Македонија
Николоски: Од јануари нов пакет од 250 милиони евра владина поддршка, општините да подготвуваат нови проекти
Од почетокт на следната година општините да започнат да подготвуваат проекти за инфраструктура што ќе се финансираат од новиот пакет од 250 милиони евра, поддршка за општините, порача вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски.
Тој истакна дека од владината поддршка од 100 милиони евра, голем дел од општините веќе распишале тендери за поднесените проекти и се очекува истите уште од следниот месец да започнат да се реализираат.
„Најголем дел од општниите кои што добија средства од Владата и тоа најголем дел преку Министерството за транспорт веќе ги распишаа јавните набавки и тие се активни во овој момент. Очекуваме на почетокот на декември да имаат избрано изведувачи и доколку не послужи времето да почнат и во декември да работат.
Гледате дека воведуваме иновативни методи за работа, на пример на автопатот Охрид – Кичево ќе се работи цела зима преку таканаречено зимско асфалтирање. Така што со слични иновативни методи очекувам и општините во текот на зимата да работат и да се гледаат брзо резултатите, а веќе од јануари да се подготват за еден голем пакет од 250 милиони евра за проекти“, истакна вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Следува променливо облачно време со повремени врнежи од дожд и снег
Времето утре ќе биде променливо облачно со врнежи од дожд, кои локално ќе бидат пообилни (над 25 l/m²), особено попладне и во текот на ноќта. На планините врнежите ќе бидат од снег. Ќе дува засилен ветер од јужен правец (над 60 km/h).
Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 12, а максималната ќе достигне од 10 до 17 степени.
Во Скопје, променливо облачно со повремен дожд, особено кон крајот на денот и во текот на ноќта. Ќе дува умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 8, а максималната ќе достигне до 14 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на циклонска активност во следните денови времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, а на планините од снег. Поради продор на постуден воздух и засилен северен ветер во четврток врнежите ќе преминуваат во снег на повисоките и во некои од пониските места.
На планините во западните делови ќе се формира нова снежна покривка, а помала покривка се очекува и во пониските места. Во петок ќе има преодно стабилизирање на времето, а во деновите од викендот, особено во сабота повторно ќе има локални врнежи од дожд и снег, кои наместа ќе бидат пообилни. Температурите ќе бидат во опаѓање.
Македонија
(Видео) Николоски: 40 километри од автопатот Охрид – Кичево се веќе во функција
Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски на својот фејсбук профил објави ноќно видео од автопатот Охрид-Кичево, каде истакнува дека 40 километри од автопатот се ставени во функција.
„Погледнете го ова прекрасно ноќно видео од делот од автопатот Охрид – Кичево. 40 километри се веќе во функција. Се надевам голем број македонски граѓани ќе возат по овој автопат на пат кон Балканскиот Ерусалим – Охрид за овој Божиќ. Честитки на сите вредни работници кои се посветија на неговата изградба! За многу години Божиќ и Бадник!“ порача вицепремиерот Николоски.
Македонија
(Фото) Мицкоски: Бадник не е само ден, туку порака дека заедништвото, љубовта и солидарноста нe прават посилни
„Во пресрет на Бадник, денеска поделивме пакети помош во Карпош, Гази Баба, Чаир, Аеродром, Ѓорче Петров, Кисела Вода, Бутел и Центар со желба секое семејство да ја почувствува топлината на празникот на својата трпеза“, извести премиерот Христијан Мицкоски преку социјалните мрежи.
„Бадник не е само ден, туку порака дека заедништвото, љубовта и солидарноста нe прават посилни“, додаде Мицкоски.

