Македонија
Нови 1.259 случаи на коронавирус, починаа 45 лица
Во последните 24 часа направени се 4.555 тестирања, а регистрирани се 1.259 нови случаи на Ковид-19, и тоа во:
Скопје – 562, Битола – 97, Куманово – 83, Велес -51, Струмица – 48, Кавадарци – 47, Охрид – 42, Прилеп – 40, Тетово – 38, Гостивар – 34, Гевгелија – 28, Кичево – 26, Штип – 22, Радовиш – 17, Свети Николе и Валандово – по 14, Кочани, Ресен и Берово – по 13, Крива Паланка – 11, Пробиштип – 8, Неготино – 7, Струга, Делчево и Македонски Брод – по 5, Крушево и Богданци – по 4, Демир Капија – 3, Демир Хисар – 2, Виница, Кратово и Пехчево – по 1.
Регистрирани се 751 оздравен пациент, и тоа од: Скопје – 213, Охрид – 82, Прилеп -57, Тетово – 40, Велес – 38, Битола – 36, Куманово – 33, Кавадарци – 31, Струмица – 27, Гостивар -23 , Кочани -22, Штип и Неготино – по 20, Гевгелија – 14 , Дебер и Демир Капија – по 12, Радовиш – 11, Свети Николе и Виница – по 8, Кичево, Берово и Пробиштип – по 7, Ресен и Валандово – по 6, Крива Паланка – 4, Македонски Брод – 2, Крушево, Богданци, Кратово, Пехчево и Македонска Каменица – по 1.
Пријавени се вкупно 45 починати лица: 20 од Скопје (89, 85, 84, 83, 81, 81, 77, 76, 76, 76, 73, 71, 69, 68, 67, 66, 62, 61, 59, 32), 4 од Битола (81, 62, 61, 60), по 2 од Велес (69 и 56), Гостивар (77 и 63), Охрид (84 и 70), Струмица (73 и 67), Кочани (86 и 74) и Гевгелија (74 и 64) , по 1 починат од Куманово (78), Кавадарци (61), Штип (61), Кичево (73), Свети Николе (71), Ресен (77), Дебар (75), Пробиштип (74) и Виница (69). Сите пријавени пациенти се починати во болнички услови.
Направени се 4.555 теста преку: ИЈЗ – 575, ЦЈЗ Скопје – 92, ЦЈЗ Битола – 109, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби – 6, Судска медицина – 22, лабораторија во болницата во Козле – 12, УК Пулмологија со алергологија – 0, ГОБ „8 Септември“ – 0, Институт за микробиологија – 0, МАНУ – 141, „Жан Митрев“ („Филип Втори“) – 225, „Авицена“ – 288, „Биотек“ – 431, „Систина“ – 318, лабораторија „Лаор“ – 347, „Синлаб“ – 98, „Ремедика“ – 60, „Плодност“ – 64, „Генеа“ – 6, ЈЗУ и ПЗУ (рапид-тест) – вкупно 1.761.
Досега во земјата се направени вкупно 647.559 тестирања на Ковид-19.
Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 136.426, бројката на оздравени пациенти е 111.139, на починати е 4.022, а бројот на активни случаи изнесува 21.265.
Според епидемиолошки анализи, во моментот дистрибуцијата по градови е следна:
Дистрибуција по градови Заболени (вкупно) Активни случаи (вкупно)
Скопје 61.033, активни 10.647
Прилеп 7.344, активни 1.082
Куманово 7.264, активни 1.096
Тетово 6.520, активни 649
Битола 4.911, активни 1.053
Велес 4.779, активни 799
Гостивар 4.714, активни 514
Кавадарци 4.665, активни 724
Штип 4.424, активни 465
Охрид 4.330, активни 752
Струмица 3.441, активни 432
Струга 2.741, активни 250
Кочани 2.353, активни 262
Кичево 2.123, активни 241
Неготино 1.997, активни 356
Гевгелија 1.943, активни 393
Свети Николе 1.323, активни 125
Крива Паланка 1.112, активни 109
Ресен 1.079, активни 205
Радовиш 960, активни 140
Берово 895, активни 124
Дебар 869, активни 44
Делчево 872, активни 102
Пробиштип 717, активни 80
Виница 655, активни 94
Валандово 559, активни 96
Крушево 443, активни 123
Богданци 429, активни 72
Демир Капија 373, активни 63
Кратово 338, активни 26
Демир Хисар 333, активни 43
Македонски Брод 318, активни 45
Пехчево 239, активни 28
Македонска Каменица 212, активни 16
Дојран 118, активни 15
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Mарт – месец за подигнување на свеста за симптомите од ендометриоза
Март е месец посветен на подигнување на свеста за ендометриозата – време да зборуваме отворено, да ги разбиеме митовите и да ги охрабриме жените да побараат помош, велат од Македонската асоцијација на гинеколози и опстеричари (МАГО).
Ендометриозата е хронична болест при која ткиво слично на ендометриумот (ткиво кое ја обложува внатрешноста на матката) расте надвор од матката, предизвикувајќи воспаление, болка и понекогаш неплодност.
Се проценува дека околу 190 милиони жени и девојки во репродуктивна возраст (околу 10%) во светот се погодени од оваа состојба.
Дијагнозата често доцни – во просек од 8 до 12 години од појавата на првите симптоми. Причина за ова е што болката често се смета за „нормален дел од менструацијата“, а многу жени не бараат медицинска помош навреме.
