Македонија
Нови кадровски решенија во ВМРО-ДПМНЕ, преку оглас ќе се бира претседателка на Унијата на жени
Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ одржа редовна седница на која се дискутирало на повеќе теми, со акцент на актуелната политичка состојба.
На седницата донесени биле и повеќе одлуки во однос на кадровските решенија во партијата.
Како што информираат од ВМРО-ДПМНЕ, за координатор на пратеничката група е избран Никола Мицевски, а за негови заменици се именувани пратеничките Дафина Стојаноска и Ели Панова.
На седницата на Извршниот комитет била донесена и одлука за избор на претседатели на општински комитети во изборните единици 1, 2 и 3.
– Иван Живковски – ОК Кисела Вода
– Дејан Митески – ОК Аеродром
– Тони Јаревски – ОК Карпош
– Гане Петров – ОК Центар
– Жарко Ристески – ОК Македонски Брод
– Јане Мицевски – ОК Сопиште
– Кенан Абди – ОК Студеничани
– Мартин Стојановски – ОК Сарај
– Бобан Стефковски – ОК Гази Баба
– Бојан Стојаноски – ОК Ѓорче Петров
– Ѓоко Велковски – ОК Чаир
– Дарко Костовски – ОК Бутел
– Зоран Бајовски – ОК Чучер Сандево
– Ерџан Демир – ОК Шуто Оризари
– Александар Ѓорѓиевски – ОК Илинден
– Марија Петрушевска – ОК Петровец
– Коста Маневски – ОК Зелениково
– Зоран Здравевски – ОК Чашка
– Дејан Владев – ОК Свети Николе
– Иван Јорданов – ОК Штип
– Виктор Паунов – ОК Карбинци
– Далибор Ангелов – ОК Чешиново Облешево
– Борчо Коцев – ОК Зрновци
– Митко Костадиновски – ОК Виница
– Димче Атанасовски – ОК Македонска Каменица
– Бошко Цветковски ОК Лозово
– Киро Нацков ОК Градско
Извршниот комитет го избрал Сергеј Попов за нов претседател на Унијата на млади сили (УМС). Попов е од Скопје, апсолвент на Правниот факултет „Јустинијан Први“ и е досегашен претседател на градскиот комитет на УМС на ВМРО ДПМНЕ.
Донесена е одлука и за распишување оглас за избор на претседателка на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ, преку јавен повик кој ќе трае две недели.
Центарот за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ ќе го раководи Луке Галески.
Процесот на кадровски смени и доекипирање ќе продолжи во следниот период, информираат од партијата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Законот за високо образование нема да биде повлечен, јавнaта расправа продолжува
Министерката за образование и наука Весна Јаневска на пленарна седница изјави дека нема да го повлече нацрт-законот за високо образование.
Таа посочи дека во моментов се одржуваат јавни расправи на сите универзитети и дека нацрт-текстот е објавен на Единствениот национален електронски регистар на прописи (ЕНЕР), каде што сите засегнати страни можат да достават коментари.
На прашање од пратеничката од СДСМ, Бисера Костадиновска-Стојчевска, која изнесе забелешки, Јаневска одговори дека законот е „за добробит на сите“ и дека реакциите не можат да се генерализираат.
Според министерката, предлог-законот е усогласен со европски и светски стандарди и предвидува подобрување на студентските права, двегодишен мандат за универзитетските тела, можности за ангажман на демонстратори и вработување на студенти на проекти, како и поддршка за најдобрите студенти.
Јаневска нагласи дека членот 13 се однесува на заштита на автономијата на универзитетите и дека во изработката на текстот учествувале над 60 професори.
Македонија
Гаши во Стејт департментот: Верската хармонија во земјава како модел за општеството
Претседателот на Собранието, Африм Гаши, оствари средба со Мајкл Дозлер, раководител на Одделот за европски и евроазиски прашања во Канцеларијата за меѓународни верски слободи, како и со други претставници во Стејт департментот на САД.
За време на средбата, претседателот Гаши нагласи дека нашата земја ужива верска хармонија, која треба да служи како модел за унапредување на другите општествени односи. Беше дискутирано за важноста на толеранцијата и негувањето на верските вредности, а воедно и зачувувањето на секуларниот карактер на државата.
Дозлер изрази благодарност за моделот на хармонија што постои во земјата и нагласи понатамошна поддршка за иницијативите што промовираат мир и соработка.
Меѓу другото, беа дискутирани и искуствата и средбите одржани за време на последната посета на претседателот во Вашингтон (февруари 2026 година), каде што Гаши изрази благодарност за меѓудржавната соработка и партнерство.
Македонија
Гоце Наумовски стана нов уставен судија
Собранието со 63 гласа „за“, седум „против“ и без воздржани го избра професорот Гоце Наумовски за нов уставен судија, по што тој даде свечена изјава дека функцијата ќе ја извршува совесно, одговорно и во согласност со Уставот и законите.
Наумовски е редовен професор по римско право на Правниот факултет „Јустинијан Први“ при Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ – Скопје.
Доаѓа на местото на судијката Јадранка Дабовиќ-Анастасовска, која во декември поднесе оставка од функцијата судија на Уставниот суд, поради здравствени и лични причини.

