Македонија
Николов: Меџити да одговори колку „Онкологии” има во комплексот клиники Мајка Тереза
Министерот за здравство, Фатмир Меџити очигледно не го интересира работењето на јавните здравствени установи, рече Игор Николов, претседател на Комисија за здравство на ВМРО-ДПМНЕ
„И додека тие се распаѓаат во секоја смисла, за него поважни се турнеите низ светот, како што му е важно да си игра министер за надворешни работи. Празните флоскули во неговите соопштенија за таквите патувања низ светот јасно покажуваат дека Меџити не го интересира функционирањето на здравствениот систем. Уште помалку е заинтерсиран за бенефитот на здравствените работници и функционирањето на здравствениот систем.
Доколку Меџити заврши со патувањата низ светот за почеток го охрабруваме да ја информира јавноста за работата на неколку клиники со оглед на тоа дека до нас како Комисија за здравство пристигнуваат информации од вработени за низа нерегуларности.
Меџити во духот на транспарентноста со која што им се полни устите, а во пракса гледаме нула отчетност треба да даде одговор или јавно да ги објавени извештаите од надзорите за почеток од работата на следните институции: Институтот за трансфузиона медицина, Универзитетските клиники трауматологија, ортопедија, анестезија, реанимација и интензивно лекување и Ургентен центар познато како ТОАРИЛУЦ, Клиниката за кардиологија, Клиниката за хематологија и Клиниката за ревматологија.
Меџити треба да даде отчет и одговори на следните прашања:
Прво, кога и колку надзори во овие пет установи извршиле и контролирале надлежните институции. Или кога и колку контроли направило Министеството за здравство, Фондот за здравствено осигурување, Државниот завод за ревизија и Државниот санитарен и здравствен инспекторат?
Второ, доколку имало контроли на работата што е констатирано од надлежните институции и да се објават забелешките?
Трето, дали и што преземало Министерството за здравство и другите надлежни институции за да ги отколанат аномалиите кои што се случуваат во овие организации?
Меџити треба да одговори колку „Онкологии” има во комплексот Клинички центар Мајка Тереза, а не да дозволува да се заташкуваат работите како што е во случајот со Клиниката за онкологија. Укажуваме до надлежните институции меѓу кои и Државниот завод за ревизија за потребата од контрола на работатата на сите здравствени институции, а за почеток на гореспоменатите институции.
Го потсетуваме Меџити дека согласно Законот за здравствена заштита основна дејност на Министерството за здравство е надзор на работата на јавните здравствени установи, а не прошетки по светот! Истовремено потсетуваме дека состојбата со медицинскиот кадар е алармантна, а додека Меџити ја префрлува вината на други институции кога станува збор за вработување на суштински медицински кадар, истиот тој без никаков проблем објавува огласи за вработувањ на административен кадар.
Штетите од ваквите политики за здравствениот систем се нанесуваат и тие ќе бидат на долг рок. Време е оваа влада да заврши со своето владеење“, заклучи тој на денешната прес конференција.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Угинат балкански рис најден на патот Ресен – Охрид, постојат само 50-тина единки од овој вид
Угинат рис денеска е пронајден на патот Ресен – Охрид. Од Македонското еколошко друштво (МЕД) велат дека ваквиот случај не треба да нè остави рамнодушни, особено ако се земе предвид дека постојат уште само 50-ина единки на балканскиот рис.
„По дојава од Здружението на ловци „Преспа-Ресен“, денеска на терен констатиравме дека е угинат рис на патот Ресен-Охрид. Во тек е координирана акција со Министерството за животна средина и просторно планирање, Државниот инспекторат за животна средина, Агенцијата за храна и ветеринарство и Македонското еколошко друштво со цел земање примероци за анализа и транспортирање на угинатото животно на Факултетот за ветеринарна медицина при УКИМ – Скопје заради обдукција“, велат од МЕД.
Од таму велат дека за зачувување на загрозените видови потребно е да се изградат зелени мостови.
„Ваквите случаи не нè оставаат рамнодушни, особено ако се земе предвид дека постојат уште само 50-на единки на балканскиот рис. Истовремено, се јасен показател дека ако сакаме да ги зачуваме загрозените видови, мора да се планираат и градат зелени мостови преку кои животните ќе можат безбедно да се движат и да ги надминуваат пречките создадени од човекот“, велат од МЕД.
фото/Facebook/Македонско еколошко друштво
Македонија
Ѓорѓиевски на ифтарска вечера: Ваквите моменти нè потсетуваат дека различностите се наше богатство
Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, на покана на поглаварот на Исламската верска заедница, присуствуваше на ифтарска вечера.

„Таму каде што почитта нè обединува! Вечерва, на покана на поглаварот на Исламската верска заедница, Реис ул-Улема, присуствував на традиционалната ифтарска вечера со нашите браќа и сестри од исламска вероисповед. Во духот на меѓусебната почит, разбирање и искрена човечка блискост, вечерта помина во пријатна и топла атмосфера, испраќајќи силна порака за соживот, толеранција и заедништво. Токму ваквите моменти нè потсетуваат дека различностите се наше богатство, а почитта, наш заеднички темел“, напиша Ѓорѓиевски.

Додаде дека рамазанските денови се денови на духовна сила, добрина, солидарност и обединување, денови кога се отвораат срцата, кога се помага на ближниот и кога уште повеќе се зацврстуваат врските меѓу луѓето.
„Да продолжиме да се почитуваме, да се поддржуваме и да останеме сплотени, за заедно да ја оствариме нашата мисија – силно и модерно Скопје и просперитетна Македонија“, напиша градоначалникот.
Македонија
Предлогот за минимална плата од 600 евра не помина на Комисија во Собрание
Предлогот минималната плата да се зголеми на 36.960 денари (600 евра) од март, денеска не помина на седницата на собраниската Комисија за економски прашања, труд и енергетска политика, откако официјално беше поднесен од пратеничката група на СДСМ.
Од опозицијата обвинија дека власта освен предлогот за јавна расправа го одбила и разговорот меѓу синдикатите, работодавачите и Владата.
„Предлогот за изменување и дополнување на Законот за минималната плата, поднесен од пратениците на СДСМ денеска не беше прифатен на собраниската Комисија за економски прашања. За законот дебатираа само пратениците од опозицијата. Власта го одби и предлогот за јавна расправа, одби разговор меѓу синдикатите, работодавачите и Владата. Одбија решение за работниците. Одбија 600 евра минимална плата“, велат од СДСМ.
Според нив, власта има пари за луксузирање, за мебел, чанти, авион ама нема за поголеми плати за раотниците.
„Парите за авионот не е исфрлени, нема реабаланс на Буџетот, затоа што немаат намера да се откажат. Гледаме координирана кампања на 40% од медиумите кои ги држат во сопственост преку Орбан, со наратив дека „потребен е авион“. Не запираат. Има за авион. Има за мебел. Нема за плати. Дефокус не го полни фрижидерот. Со дефокус не можете да ја оттурнете главната тема и да ги оставите работниците без леб. Мислите дека со дефокус ќе се избрише сеќавањето на авионот, часовниците од 65.000 евра, чантите од 30.000 долари?“, прашуваат од СДСМ.

