Македонија
Нови 165 случаи на Ковид-19, починаа 3 лица
Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа направени се 1.088 тестови, а регистрирани се 165 нови случаи на Ковид-19.
Од вкупниот број на позитивни (165), регистрирани се 39 реинфекции.
Регистрирани сe 384 оздравени пациенти.
Во текот на изминатите 24 часа нема пријавени починати лица. Согласно, Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој термин, регистрирани се 3 починати лица, по едно лице од Скопје, Битола и Гостивар, на возраст од 70г-78 г. Сите лица се починати во домашни услови. Пријавените лица се починати во период од 5.9-10.9.2022
Досега во земјата се направени вкупно 2.159.252 тестирања на Ковид-19.Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 341.748, бројот на оздравени пациенти е 331.595, на починати е 9.515, а бројот на активни случаи изнесува 638
Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна:
Дистрибуција по градови Заболени (вкупно), Активни случаи (вкупно)
Скопје 160702, Активни 341
Куманово 18159, Активни 31
Битола 17860, Активни 34
Прилеп 15431, Активни 32
Тетово 14439, Активни 10
Кавадарци 12034, Активни 27
Велес 10757, Активни 17
Охрид 10279, Активни 17
Гостивар 10272, Активни 7
Струмица 8770, Активни 7
Штип 8727, Активни 18
Кичево 6060, Активни 4
Кочани 5543, Активни 12
Струга 5171, Активни 5
Гевгелија 4866, Активни 6
Неготино 4129, Активни 12
Ресен 3016, Активни 9
Радовиш 2829, Активни 4
Свети Николе 2793, Активни 2
Крива Паланка 2652, Активни 5
Делчево 2181, Активни 8
Берово 1869, Активни 10
Дебар 1811, Активни 0
Валандово 1599, Активни 2
Виница 1477, Активни 0
Пробиштип 1299, Активни 1
Кратово 1115, Активни 7
Богданци 1099, Активни 0
Крушево 1035, Активни 7
Демир Хисар 927, Активни 2
Македонски Брод 797, Активни 1
Демир Капија 628, Активни 0
Македонска Каменица 534, Активни 0
Пехчево 518, Активни 0
Дојран 370, Активни 0
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
(Видео) Аврамовски: Потребни се искрена посветеност и сериозен ангажман од власта во надминувањето на кризата со транспортерите
„Додека нашите владини претставници уверуваа за брзо решение со транспортерите, претставникот на здружението ‘Меѓународен транспорт’, кое ги води преговорите со ЕУ за надминување на блокадите, изјави дека Унијата не прифатила ништо од нивните барања и дека се повторно се можни нови блокади“, изјави портпаролот на Либерално-демократската партија (ЛДП), Љубен Аврамовски.
ЛДП уште пред две недели алармираше дека додека нашите министри се враќаат од Брисел со „одлични вести“ за надминувањето на проблемот со транспортерите и ЕУ, босанскиот министер за транспорт Един Форто, изјави дека засега „нема решение за проблемот со транспортерите и ќе има дополнителна работна група“.
„Повторното нагласуваме, одложувањето на проблемот до септември не значи никакво решение, ниту одлична вест. Секој изминат ден за превозниците значи изгубено време и губење на заработката. Упатуваме апел до нашите државни претставници за искрена посветеност и сериозен ангажман во врска со надминување на моменталната криза со транспортерите. Возачите на камиони мора да бидат сметани за професионалци, а не за туристички патници“, вели Аврамовски во својата изјава за медиумите.
Македонија
„Премиерот на море со авион, а за работниците нема пари за 600 евра плата“, велат од СДСМ
„Премиерот ужива во луксузот на грбот на народот. Дури и на Јадранско море, на капење оди со владиниот авион. Додека нема пари за работниците, нема пари за зголемување на минималната плата на 600 евра, додека се кратат 40 милиони евра за земјоделците“, велат од СДСМ.
„Исто како Никола Груевски, тој купуваше мерцедес од 600 илјади евра и носеше очила од 60 илјади евра а Мицкоски има часовници од 60 илјади евра и сака да купи нов авион, за нови туристички прошетки.
Додека Мицкоски лета, работниците тонат. Граѓаните едвај врзвуваат крај со крај, се борат со скапотијата и ниските плати а премиерот Мицкоски се луксузира во свет на привилегии, ароганција и расипништво.
Колку ги чинело граѓаните ова луксузирање на премиерот со владиниот авион?“, прашуваат од СДСМ преку писменото соопштение.
Македонија
Укината забраната за камиони на планинскиот премин Стража и на крак Маврово – Дебар
Во 08:00 часот се укинати забраните за тешките товарни возила на планинскиот премин Стража и на крак Маврово – Дебар, извести АМСМ.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

