Македонија
Нови 149 подофицери во Армијата, Петровска им порача дека се клучна алка во безбедносниот систем
Армијата на Република Северна Македонија од денеска добива нови 149 подофицери, поранешни професионални војници, кои во Армијата ги докажаа своите способности, професионалност и мотивираност. Армијата во последните две години се зајакна со вкупно 339 подофицери, во четири наврати по 55, 65, 70 и 149 припадници на Армијата, кои беа избрани од басенот на професионални војници и кои минаа низ двомесечна обука за подофицери.
Министерката Славјанка Петровска на новите подофицери им порача дека тие ја имаат честа да бидат штит на суверенитетот и територијалниот интегритет на нашата држава, да ги чуваат нашите граѓани безбедни и да го одржуваат мирот за сите нас.
![]()
„Вие бевте предложени од страна на вашите претпоставени благодарение на вашите способности и подготвеност, но и поради тоа што тие веруваа во вас и во вашите капацитети дека токму вашиот индивидуален квалитет може дополнително да придонесе за развој на армиските капацитети. Бидете горди на ова ваше постигнување, но не застанувајте тука. Продолжете со вашата иницијативност и упорност и бидете пример за другите“, рече министерката и додаде дека подофицерите се оние што со личен пример ќе им покажат на професионалните војници како се станува вистински професионалец.
Петровска истакна дека Министерството и Армијата ќе продолжат да работат заедно за уште посилен развој, нова и модерна опрема, подобри услови за работа.
„Ќе продолжиме да работиме и да одговориме на барањата на Генералштабот и ќе направиме сè за Армијата да биде соодветно пополнета, но и истовремено модернизирана во согласност со стандардите. Наша обврска е да креираме кадар, но и услови и современи алатки за работа и да одговориме на вашите потреби што дополнително влијаат на јакнењето на мотивацијата“, истакна министерката.
![]()
Командантот на Командата за обука и доктрини, полковникот Васко Коколански, рече дека денеска Армијата ги зајакна своите капацитети со лидери што мотивираат, инспирираат и водат. Коколански додаде дека подофицерите преку секојдневните задачи, обуката на единиците, градењето капацитети и армиските вредности придонесуваат Армијата да биде почитувана од сојузниците во алијансата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
„Дали СДС стравува од сведочењето на Груби“, прашува ВМРО-ДПМНЕ
„Очигледна е паниката во редовите на СДС по апсењето на екс вицепремиерот Артан Груби. Институциите си ја завршија работата и го доведоа Груби пред лицето на правдата. Криминалецот Груби беше во бегство година дена, откако се отвори постапка за негова вина во случајот со Државната лотарија за проневера на државни пари во вредност од над 8 милиони евра“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
„Милионските криминали во Државна лотарија се случувале под покровителство на СДС и ДУИ. Додека се злоупотребувале парите на граѓаните СДС знаеле, молчеле и не реагирале поради коалициски мир со ДУИ, за да не им се распадне коалицијата и да останат ден повеќе на власт.
Дали денес нервозата кај Филипче, Заев и СДС доаѓа од можноста вистината да излезе на виделина? Дали во СДС има паника поради евентуалните искази што би можеле да допрат и до поранешни високи функционери на СДС помеѓу кои и Заев, Филипче, Спасовски, Зечевиќ?
Институциите мора да постапуваат без селективност и без политички притисоци. Секој кој го прекршил законот мора да одговара.
Времето на неказнивост заврши, Македонија мора да биде држава во која правдата е еднаква за сите. Владеење на правото и правдата мора да има“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.
Македонија
„Власта не се откажува од авионот, туку од зголемувањето на платите за работниците!“, велат од СДСМ
„Власта се нема откажано од авионот. Буџетот на СОЗР за оваа 2026 година беше зголемен за 124 милиони денари и тој е непроменет. Во Категорија 48 (Капитални расходи), под ставката за опрема, оваа сума соодветствува на годишна рата за купување авион со рок на отплата од повеќе години“, велат од СДСМ.
„Власта одбива да направи ребаланс на буџетот и парите да ги пренамени за плати. Тоа потврдува дека авионот не е избришан од Буџетот.
А во Собранието пратениците на ВМРО-ОКГ не сакаат ниту да разговараат за нашиот предлог за ребаланс на Буџетот, ниту за новиот Закон за минимална плата од 600 евра.
Мислат дека со дефокус ќе направат луѓето да заборават на авионот и тивко да работат во позадина за во иднина да земат нов. Луксузот на ВМРО-ОКГ не трпи, трпат само работниците.
Авионот сакаат да го земат на лизинг, на рати, па тоа да го претстават поинаку, само како изнајмување за потребите на Владата.
Никој не е наивен! Граѓаните ќе плаќаат, платите на работниците нема да ги зголемат. Ќе има пари за авион, мебел, луксуз, тендери, но за работниците нема да има“, соопшти СДСМ.
Македонија
Делови од Центар, Чаир и Студеничани денеска без струја
Од ЕВН Македонија известуваат дека денеска без електрична енегија ќе останат:
– во периодот од 07.30 до 15.00 часот, дел од улицата Никола Тримпаре 15 и дел од улицата Мирослав Крлежа бр.16-20 и дел од локали и влезови на згради на булеварот Климент Охридски бр,54, општина Центар;
– во периодот од 09.30 до 15.30 дел од улицата Мирослав Крлежа по старо Ѓуро Ѓакович бр.52.54.56.58.60.62, општина Центар;
– во периодот од 08.00 до 14.30 корисниците од Ретаил Поинт Парк во Чаир, општина Чаир;
– во периодот од 09.00 до 13.00 часот, корисниците на дел од село Студеничани кај Бурдем, општина Студеничани.