Ендометриозата може значително да го намали квалитетот на живот, да влијае на менталното здравје и работната способност, а кај 25–50% од жените со неплодност е присутна ендометриоза.
Митови и факти за ендометриозата
Мит: Силната менструална болка е нормална.
Факт: Болка која ве спречува во секојдневните активности не е нормална и бара медицинска проценка.
Мит: Само постари жени имаат ендометриоза.
Факт: Ендометриозата може да започне уште во адолесценција.
Мит: Ако имате ендометриоза, нема да можете да забремените.
Факт: Многу жени со ендометриоза успешно забременуваат, особено со соодветен третман.
Мит: Болеста се лекува со бременост.
Факт: Бременоста може привремено да ги намали симптомите, но не ја лекува болеста.
Зошто е важно раното препознавање?
Раното препознавање и соодветниот третман можат да помогнат во:
• намалување на хроничната болка
• подобрување на квалитетот на живот
• зачувување на репродуктивното здравје
• намалување на компликациите
Достапните третмани вклучуваат медикаментозна терапија, хормонска терапија и хируршки третман, во зависност од симптомите и индивидуалните потреби на пациентката.
Ниту една жена не треба да живее со хронична болка како „нормална“.
Препознавањето на симптомите, навременото обраќање кај гинеколог и информираноста се клучни чекори за рана дијагноза и подобар квалитет на живот.
Македонија
Почна спроведувањето на Законот за работно ангажирање на лица: нов чекор кон фер услови за работа и формализација на сезонскиот труд
ФЕР АНГАЖМАН
Со усвојувањето на Законот за работно ангажирање на лица, државата прави значаен исчекор кон унапредување на условите за сезонска и повремена работа, јакнење на социјалната заштита и намалување на неформалната економија.
Законот воспоставува јасна и поедноставена рамка за легално ангажирање лица за работи од сезонска или повремена природа, со што се овозможува регулирање на правата и обврските на ангажираните лица и работодавачите, како и воведување на дигитализирана постапка за пријавување и плаќање.

Со новото законско решение, ангажираните лица добиваат пристап до основни трудови и социјални права, вклучително и пензиски придонеси, осигурување во случај на повреда на работа и правна заштита, при што истовремено се задржуваат постојните социјални бенефиции. Од друга страна, работодавачите добиваат можност за брза електронска регистрација, намалување на административниот товар и поголема правна сигурност.
Законот е особено значаен за секторите со висок степен на неформално вработување, како што се земјоделството, туризмот и угостителството, и претставува основа за создавање пофер, потранспарентен и поинклузивен пазар на труд.
Ова законско решение е резултат на заеднички напори на релевантните институции и партнерските организации, во рамки на проектот „Подобри услови за вработување на сезонски работници во Северна Македонија“, имплементиран од Германското друштво за меѓународна соработка (ГИЗ) и Центарот за истражување и креирање политики (ЦИКП), во соработка со Министерството за економија и труд и Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија.

Законот за работно ангажирање на лица претставува важен чекор кон формализација на трудот, јакнење на институционалната ефикасност и создавање одржливи и фер услови за сите учесници на пазарот на труд.
Повеќе информации за законот и начинот на негово користење се достапни на: av.gov.mk
Во наредниот период, во рамки на кампањата ќе се реализираат информативни сесии низ целата држава, каде работниците и останатите засегнати страни ќе имаат можност директно да се информираат и едуцираат за новите можности што ги носи законот. Првата информативна сесија е закажана за 4 март, 2026 во просториите на Општина Тетово, со почеток од 12:00ч.
За најнови информации, активности и корисни содржини, следете ги каналите на Центарот за истражување и креирање политики
https://www.facebook.com/crpm.org.mk
https://www.instagram.com/crpm.mk/
ПР
Македонија
Дебакл на Мицкоски, историски пад на странските инвестиции за 729 милиони евра, велат од СДСМ
„Драматчен пад на странските директни инвестиции во 2025 година од 61% покажуваат последните економски податоци на Народна банка. Со Христијан Мицкоски на чело на Владата, во 2025 година има намалување на странските инвестиции за огромни 729 милиони евра во споредба со 2024 година“, велат од СДСМ.
„Поради политиките на СДСМ, во 2024 година странските директни инвестиции изнесуваа 1 милијарда и 196 милиони евра, додека во 2025 година со Мицкоски тие се сведени на само 467 милиони евра. Дебакл.
Но, затоа има пари за криминални тендери, 161 тендер за една фирма, 51 за втора, 74 тендери за трета фирма блиска до власта. ВМРО-ОКГ се грижи само за својот приватен бизнис.
За време на владите на СДСМ, беа отворени 16 нови фабрики како резултат на директни странски инвестиции – гиганти. Се генерираа над 10.000 нови работни места само во технолошко-индустриските развојни зони.
Што се случува сега со Мицкоски и ВМРО-ОКГ? Има историски пад на инвестициите и губење на илјадници работни места. Германскиот гигант Aktiv официјално потврди дека се повлекува од Скопје, оставајќи 400 – 500 работници без работа. Во фабриката на Dura се кратат производни линии. Magna го стопираше своето претходно најавено ширење. Илјадници работни места се под сериозен ризик.
Ова е резултат на погрешните политиките на Мицкоски и ВМРО-ОКГ за изолација и криминални тендери за богатење на функционерите на власт.
Наместо да се занимаваат со економијата, тие преку своите медиуми се занимаваат со црна кампања и лажни афери. Нема интеграција – следи економска изолација“, соопшти СДСМ.

