Македонија
Николоски: Да одиме на избори и народот да каже што мисли

При денешната посета на општина Битола потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски, одговарајќи на новинарско прашање во однос на вчерашната изјава на Димитар Ковачевски дека победиле на локалните вонредни избори, истакна дека неопходно е што побргу да се оди на предвремени парламентарни избори и да се види расположението на народот, кој со нетрпение очекува парламентарни избори да го изрази своето расположение.
„Мислам дека доволно долго го коментиравме, еве да одиме на предвремени парламентарни избори да видиме кое е расположението на народот, ние буквално секој ден бараме предвремени парламентарни избори, народот тоа го очекува со нетрпение да ги направиме предвремените парламентарни избори и да видиме какво е расположението, мислам дека од оваа омилена агенција за мерење рејтинзи исто така им кажуваат какво е расположението затоа што ретко шетаат меѓу народот, па не може да слушнат и затоа бегаат од предвремени парламентарни избори, решението е да одиме на избори и да каже народот што мисли“, истакна Николоски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
„Корупцијата во Министерството за животна средина се продлабочува, каква е улогата на шефот на кабинетот на Меџити“, прашува ДУИ

„ДУИ повторно го осудува тешкиот корупциски скандал во Министерството за животна средина, каде што по контролата на Државниот управен инспекторат е потврдено злоупотребата на службената должност од страна на министерот Изет Меџити и неговиот кабинет“, велат од ДУИ.
„Но, прашањето што останува без одговор е: Каква е улогата на шефот на кабинетот на Меџити во овој скандал?
Доверливи извори од Министерството за животна средина потврдуваат дека шефот на кабинетот на Меџити бил клучна фигура во шемата на уцени и мито, вршејќи притисок врз компании и граѓани за секоја административна услуга.
Од лиценци и еколошки дозволи до обични бирократски постапки, ништо не поминувало без негово одобрение и без коруптивните шеми водени од кабинетот на Меџити.
Истите овие луѓе биле вклучени во слични корупциски шеми и во Општина Чаир, претворајќи ја во урбанистички кошмар за граѓаните.
ДУИ бара истражните органи да ги прошират истрагите не само против Меџити, туку и против клучните личности во неговиот кабинет, вклучително и шефот на неговиот кабинет, кој со месеци води добро организиран систем на уцени и корупција во Министерството за животна средина.
Оваа Влада секојдневно тоне во скандали, докажувајќи ја својата неспособност и отворена корупција.
ДУИ ќе продолжи да ги разобличува сите случаи на злоупотреба на власта и да бара одговорност од сите што ја изневеруваат довербата на граѓаните“, соопшти ДУИ.
Македонија
Ја удирал по главата и телото со боксови и тупаници, па ја силувал: предложен притвор за 37-годишен скопјанец

Поради основано сомнение за сторено кривично дело – Полов напад и силување од член 186 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик, Основното јавно обвинителство Скопје поведе истражна постапка против 37-годишен скопјанец.
Осомничениот, на 21 февруари, насилно извршил обљуба врз жена во автомобилот сопственост на неговиот татко, принудувајќи ја на сексуален однос против нејзина волја и согласност. Жртвата за цело време се спротивставувала на неговите допири, но тој ја удирал по главата и телото со боксови и тупаници, како и со нога по лицето, по што таа започнала силно да крвари. На крај, насилно ја принудил и на сексуален однос, иако жртвата неуспешно се обидувала да се оттргне и да избега.
Со оглед на тоа што во конкретниот случај постојат околности кои укажуваат на опасност од бегство и можност осомничениот да го повтори делото, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор.
Македонија
„Мицкоски ги потврди списоците за вработување на Меџити, ДКСК итно да реагира“, бара СДСМ

„Изјавата на премиерот Христијан Мицкоски дека секој можел да прави списоци за вработување е јасна потврда дека списоци за робусно вдомување на 3.000 партиски војници постојат“, велат од СДСМ.
„Се потврдуваат намерите со скандалозната најава на Меџити за историски најголема партизацијата на јавната администрација.
Очигледно има веќе подготвени списоци со имиња на „подобните“ партиски кадри, кои треба да се вдомат во јавниот сектор. Прашањето е смее ли Мицкоски да побара одговорност од Меџити? Или дилот им е заеднички, пред локалните избори да има робусно полнење на администрацијата со партиски послушници?
Овој огромен, робусен скандал со најголема партизација на институциите мора да биде целосно расчистен.
ДКСК мора веднаш да отвори предмет по оваа изјава на Меџити. Сите моментални вработувања во администрацијата да бидат стопирани и да се обезбеди целосна истрага за овој скандал“, бара СДСМ.