Македонија
Нови инженериски машини за АРМ
Потпишани се договори за набавка на 15 нови инженериски машини во вкупна вредност од 138 милиони денари, со што започнува и модернизацијата на опремата за Армијата, информираше денеска министерката за одбрана, Радмила Шекеринска, која го посети инженерискиот баталјон во касарната „Илинден“.
„Ова е прва инвестиција во инженериски машини во Армијата по 16 години и тоа покажува дека процесот на модернизација и опремување на Армијата е започнат, но дека тој не се однесува само на воените елементи во армијата, туку и на овој инженерски дел којшто е важен и за војската, но важен е и како поддршка на граѓаните, на државата, на општините“, рече министерката. Истакна дека изминатите години армијата повеќе пати помагаше со својот инженериски баталјон во ситуации на поплави, елементарни катастрофи, поправи мостови, изврши експлозии на карпи кои што се закануваа на локалното население.
Шекеринска додаде дека се очекува најголем дел од новите машини да пристигнат за помалку од шест месеци, а помал дел во првата половина од 2020 година.
„Членството во НАТО ќе влијае на нашата стабилност од аспект на политички или безбедносни ризици, но ќе влијае и врз нашата безбедност како граѓани и во цивилна смисла. Армијата ќе продолжи да биде институција која ужива голема доверба кај граѓаните и која навистина кога е најтешко, најмногу помага“, заклучи министерката.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Центар, Чаир и Студеничани денеска без струја
Од ЕВН Македонија известуваат дека денеска без електрична енегија ќе останат:
– во периодот од 07.30 до 15.00 часот, дел од улицата Никола Тримпаре 15 и дел од улицата Мирослав Крлежа бр.16-20 и дел од локали и влезови на згради на булеварот Климент Охридски бр,54, општина Центар;
– во периодот од 09.30 до 15.30 дел од улицата Мирослав Крлежа по старо Ѓуро Ѓакович бр.52.54.56.58.60.62, општина Центар;
– во периодот од 08.00 до 14.30 корисниците од Ретаил Поинт Парк во Чаир, општина Чаир;
– во периодот од 09.00 до 13.00 часот, корисниците на дел од село Студеничани кај Бурдем, општина Студеничани.
Македонија
Сончево со мала до умерена облачност, ќе дува повремено засилен северен ветер
Сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец (локално до 50 km/h). Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 6, а максималната ќе достигне од 9 до 16 степени.
Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 1, а максималната ќе достигне до 13 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на поле на висок воздушен притисок, следува период на стабилно и сончево време со мала до умерена облачност и со пониски утрински температури. Во четврток ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец, поизразен долж Повардарието.
Македонија
Дел од Автокоманда денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека за денеска имаат планирано неколку интервенции и тоа:
· поради промена на вентил од 2.5“ на улицата Јани Лукровски 12, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од истата улица.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.

