Македонија
Нови 169 случаи на Ковид-19, почина едно лице
Во последните 24 часа направени се 746 теста, а регистрирани се 169 нови случаи на Ковид-19: Скопје – 93, Битола – 12, Куманово – 7, Прилеп, Велес, Охрид и Кочани – по 6, Гостивар, Струмица и Берово – по 4, Кавадарци, Штип, Струга и Неготино – по 3, Делчево и Тетово – по 2, Гевгелија, Крива Паланка, Виница, Богданци и Демир Капија – по 1.
Од вкупниот број позитивни (169), регистрирани се 55 реинфекции.
Регистрирани сe 242 оздравени пациенти, и тоа од: Скопје – 101, Битола – 18, Куманово – 17, Прилеп – 15, Велес – 14, Охрид и Кочани – по 9, Гостивар – 8, Струмица – 7, Берово, Кавадарци и Штип – по 6, Струга – 5, Неготино – 4, Тетово, Делчево, Гевгелија, Крива Паланка и Виница – по 2, Богданци, Демир Капија, Кичево, Ресен, Радовиш, Свети Николе и Дебар – по 1.
Во текот на изминатите 24 часа нема пријавени починати лица. Во согласност со регистарот на умрени лица со дијагноза Ковид-19 од „Мој термин“, регистрирано е едно починато лице од Струга (64). Починато е на 28.8.2022 година во болнички услови.
Направени се 746 теста: ИЈЗ-88, ЦЈЗ Скопје-69, ЦЈЗ Битола-26, ЦЈЗ Прилеп-9, ЦЈЗ Тетово-12, ЦЈЗ Куманово-32, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-0, лабораторија болница Козле-7, УК Пулмологија со алергологија–0, Институт за микробиологија–67, Жан Митрев (Филип Втори)-18, Авицена-7, Биотек-13, Систина-28, лабораторија Лаор-8, Синлаб-3, Ремедика-6, Плодност-2, Генеа-5, Никоб лаб-29, ВФВ медикал-3, Ели медика плус-3, Ројал медика–0, Спектра-ММ-2, Рапид лаб–0, Жан Митрев Струмица–0, Нова лаб дијагностика–2, Рамус-6, ЈЗУ и ПЗУ (рапид-тест) – вкупно 301.
Досега во земјата направени се вкупно 2.151.894 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 340.510, бројот на оздравени пациенти е 329.434, на починати е 9.490, а бројот на активни случаи изнесува 1.586
Според епидемиолошките анализи, во моментот дистрибуцијата по градови е следна:
Дистрибуција по градови Заболени (вкупно), Активни случаи (вкупно)
Скопје 160.069, Активни 765
Куманово 18.101, Активни 66
Битола 17.775, Активни 132
Прилеп 15.385, Активни 73
Тетово 14.411, Активни 46
Кавадарци 11.979, Активни 43
Велес 10.723, Активни 43
Гостивар 10.255, Активни 22
Охрид 10.249, Активни 76
Струмица 8.757, Активни 20
Штип 8.701, Активни 27
Кичево 6.047, Активни 16
Кочани 5.520, Активни 35
Струга 5.164, Активни 19
Гевгелија 4.846, Активни 13
Неготино 4.117, Активни 17
Ресен 3.002, Активни 12
Радовиш 2.824, Активни 15
Свети Николе 2.784, Активни 6
Крива Паланка 2.634, Активни 22
Делчево 2.162, Активни 49
Берово 1.841, Активни 14
Дебар 1.811, Активни 9
Валандово 1.593, Активни 0
Виница 1.479, Активни 10
Пробиштип 1.297, Активни 2
Кратово 1.101, Активни 6
Богданци 1.097, Активни 9
Крушево 1.020, Активни 6
Демир Хисар 925, Активни 1
Македонски Брод 793, Активни 5
Демир Капија 629, Активни 2
Македонска Каменица 535, Активни 4
Пехчево 515, Активни 1
Дојран 369, Активни 0
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Уапсени седум возачи поради возење без возачка дозвола, со активна забрана и под дејство на алкохол
Во текот на вчерашниот ден, полициски службеници на целата територија на државата лишија од слобода осум возачи, од кои тројца за возење без возачка дозвола, двајца за управување возило под дејство на алкохол и тројца со забрана за управување возило од Б категорија.
По еден возач во Скопје и Битола управувале возило без возачка дозвола, од кои возачот во Скопје е малолетник. По еден возач во Куманово, Велес и Неготино за управување возило иако имале мерка забрана за управување моторно возило од Б категорија. Додека, по еден возач во Македонска Каменица и Струга управувале возило под дејство на алкохол. Лицата се приведени во полициска станица, а по целосно документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.
МВР апелира до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да не управуваат возило без положен возачки испит или доколку имаат изречена мерка за забрана за управување или доколку се под дејство на алкохол и сите заеднички да придонесеме за побезбеден сообраќај.
Македонија
Хоџа: Реален пресврт во управувањето со отпадот во Полошкиот регион
Модерниот регионален систем за отпад значи крај на импровизациите и трајно решавање на проблемот кој со децении ги мачи граѓаните– беше клучната порака од обраќањето на министерот за животна средина и просторно планирање, Муамет Хоџа, на презентацијата на новата механизација за регионалниот центар Русино.
Инвестицијата во вредност од 1.114.200 евра е реализирана со поддршка од Европската банка за обнова и развој.
Со новата механизација значително се зголемува оперативниот капацитет на Русино и се воведуваат современи стандарди во секојдневното работење. Оваа активност е дел од пошироката инвестиција од 55 милиони евра со која започна најголемата инфраструктурна реформа во секторот отпад во државата.
Во следната фаза е предвидена инвестиција од околу 14 милиони евра за рехабилитација и проширување на депонијата, што вклучува изградба на нови депониски ќелии, систем за управување со исцедок и биогас и затворање на постојната депонија.
„Со тоа се обезбедува целосно усогласување со европските стандарди и воспоставување модерен регионален систем што значи крај на дивите депонии и почиста животна средина за граѓаните во Полог“, рече министерот.
Македонија
Јанчев: Во услови на безредие и хаос да се продолжува рок за легализација на дивоградби е фатално
Во услови на безредие и хаос да се продолжува рок за легализација на дивоградби е фатално, изјави на денешната седница на Собранието, пратеникот од Левица, Сашко Јанчев.
Тој истакна дека предложените измени на Законот за постапување со бесправно изградени објекти претставуваат директно стимулирање на дивоградбите и продлабочување на урбанистичкиот хаос.
Јанчев потсети дека законот од 2011 година, кој требало да важи шест години, со низа продолжувања се развлекува на вкупно 20 години, со што наместо да се затвори прашањето за старите објекти, се поттикнува изградба на нови дивоградби.
„Градежното земјиште е ограничен ресурс, а како во природата, така и во општеството, мора да постојат правила за негово користење. Урбанистичките правила постојат за да создадат хумана средина за живеење, а кога не се почитуваат добиваме хаос и безредие. Немаме градски архитекти за одржување на урбаниот ред, немаме урбанистички планови, за многу населени места, а постојните се стари по 15–20 години и не одговараат на реалноста на терен. Планирањето не го води јавниот интерес, туку профитот, кој често е спротивен на јавниот интерес. Имаме населби со број на жители што не одговара на капацитетите на водоводната и канализационата мрежа, недостиг на паркинг места, сообраќајници низ кои не може да помине ни едно противпожарно возило. Во вакви услови да се продолжува рокот за легализација и да се стимулираат нови дивоградби не е паметно, туку е штетно, а може да биде и фатално”, рече Јанчев.

