Македонија
Нови знаци осамнаа на пешачките патеки во Скопје

Во текот на кампањата „16 дена активизам против родово базираното насилство“, во центарот на Скопје осамнаа нови знаци на пешачките патеки.
Покрај веќе постојниот знак – мајка со дете, беа доцртани дополнителни – татко со дете.
„Оваа герила-акција нè потсетува на важноста од воспоставување родова еднаквост, што е еден од првите чекори во искоренување на родово базираното насилство врз жените и девојките“, велат од Национална мрежа против насилство врз жени и семејно насилство.
Кампањата почна во понеделникот, а во текот на 16 дена ќе бидат реализирани многубројни активности со цел промоција на кампањата во целата земја, меѓу кои и вклучување јавни личности од сите сфери од општественото живеење, кои ќе ја споделат својата поддршка, многубројни панели и работилници, како и низа активности во медиумите и на јавните места.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Делови од Карпош и Сарај денеска без струја

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 13.00 часот, корисниците од ул. Пелистерска 4-1/8. (општина Карпош)
– во периодот од 09.00 до 14.00 часот, корисниците од улиците бр. 3 и бр. 5 како и околните објекти во нивна близина во Сарај.(општина Сарај)
Македонија
Без вода дел од Центар

Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради дефект на улицата Димитрие Чуповски бр.10 без вода ќе останат корисниците од улицата Никола Вапцаров лоцирани на потегот од Министерство за правда до Плоштад Македонија, општина Центар.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато во периодот од 08.00 часот па се до отстранување на дефектот.
Македонија
Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд

Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец (локално над 60 km/h). Минималната температура ќе биде во интервал од 5 до 11, а максималната ќе достигне од 9 до 16 степени.
Во Скопје, променливо облачно со повремен локален дожд. Ќе дува умерен, во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 9, а максималната ќе достигне до 13 степени.
Времето во наредните денови
До среда ќе преовладува променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува умерен до засилен северен ветер (локално над 60 km/h), а температурата ќе се задржи под просекот за овој период од годината. Од четврток времето ќе биде стабилно и суво со пораст на дневната температура.