Македонија
Николоски: Големите европски центри сметаат дека Македонија не е спремна да ги почне преговорите со ЕУ не поради Бугарија, туку поради високото ниво на криминал и корупција во власта
Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски при денешната посета на Општина Кавадарци одговарајќи на новинарско прашање запрашан за тоа дека има почеток за преговори за Украина со Европската Унија, каде е Македонија на тој пат? Николоски истакна дека тоа што се случи изминатата недела е најдобар доказ на тоа што ВМРО-ДПМНЕ а и тој лично го зборувале од 2018-та година веќе пет и пол години дека основната причина зошто Македонија не ги почнува преговорите е високото ниво на криминал и корупција во врвот на власта.
„Она што се случи изминатава недела е најдобар доказ на тоа што ние а и јас лично го зборуваме од 2018-та година па навака еве пет и пол години, а тоа е дека основната причина зошто Македонија не ги почнува преговорите е високото ниво на криминал и корупција во врвот на власта. Зошто го велам ова? Затоа што доколку не беше така проблемот со Бугарија големите европски сили ќе го решеа за едно претпладне или попладне можеби и толку немаше да им треба, можеби и за час – два ќе го решеа. Ќе отидеше еден висок европски претставник во Софија ќе се сретнеше таму со кого треба да се сретне и проблемот немаше да постои“, кажа Николоски.
Николоски продолжи и додаде дека Бугарија е само добар изговор за 4-5 големи земји членки на Европската Унија.
„Имајќи предвид дека не го прават тоа очигледно е дека Бугарија е само добар изговор за 4-5 големи земји членки на Европската Унија, тука не мислам на Германија. Кои мислат дека Македонија не е спремна да почне преговори пред се заради високото ниво на корупција и немањето на функционален систем на владеење на правото. Да не беше така немаше Македонија да чека волку долго и само да ја потсетам јавноста дека во 2018-та и 2019-та година немаше бугарско вето, тоа дојде дури во март 2020-та година, но Македонија не почна преговори ни 2018-та, ни 2019-та година, а од март 2020-та година, па до денес големите европски центри не прават ништо да ја натераат Бугарија да го повлече ветото, а всушност најдобар доказ за тоа е ова што се случи со Украина. Еве од СДСМ велат дека Олаф Шолц германскиот канцелар им е голем пријател, нели се од исто политичко семејство, социјалистите од социјалдемократите па се прашувам зошто тие големи пријатели кои ги имаат со кои нели се фалат и се китат со туѓи перија, не го замолија бугарскиот премиер да излезе на едно кафе на 15 минути да се изгласа одлуката Македонија да почне преговори со Европската Унија и на тој начин да се реши проблемот“, истакна Николоски.
Николоски е дециден дека самото тоа што европските лидери не го прават тоа и самото тоа што „големиот пријател“ на социјалдемократите Олаф Шолц не го замоли бугарскиот премиер да излезе на едно кафе како што го замоли унгарскиот премиер, покажува дека големите европски центри сметаат дека Македонија не е спремна.
„Украина имаше проблем со Австрија и Унгарија и делумно со Словачка кои се далеку далеку помоќни од Бугарија и никој не може да ме убеди дека доколку европските центри сметаат дека Македонија е спремна, тогаш Македонија нема да почне преговори и очигледно Бугарија се користи како добар изговор, но тоа е причина плус за промени во државата затоа што мора прво да се избориме со криминалот и корупцијата, ако сакаме да не гледаат сериозно и да можеме да чекориме напред“, потенцираше Николоски.
Николоски истакна дека доколку Македонија се избори со криминалот и корупцијата, тогаш првите резултати можат да се видат за 6 до 9 месеци и тогаш комплетно ќе се промени односот кон Бугарија и нема да го има овој проблем во оваа форма во која го има сега.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Филипче: Единствениот булинг на македонскиот народ му го прават ВМРО-ОКГ и Мицкоски
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, реагираше на изјавите на премиерот Христијан Мицкоски.
„Наместо да ги спроведе реформите што Европа ги бара две години, Мицкоски нуди само изолација и анти-ЕУ кампања. Преку 70% од граѓаните сакаат ЕУ – а тој зборува за „булинг“ и „прва и втора лига“. Тоа не е булинг, тоа е последица од неисполнување на обврските: правда, слобода на медиуми, борба против корупција. ВМРО секојдневно создава конфликти со соседите а на критиките од Брисел одговара со напади врз ЕУ. Затоа нема напредок, затоа 5 тони дрога излегуваат преку македонската граница неказнето, затоа судството и обвинителството се под контрола, а медиумите се задушени преку моделот на Орбан. Европа ни даде јасна шанса до 2027, заедно со регионот! Црна Гора и Албанија напредуваат. Ние? Само ако престанеме со оваа политика на изолација што намерно ја турка Мицкоски. Мицкоски ВМРО не сакаат ЕУ – сакаат да крадат на тендери без надзор. Тоа не е европска вредност. Тоа е криминална вредност. Единствениот булинг на македонскиот народ му го прават ВМРО-ОКГ и Мицкоски“ стои во реацијата на претседателот Филипче.
Македонија
(Видео) Не гледам потреба за одржување на предвремени парламентарни избори, вели премиерот Мицкоски
Премиерот Христијан Мицкоски не гледа потреба за одржување на предвремени парламентарни избори. Тој нагласи дека во разговорите со меѓународната заедница и со граѓаните како главен приоритет се посочуваат реформите и нивната реализација.
„Тоа е она што е главен фокус и приоритет на оваа Влада. Реформи и испорака. Се разбира дека ВМРО-ДПМНЕ како најголема политичка партија во државата мора да се однесува одговорно кон граѓаните, иако после локалните избори и оној апсолутен триумф, политички гледано нас ни одговара да има предвремени парламентарни избори, но и покрај сето тоа нашиот приоритет и фокус е испорака и реформи за подобар живот и стандард на граѓаните“, истакна Мицкоски.
Македонија
(Видео) Манасиевски: Партиските притисоци предводени од СДС и ДУИ разрешувале судии за еден ден, морало се да оди по насока на Заев
Партиските притисоци предводени од СДС и ДУИ разрешувале судии за еден ден, кажа денеска на прес-конференција, Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ.
„Ристо Катевеновски, поранешен судија на Врховниот суд тврди дека бил разрешен поради тоа што не дал позитивно мислење за судски случај по барање на тогашните власти СДС и ДУИ. На судско рочиште судијата Катевеновски истакнал дека нема да даде позитивно мислење во случајот поврзан со поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкуловска, и дека ќе биде потребно да се разговара со неговите колеги за понатамошно дејствие. Но, по само еден ден од оваа дадена изјава на Катевеновски, кој вели дека била дадена зад затворени врати, Судскиот совет свикал итна седница на која тој бил разрешен. Сведоштвото на Катевеновски води кон тогашните власти, а како што вели тој – неговото разрешување дошло од СДС и ДУИ, или во превод од Зоран Заев и Али Ахмети“, рече Манасиевски.
Тој истакна дека „правдата и вистината која Заев ја ветуваше кога дојде на власт се покажа како селективна“.
„Но, она што е клучно е тоа дека повторно добиваме сведоштва за притисокот на СДС и ДУИ, кон правосудните органи. Она кое ние го говориме во јавноста со години, сега веќе и се потврдува. Тие биле оние кои одлучувале кој ќе се апси, а кој ќе се апстрахира од одреден случај. СДС и ДУИ си ја партизираа државата и нејзините институции. ВМРО-ДПМНЕ тоа повеќе нема да го дозволи повеќе. Потребна е одговорност!“, заклучи Манасиевски.

