Македонија
Нова автобуска линија за туристичката сезона во Скопје

Официјалниот старт на новата туристичка сезона Скопје 2018 беше означен со промоција на туристичка автобуска рута, а на настанот присуствуваше градоначалникот Шилегов.
Како што информираат од Град Скопје, новата рута се реализира во рамки на „Сити тур бас“ (CITY TOUR BUS) преку „ЈСП Турс“ и истата има за цел да ги презентира сите културни и туристички знаменитости на Скопје, со акцент на богатството на културни и религиозни разлики, мултиетничноста, Старата скопска чаршија со сите свои специфики од занаети до кулинарство, архитектурата на Кензо Танге поврзана со земјотресот и Скопје како град на солидарноста.
„Го враќаме стариот сјај на Скопје истовремено збогатувајќи ја туристичката понуда на градот со модерни содржини кои реално ќе привлечат нови туристи. Нашата цел е новите туристи по посетата на Скопје во своите краеви да понесат пријатни искуства достојни за угледот на нашиот град, по примерот на другите европски и светски метрополи. Придобивките на новата туристичка сезона за оваа година опфаќаат и промоција на парк-шумата Водно и Матка како екооази на градот, Жичницата на Водно, како и промоција на настаните што ни претстојат од типот на Виз ер скопскиот маратон кој ќе се одржи 6 мај, трката на Водно „Прв до врв“ која ќе се одржи на 20 мај, Скопското лето, како и ред други настани кои Скопје го прават бренд со кој сите се гордееме“, кажа Шилегов.
Градоначалникот Шилегов додаде дека Градот Скопје ќе ги продолжи своите активности за развој на туризмот во Скопје и подобрување на условите за сите негови посетители.
„Напорно работиме на унапредувањето на туризмот во градот и ве уверувам дека со малку креативност ќе станеме пристојна туристичка дестинација. Скопје има голем неискористен потенцијал за развој на туризмот кој мора да се искористи и ќе се искористи на вистински начин на кој сите придобивки најмногу ќе ги почувствуваат граѓаните на Скопје“, рече Шилегов.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
За една недела „пајакот“ кренал 74 возила во Центар

ЈП Паркинзи на Општина Центар во соработка со Сообраќајната полиција-Скопје во периодот од 28.07. до 02.08.2025 година, со помош на специјалните возила „Пајак“ отстранија 74 непрописно паркирани возила кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот.
ЈП ПОЦ и Општина Центар континуирано ќе ја спроведуваат оваа мерка и апелираат до граѓаните да ги почитуваат правилата и прописите и да ги оставаат своите возила само на пропишаните места за да им се овозможи на пешаците и велосипедистите нормално движење по тротоарите и велосипедските патеки, а на возилата безбедно движење по улиците.
Македонија
Бизнисменот Душко Чифлиганец загина во несреќа со мотор

Младиот бизнисмен Душко Чифлиганец загина на 32-годишна возраст во несреќа со мотор во Брно, Чешка.
Тој е син на познатиот стопанственик и универзитетски професор Ванчо Чифлиганец и беше заменик-претседател на „Адора бизнис-групацијата“.
Чифлиганец беше љубител на спортскиот мотоциклизам.
Македонија
Активни четири пожари во Македонија

До 07:00 часот утрово регистрирани се 23 пожари во Македонија, од кои четири се активни, два се под контрола, а 17 се изгаснати, информира Центарот за управување со кризи.
Активни пожари: 4
1. Општина Чашка: над Богомила (мешана шума)
2. Општина Липково: помеѓу с. Ваксинце – с. Слупчане (нискостеблеста шума)
3. Општина Студеничани: с. Дречавица (шумски пожар во планина)
4. Општина Македонски Брод: с. Грешница (деградирана нискостеблеста шума)
Пожари под контрола: 2
1. Општина Долнени: с. Стровија, зад место викано Гајдарец – Клепало (нискостеблеста шума)
2. Општина Желино: с. Церово (мешана шума)
Изгаснати пожари: 17
1. Општина Берово: Планина Готен кон Малешевските планини (бор, бука, смрека, грмушки и ниска вегетација)
2. Општина Брвеница: с. Милетино (запалени ниви)
3. Општина Струмица: с. Доброшинци (депонија)
4. Општина Гевгелија: с. Прдејци (ниска вегетација)
5. Општина Куманово: Стара Циглана (ниска вегетација)
6. Општина Крушево: Градски гробишта Игумења (ниска вегетација)
7. Општина Долнени: с. Дебреште (депонија и ниска вегетација)
8. Општина Струга: помеѓу с. Долна Белица – с. Велешта (ниска вегетација)
9. Општина Студеничани: мостот на Маркова Река (ниска вегетација)
10. Општина Сарај: (сува трева и ѓубре)
11. Општина Сарај: с. Рашче (мешана шума)
12. Општина Сарај: с. Буковиќ (нискостеблеста вегетација)
13. Општина Арачиново: до Обиколница (ниска вегетација)
14. Општина Кисела Вода: с. Горно Лисиче (ниска вегетација)
15. Општина Чучер Сандево: Качанички пат (ниска вегетација)
16. Општина Прилеп: с. Алинци (депонија)
17. Општина Прилеп: позади маркет „Стибера“ (ниска вегетација)
18. Општина Студеничани: на стариот пат за с. Батинци (ниска вегетација и ѓубре)
————————