Македонија
(Видео) Нови снимки од дивеењето на студентите во Охрид: Вадат лустери и пијат од нив, фрлаат прозорци

На социјалните мрежи продолжуваат да се шират видеа од дивеењето на студентите на 12 кинезиолошки факултети од Хрватска и регионот. Сите учествуваа во Охрид на, како што велат, традиционалниот собир на студентите „Дифовијада“.
Лустери наместо чаши, фрлање прозорци низ прозорец – сето тоа може да се види на новите снимки, пишува хрватскиот портал„24сата.хр“.
„Тоа беше вистинска руина. Сите дојдовме да се опуштиме, а некои претераа малку, како што можете да видите. Да не зборуваме како снимаа се’ и уште се фалеа со тоа на мрежите“ изјави за весникот студент кој учествувал на „Дифовијадата“.
Од хотелот „Десарет“ каде што се случило демолирањето претходно кажаа дека се многу изненадени.
„Имаме големи групи студенти кои доаѓаат да се дружат овде. Никогаш до сега немало проблем“, изјави претходно хотелскиот менаџер.
Претседателот на Сојузот на студенти на Хрватска за уништениот хотел во Охрид изјавил: „Пожарот е предизвикан од инсталациите“
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Се излеа Маркова Река кај Батинци

Маркова Река се излеа денес по обилните врнежи од дожд.
Во селото Батинци, водата е надојдена, излевајќи се на неколку места околу речното корито.
Ангажирана е механизација за санирање на штетата, а градоначалник на Студеничани, Азем Садики, објави дека забележана е материјална штета во дворовите од куќите кои се наоѓаат во близина на реката.
Засега, според градоначалникот, нема потреба од евакуација.
Фото: ТВ21/скриншот
Македонија
Тетово повика на јавна дебата за промена на имињата на улиците

Општина Тетово в петок, со почеток во 15:00 часот, организира јавна дебата за предлози за имиња на улиците.
„Ги повикуваме сите граѓани, здруженија, невладини организации и граѓанскиот сектор да учествуваат на оваа јавна дебата за именување на улиците“, велат од општината преку допис.
Додаваат дека секој предлог од граѓаните е важен и помага овој процес да биде инклузивен и успешен за граѓаните и градот Тетово.
Македонија
Тошковски: Припадниците на МВР денеска примија плата зголемена за 10 отсто

Припадниците на МВР денеска примија плата зголемена за 10 отсто, информира министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски.
„Изминативе години сосема оправдано имаше критики дека платите во МВР се ниски, а очекувањата и одговорностите големи. Често се укажуваше на разлики во однос на некои сродни служби, а чувството на потценетост беше реално и оправдано. Ова зголемување не е доволно, но е еден од многуте чекори што ќе следат во насока на враќање на достоинството и угледот на полицаецот. Целта е јасна – да изградиме модерна, професионална и силна полиција која ќе биде вистински сервис на граѓаните. Продолжуваме понатаму кон обезбедување на подобри услови, поголема поддршка и вистинско вреднување на трудот што секојдневно се вложува“, напиша Тошковски во објавата на социјалните мрежи.