Македонија
Нови 142 случаи на коронавурус, починаа 4 лица
Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа направени се 1.997 теста, а регистрирани се 142 нови случаја на Ковид-19: Скопје – 77, Битола – 22, Кавадарци, Гостивар и Струмица – по 5, Струга – 4, Велес, Охрид, Кичево, Ресен и Радовиш – по 3, Штип и Прилеп – по 2, Кочани, Куманово, Гевгелија, Делчево и Берово – по 1.
Од вкупниот број позитивни (142), регистрирани се 25 реинфекции.
Регистрирани сe 198 оздравени пациенти, и тоа од: Скопје – 112, Битола – 24, Охрид – 12, Прилеп, Кавадарци и Куманово – по 7, Ресен – 6, Велес, Делчево и Берово – по 3, Струмица, Кичево, Радовиш, Кочани и Гевгелија – по 2, Штип, Неготино, Дебар и Валандово – по 1
Во текот на изминатите 24 часа регистрирано е едно починато лице од Скопје (82). Починало во болнички услови.
Во согласност со регистарот на умрени лица со дијагноза Ковид-19 од „Мој термин“, дополнително се пријавени 3 починати лица од: Скопје (1), Струмица (1) и Крива Паланка (1) на возраст од 36 до 75 години. Пријавените лица се починати во периодот 7.3-8.4.2022 година, две во болнички и едно во домашни услови.
Од вкупниот број починати лица (4), кај сите се регистрирани коморбидитети.
Направени се 1.997 теста преку: ИЈЗ-144, ЦЈЗ Скопје-77, ЦЈЗ Битола-72, ЦЈЗ Прилеп-19, ЦЈЗ Тетово-13, ЦЈЗ Куманово-31, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-0, лабораторија болница Козле-18, УК Пулмологија со алергологија –1, ГОБ 8 Септември-0, Институт за микробиологија–107, Жан Митрев (Филип Втори)-41, Авицена-34, Биотек-41, Систина-36, лабораторија Лаор-44, Синлаб-13, Ремедика-19, Плодност-15, Генеа-7, Никоб лаб-133, ВФВ медикал-36, Ели медика плус-12, Ројал медика–3, Спектра-ММ-3, Рапид лаб–0, Жан Митрев Струмица–4, Нова лаб дијагностика–1, Рамус-3, ЈЗУ и ПЗУ (рапид-тест) – вкупно 1.070
Досега во земјата се направени вкупно 1.990.996 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 308.294, бројот на оздравени пациенти е 297.922, на починати е 9.260, а бројот на активни случаи изнесува 1.112
Според епидемиолошките анализи, во моментот дистрибуцијата по градови е следна:
Дистрибуција по градови Заболени (вкупно), Активни случаи (вкупно)
Скопје 144.845, Активни 592
Куманово 16.604, Активни 20
Битола 15.078, Активни 164
Прилеп 14.090, Активни 55
Тетово 13.438, Активни 13
Кавадарци 10.591, Активни 38
Велес 9.716, Активни 15
Гостивар 9.563, Активни 21
Охрид 8.807, Активни 38
Струмица 8.034, Активни 19
Штип 7.994, Активни 15
Кичево 5.595, Активни 28
Кочани 5.067, Активни 6
Струга 4.708, Активни 6
Гевгелија 4.392, Активни 7
Неготино 3.668, Активни 5
Ресен 2.708, Активни 12
Свети Николе 2.622, Активни 5
Радовиш 2.524, Активни 12
Крива Паланка 2.413, Активни 3
Делчево 1.972, Активни 15
Дебар 1.673, Активни 0
Берово 1.643, Активни 1
Валандово 1.481, Активни 1
Виница 1.387, Активни 5
Пробиштип 1.264, Активни 0
Богданци 1.019, Активни 1
Кратово 962, Активни 2
Крушево 928, Активни 5
Демир Хисар 828, Активни 1
Македонски Брод 736, Активни 0
Демир Капија 591, Активни 5
Македонска Каменица 523, Активни 0
Пехчево 486, Активни 2
Дојран 344, Активни 0
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
„Алкалоид“ добитник на „Патент на годината за 2023“ за иновативниот „Омепразол“ во течна форма
Иновативната формулација на „Алкалоид“ АД за лекот со додадена вредност „Омепразол“ во течна форма, готов за употреба, прва од ваков тип во светски рамки, е прогласена за „Патент на годината за 2023“ од Државниот завод за индустриска сопственост, во рамките на пригодното одбележување на Светскиот ден на интелектуалната сопственост – 26 април.
