Македонија
Нови 1.222 позитивни случаи на коронавирус, починаа 31 лице
Согласно податоците од Институтот за јавно здравје во последните 24 часа направени се 4.342 тестови, а регистрирани се 1.222 нови случаи на КОВИД-19: Скопје – 649, Битола – 61, Тетово – 56, Куманово – 55, Велес – 50, Кавадарци – 49, Гостивар и Прилеп – по 35, Струмица – 34, Охрид – 26, Штип – 20, Неготино – 19, Кочани – 18, Струга – 16, Кичево и Гевгелија – по 14, Радовиш – 12, Крива Паланка – 9, Македонски Брод и Делчево – по 6, Берово, Ресен, Свети Николе и Валандово – по 5, Богданци и Дебар – по 4, Демир Хисар и Виница – по 3, Дојран, Кратово, Пробиштип и Демир Капија – по 1.
Од вкупниот број на позитивни (1.222), регистрирани се 157 реинфекции.
Регистрирани сe 1.502 оздравени пациенти од: Скопје – 862, Битола – 118, Куманово – 78, Кавадарци – 54, Тетово – 51, Велес – 49, Струмица – 40, Гостивар – 33, Кочани – 31, Штип – 24, Кичево – 20, Неготино – 17, Прилеп, Свети Николе и Делчево – по 14, Охрид и Радовиш – по 10, Гевгелија и Ресен – по 9, Богданци – 8, Демир Хисар и Македонска Каменица – по 6, Крива Паланка и Кратово – по 5, Валандово – 4, Струга и Виница – по 3, Берово, Пробиштип, Македонски Брод, Демир Капија и Дојран – по 1.
Во текот на изминатите 24 часа, регистрирани се 21 починато лице: 6 починати лица од Скопје (62г, 70г, 73г, 83г, 84г и 85г), 5 лица од Куманово (65г, 67г, 72г,81г и 85г), 3 лица од Битола (70г, 80г и 89г), 2 лица од Охрид (53г и 62г), по едно од Прилеп (85г), Радовиш (81г), Виница (61г), Македонска Каменица (83г) и Неготино (62г). Од пријавените лица сите се починати во болнички услови.
Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, пријавени се дополнително 10 починати лица, Скопје (3), Битола (2), Охрид (2), Делчево (1), Гевгелија (1) и Кичево (1). Починатите се на возраст од 63г до 86г. Од пријавените лица, 2 се починати во болнички услови и 8 лица се починати во домашни услови. Пријавените лица се починати во период од 03.02.2021 – 10.02.2022г.
Од вкупниот број на починати лица (n=31), 9 лица се целосно вакцинирани, кај 30 лица се регистрирани коморбидитети.
Направени се 4.342 тестови преку: ИЈЗ-425, ЦЈЗ Скопје-110, ЦЈЗ Битола-102, ЦЈЗ Прилеп-49, ЦЈЗ Тетово–1, ЦЈЗ Куманово-89, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-3, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија –0, ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–161, Жан Митрев (Филип Втори)-107, Авицена-189, Биотек-172, Систина-65, лабораторија Лаор-172, Синлаб-29, Ремедика-7, Плодност-44, Генеа-10, Никоб Лаб-489, ВФВ Медикал-129, Ели Медика-30, Ројал Медика–28, Спектра-ММ-30, Рапид Лаб–13, Жан Митрев Струмица–17, Нова Лаб Дијагностика–21, Рамус-26, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 1.824.
Досега во земјата се направени вкупно 1.842.926 тестирања на КОВИД-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 286.096, бројот на оздравени пациенти е 265.945, на починати е 8.736, а бројот на активни случаи изнесува 11.415.
Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна:
Дистрибуција по градови Заболени (вкупно), Активни случаи (вкупно)
Скопје 131810, Активни 6863
Куманово 15680, Активни 469
Битола 13674, Активни 499
Прилеп 13228, Активни 331
Тетово 13039, Активни 384
Кавадарци 9751, Активни 421
Гостивар 9196, Активни 232
Велес 8990, Активни 292
Охрид 8312, Активни 260
Штип 7755, Активни 114
Струмица 7663, Активни 223
Кичево 5179, Активни 136
Кочани 4842, Активни 106
Струга 4544, Активни 104
Гевгелија 4042, Активни 154
Неготино 3470, Активни 158
Свети Николе 2570, Активни 77
Ресен 2493, Активни 66
Радовиш 2422, Активни 89
Крива Паланка 2301, Активни 59
Делчево 1862, Активни 48
Берово 1683, Активни 27
Дебар 1548, Активни 27
Валандово 1487, Активни 65
Виница 1339, Активни 26
Пробиштип 1273, Активни 13
Богданци 963, Активни 50
Кратово 911, Активни 22
Крушево 858, Активни 14
Демир Хисар 799, Активни 18
Македонски Брод 677, Активни 34
Демир Капија 522, Активни 14
Македонска Каменица 519, Активни 7
Пехчево 446, Активни 8
Дојран 248, Активни 5
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Центар, Чаир и Студеничани денеска без струја
Од ЕВН Македонија известуваат дека денеска без електрична енегија ќе останат:
– во периодот од 07.30 до 15.00 часот, дел од улицата Никола Тримпаре 15 и дел од улицата Мирослав Крлежа бр.16-20 и дел од локали и влезови на згради на булеварот Климент Охридски бр,54, општина Центар;
– во периодот од 09.30 до 15.30 дел од улицата Мирослав Крлежа по старо Ѓуро Ѓакович бр.52.54.56.58.60.62, општина Центар;
– во периодот од 08.00 до 14.30 корисниците од Ретаил Поинт Парк во Чаир, општина Чаир;
– во периодот од 09.00 до 13.00 часот, корисниците на дел од село Студеничани кај Бурдем, општина Студеничани.
Македонија
Сончево со мала до умерена облачност, ќе дува повремено засилен северен ветер
Сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец (локално до 50 km/h). Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 6, а максималната ќе достигне од 9 до 16 степени.
Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 1, а максималната ќе достигне до 13 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на поле на висок воздушен притисок, следува период на стабилно и сончево време со мала до умерена облачност и со пониски утрински температури. Во четврток ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец, поизразен долж Повардарието.
Македонија
Дел од Автокоманда денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека за денеска имаат планирано неколку интервенции и тоа:
· поради промена на вентил од 2.5“ на улицата Јани Лукровски 12, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од истата улица.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.

