно ангажирање на тимови за потрага и спасување на вода.
Според последните информации од терен, на локацијата е присутна екипа на МВР со чамец, а 26-годишната жена е пронајдена жива.
Потрагата по 16-годишното девојче продолжува“, соопшти ЦУК.
Македонија
Кадровско зајакнување во ГОБ „8 Септември“, се реконструира хируршкиот дел и кровната конструкција на болницата, соопшти Алиу

Министерот за здравство, Азир Алиу во рамки на денешната работна средба со директорот на ГОБ „8 Септември“, Синиша Стојаноски ја реафирмираа заложбата за континуирано унапредување на третманот на пациентите и условите за работа на здравствениот персонал.
При посетата, Стојаноски го информираше министерот дека веќе се почнати градежни активности за реконструкција на хируршкиот дел и кровот на болницата.
-Денес на лице место, заедно со директорот направивме обиколка на болницата. Оваа установа претставува столб на секундарното здравство и е стратешки важна. Веќе се отпочнати градежни активности за реконструкција на хируршкиот дел со вкупна површина од 2000 метри квадратни, со седум операциони сали, боксови за интензивна нега, придружни простории, а со реконструкција е опфатена и кровната конструкција на оваа установа. Со ова значително ќе се подигне нивото на здравствени услуги кои ги обезбедуваме за нашите граѓани, посочи министерот во рамки на посетата.
Истовремено, како што соопштуваат од министерството, болницата кадровски се зајакнува со девет приватни специјализанти, за чие вработување течат законските процедури.