Меѓународната патентна пријава на „Алкалоид“ за „Oмепразол“ во течна форма беше поднесена на 17 април 2020 година, со опфат на голем број региони и земји, меѓу кои земјите од Европската Унија, САД, Канада, Кина, земјите од Евроазиската економска унија и други. Патентната пријава при Европскиот завод за патенти, чии ингеренции опфаќаат патентни активности во 39 земји во Европа, беше одобрена на 3 август минатата година и валидирана во триесетина земји, меѓу кои и Македонија.
Патентот на „Алкалоид“ АД ја заштитува течната фармацевтска дозна форма на „Омепразол“, која се базира на два посебни раствори содржани во двокоморско пакување, кое при отворањето автоматски ги меша двата раствора и така се добива готовиот течен омперазол за употреба. Овој препарат е наменет, пред сѐ, за третман на рефлуксен езофагитис и на гастроезофагеалната рефлуксна болест (ГЕРБ) кај малите деца кои не можат да голтаат таблети, како и кај возрасните пациенти кои имаат тешкотии со голтањето (пациети со дисфагија) и неможност за голтање (пациенти со поставени сонди за гастрично хранење и/или геријатриски пациенти).
Државниот завод за индустриска сопственост е основан на 1 декември 1993 година како самостоен орган на државната управа и е надлежен за вршење на работите во врска со стекнувањето и со заштитата на правата од индустриска сопственост кои опфаќаат патенти, индустриски дизајни, трговски марки и ознаки за потеклото на производите. Оваа институција триесетта година по ред традиционално организира активности во насока на афирмација на улогата на индустриската сопственост во поттикнувањето иновации и креативни творби.
ПР
Македонија
Први и шести мај неработни за сите граѓани на Македонија, трети мај за граѓаните од православна вероисповед
Министерството за труд и социјална политика, согласно со Законот за празниците на РМ („Службен весник на РМ“ бр.21/98 и 18/07) соопштува дека:
1 мај 2024 година (среда), Денот на трудот е неработен ден за сите граѓани на Република Северна Македонија.
03 мај 2024 година (петок), Велики Петок, петок пред Велигден, е неработен ден за граѓаните од православна вероисповед во Република Северна Македонија.
06 мај 2024 година (понеделник), Велигден, вториот ден на Велигден според православниот календар, е неработен ден за сите граѓани на Република Северна Македонија.
Министерството за труд и социјална политика на граѓаните им ги честита престојните празници.
Македонија
(Видео) Сајкоски: Да донесеме уште поголема победа на 8 мај за просперитетна влада на ВМРО-ДПМНЕ
„Денес продолжуваме со активностите тука во Охрид, вчера поминавме прекрасни митинзи со огромна поддршка од граѓаните. Останаа уште неколку денови“, рече Ѓорѓија Сајкоски, генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ и носител на изборна единица 5 и ги повика сите да се приклучат и да донесат уште поголема победа во вториот круг.
„Сакам да ја изразам мојата благодарност и горд сум на тоа што го направивме во првиот круг, што ја дадовте вашата огромна поддршка за нашиот кандидат за претседател Гордана Силјановска Давкова.
Сакам да ве повикам и во вториот круг референдумски да излеземе за да можеме да ја реализираме Платформа 1198, за да може да реализираме многу проекти за регионов и нашава држава, да донесеме подобар економски развој и раст, да донесеме подобро образование и здравство, да донесеме подобар живот за сите. Затоа на 8 мај излезете сите да се активираме да кажеме НЕ за ова што се случуваше досега и да дадеме шанса за просперитетна влада која ќе ја носи Македонија напред“, изјави Ѓорѓија Сајкоски, генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ и носител на изборна единица 5.