Македонија
Нови автобуски линии за времетраење на Саемот на книгата
По повод одржувањето на Саемот на книгата 2018, од 3 до 9 мај, на барање на Скопски саем, заради полесен пристап на посетителите до Саемот на книгата, ЈСП Скопје воведе две нови линии кои во истиот период ќе сообраќаат до ВИП-арена „Борис Трајковски“.
Линијата 100/1 ќе сoобраќа од населбата Ново Лисиче до ВИП-арена „Борис Трајковски“ по следната траса: Булевар Јане Сандански → Нова железничка станица → Југодрво → Рекорд → Соборна црква → Партизански одреди → Поликлиника „Букурешт“ → ВИП-арена „Борис Трајковски“. Вклучувањето во сообраќај во периодот 3-9 мај ќе биде во 11 часот, а исклучувањето во 19 часот.
Линијата 200/1 ќе сoобраќа од населбата Дексион до ВИП-арена „Борис Трајковски“ по следната траса: Дексион → Ѓорче Петров → Партизански одреди → Поликлиника „Букурешт“ → СЦ „Борис Трајковски“. Вклучувањето во сообраќај во периодот 3-9 мај ќе биде во 11 часот, а исклучувањето во 19 часот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Намалена видливост на патниот правец Тетово – Скопје, врнежи од снег на Попова Шапка
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по влажни коловози, извести АМСМ.
Врнежи од снег со среден интензитет се бележат на Попова Шапка, но во моментов не преставуваат пречка за одвивање на сообраќајот. На планинскиот превој Пресека се бележат слаби врнежи од дожд и снег – (лапавица).
Намалена видливост поради појава на магла до 100 метри има на патниот правец Тетово – Скопје.
Сите патни правци во државата се проодни.
.Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Македонија
Без струја денеска делови од Аеродром, Карпош и Илинден
Од ЕВН Македонија известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во период од 08:30 до 13:30 часот дел од корисниците на улиците 8 и 11 Белимбегово, општина Илинден;
– во период од 09:00 до 11:00 часот дел од потрошувачите од улицата Струма, општина Карпош;
– во период од 09:00 до 11:00 часот дел од корисниците на булевар Јане Сандански бр. 30, општина Аеродром.
Македонија
Претежно облачно со услови за повремени врнежи од дожд
Облачно со слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Во југоисточните делови ќе има врнежи од дожд (над 20 l/m²), а на повисоките планини во северозападните делови врнежи од снег. Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 7, а максималната ќе достигне од 8 до 14 степени.
Во Скопје, претежно облачно со услови за повремени врнежи од дожд. Ќе дува умерен ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 4, а максималната ќе достигне до 13 степени.
Времето во наредните денови
Следува период на променливо облачно до сабота и релативно топло време со повремени врнежи од дожд кои наместа ќе бидат пообилни. Во текот на ноќва во југоисточните делови ќе наврне над 20 l/m², а во петок поинтензивни врнежи ќе има во крајните западни делови. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер. Од недела ќе настапи заладување и врнежи од снег се очекуваат на планините и во некои од повисоките места.

