Македонија
Николоски: Преку 9 милиони евра поддршка од Владата за Гостивар за реконструкција и изградба за улици
Од Владата имаме директна подршка за општина Гостивар од некаде 540 милиони денари или над 9 милиони евра за улици во општината во рамки на двата повици, истакна потпретседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски денеска од Гостивар.
Тој заедно со министерот за здравство Азир Алиу извршија увид во инфраструктурни проекти што се реализираат со подршка на Владата.
“Драго ми е што проектот за подршка на локaлната самоуправа се одвива одлично и драго ми е што можам да кажам дека имаме сериозна подршка за општина Гостивар. Имено во првиот повик кој се реализираше минатaта година, вкупната подршка е 160 милиони денари за транспорт, дел од таа подршка е и оваа улица Мара Угринова која дел е завршена, дел се работи. Исто така во вториот повик имаме 39 улици или подршка од 380 милиони денари или заедно имаме подршка од некаде 540 милиони денари или над 9 милиони евра, директна подршка за општина Гостивар. Дополнително сакам да најавам дека по завршување на локaлните избори и извесната победа на кандидатот од ВЛЕН- нашиот коалиционен партнер, за општина Гостивар ќе има специјална програма која ќе оди преку Министерството за транспорт за реализација на проекти кои се подготвени веднаш да ги реализираме”-изјави вицепремиерот Николоски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Поради одрон во прекин е сообраќајот на регионалниот пат Ресен- Граничен премин Стење
Денеска од 07:55 часот, поради одрон на патот помеѓу селата Царев Двор и Отешево, во прекин е сообраќајот во двата правци на регионалниот пат Ресен – Граничен премин Стење.
„Апелираме до граѓаните да не се упатуваат кон овој пат, а надлежните институции преземаат мерки и активности за чистење на патот и нормализирање на сообраќајот, за што јавноста ќе биде соодветно известена“, велат од МВР.
Македонија
Без струја денеска делови од Чаир и Студеничани
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 08.00 до 16.00 часот, корисниците од улиците број 90, 131 и 191, корисниците од околните згради и продавниците кај 26 Јули, објектите на хотелите Хамбург и Аен, казиното Сенатор и адвокатското друштво Калач. (општина Чаир)
· во периодот од 09.00 до 16.00 часот, корисниците од селата Драчевица, Цветово и Алдинци, вили Китка, Мала Река, Принцес, Караџица и Солунска Глава. (општина Студеничани)
Македонија
Без вода дел од Карпош
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради водоводен приклучок од ф – 80 мм на улицата Ристо Равановски бр. 8, без вода ќе останат корисниците од улицата Ристо Равановски во општина Карпош.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато во периодот од 09.00 часот па се до завршување на работата.

