Македонија
Новиот клинички центар ќе се гради на пет нивоа, ќе има 1300 легла и 20 операциони сали

На 134. седницата на Владата денеска беше усвоена информацијата за изградба на универзитетски клинички центар. Владата го задолжи Министерството за финансии во соработка со Министерството за здравство да изготви барање за изразување интерес за заем до финансиските институции за финансирање на изградбата на новиот клинички центар.
Во исто време, Владата го задолжи Министерството за здравство и Министерството за транспорт и врски за да ги дефинираат задолженијата и надлежностите на јавните претпријатија во земјава.
Приоритет е изградба на достапен, квалитетен и долгорочно одржлив систем на здравствена заштита што ќе обезбеди врвни услови за работа на медицинскиот кадар, за негов развој во струката. На овој начин ќе се обезбеди и беспрекорна услуга на граѓаните. По спроведени анализи, а врз основ на студијата за изводливост на проектот за преместување на универзитетски клинички центар, како и податоците доставени од клиниките е предложен концепт на интегриран објект кој би можел да се развива на пет нивоа со потребна квадратура од апроксимативни 102.000 м2 за потребните 1300 болнички легла, 20 операциони сали, 4 ангиогравски сали, 8 родилни сали и 65 амбулантни за специјалистичко консултативна дејност, соопшти Министерството за здравство.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Претежно облачно со услови за дожд и снег

Времето денеска ќе биде умерено до значително облачно со услови за слаб дожд, на планините и на повисоките места слаб снег, претежно во источните делови. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од -5 до 3, а максималната ќе достигне од 3 до 9 степени.
Во Скопје претежно облачно, во раните утрински часови во делови од котлината ќе има услови за врнежи од слаб дожд и снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 1, а максималната ќе достигне до 7 степени.
Времето во наредните денови
Следува период на променливо облачно време. По одделни котлини ќе има појава на магла и ниска облачност, а локални врнежи од дожд се очекуваат во четврток. Утринските и дневните температури ќе бидат во постепен пораст.
Македонија
Дел од Центар денеска без вода

ЈП Водовод и Канализација известува дека денеска поради изведување на водоводен приклучок од ф 80мм на улицата Васил Стефановски бр 2. без вода ќе останат корисниците на дел од улиците Васил Стефановски, Костурски Херои, Борка Талевски, Петар Поп Арсов, 9-ти Мај, Роза Луксенбург, Христо Смирненски во општина Центар.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување на интервенцијата.
Македонија
Без струја дел од Бутел и Карпош

ЕВН Македонија АД известува дека денеска без електрична енергија ќе останат делови од општините Бутел и Карпош.
– во периодот од 09.00 до 14.00 часот, корисниците од дел улица Радишани и дел од улицата Бел камен во општина Бутел,
– во периодот од 09.00 до 15.00 часот, корисниците од дел од корисниците од улицата Јури Гагарин во општина Карпош.