Македонија
Нова книга по повод 25-годишнината од приемот на Република Македонија во Обединетите нации
По повод 25-годишнината од приемот на Република Македонија во Обединетите нации во издание на Институтот за јавни политики излезе од печат книгата: Macedonia at the annual General Debate of the United Nations General Assembly (1993-2018) од авторот Неџад Мехмедовиќ (Nedzad Mehmedovic).
Книгата претставува зборник на вкупно 26 официјални документи на англиски јазик од обраќањата на македонските претставници на годишната генерална дебата на Генералното собрание на Обединетите нации. Во зборникот се опфатени обраќањата на 4 претседатели на државата, 2 претседатели на владата и 5 министри за надворешни работи на Република Македонија во периодот од 1993 до 2018 година.
М-р Неџад Мехмедовиќ (Скопје, 1985) е политиколог и историчар вработен како асистент-истражувач во Институтот за национална историја во Скопје. Негово поле на научен интерес се јавните политики, меѓународните односи, миграциските движења, човековите права, историјата и османистиката. Автор е на вкупно четири книги и на над дваесет статии од различни научни области од општествените науки на македонски, англиски, босански и бугарски јазик.
Книгата може да се купи во книжарниците во Скопје, a истата ќе биде достапна и на www.amazon.com од почетокот на 2019 година.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патот Градско – Прилеп
Денеска во 20:25 час, сообраќајот на регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучката Манастирец кој беше пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор е пуштен за сообраќај во целост.
Македонија
Сообраќајка меѓу патничко возило и трактор на регионалниот пат Градско – Прилеп, сообраќајот пренасочен
Денеска околу 19:00 часот поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор, регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучка Манастирец е пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци, соопшти АМСМ.
Македонија
МВР: Шалтер за „Безбеден град“, граѓаните од утре ќе можат да ги променат контакт-податоците
Од Министерството за внатрешни работи известуваат дека граѓаните од утре (17.12.2025), на посебен шалтер во Одделот за граѓански работи, во зградата на МТВ (приземје) во Скопје, кој ќе работи секој работен ден во периодот од 08:00 до 17:00 часот ќе можат да поднесат барање за промена на контакт-податоците кои ги доставиле при регистрација на возилата, доколку има настаната промена или во случај да имаат добиено известување со неточни податоци.
„Истото, ќе може да се изврши и низ станиците за технички преглед на возила во државата каде што е распореден деташиран референт на МВР.
Исто така, граѓаните по електронска пошта на [email protected] ќе можат да достават писмена забелешка доколку имаат нејаснотии, прашања или проблеми поврзани со функционирањето и примената на системот „Безбеден град“, при што сите доставени забелешки ќе бидат евидентирани и разгледани согласно утврдените процедури, со цел унапредување на работењето и поефикасна комуникација со граѓаните“, соопшти МВР.

