Македонија
Нови 179 случаи на коронавирус, нема починати лица
Во последните 24 часа направени се 977 теста, а регистрирани се 179 нови случаи на Ковид-19: Скопје – 97, Кавадарци и Велес – по 9, Битола и Прилеп – по 8, Куманово и Берово – по 6, Тетово и Гевгелија – по 5, Штип и Радовиш – по 4, Кратово – 3, Охрид, Кочани, Неготино и Свети Николе – по 2, Кичево, Струга, Крива Паланка, Делчево, Пробиштип, Крушево и Македонски Брод – по 1.
Од вкупниот број позитивни (179), регистрирани се 57 реинфекции.
Регистрирани сe 175 оздравени пациенти, и тоа од: Скопје – 93, Битола – 19, Прилеп и Кавадарци – по 12, Куманово – 11, Гевгелија – 5, Гостивар – 4, Велес, Струмица, Крива Паланка и Кратово – по 3, Кочани – 2, Тетово, Охрид, Кичево, Ресен и Свети Николе – по 1.
Во текот на изминатите 24 часа не се пријавени починати лица. Во согласност со регистарот на умрени лица со дијагноза Ковид-19 од „Мој термин“, не се регистрирани починати лица.
Направени се 977 теста: ИЈЗ-122, ЦЈЗ Скопје-91, ЦЈЗ Битола-21, ЦЈЗ Прилеп-11, ЦЈЗ Тетово-10, ЦЈЗ Куманово-28, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-0, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија–0, Институт за микробиологија–54, Жан Митрев (Филип Втори)-16, Авицена-29, Биотек-21, Систина-49, лабораторија Лаор-8, Синлаб-18, Ремедика-9, Плодност-6, Генеа-3, Никоб лаб-27, ВФВ медикал-9, Ели медика плус-9, Ројал медика–0, Спектра-ММ-2, Рапид лаб–3, Жан Митрев Струмица–0, Нова лаб дијагностика–0, Рамус-6, ЈЗУ и ПЗУ (рапид-тест) – вкупно 425.
Досега во земјата се направени вкупно 2.155.071 тестирање на Ковид-19. Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 341.127, бројот на оздравени пациенти е 330.328, на починати е 9.499, а бројот на активни случаи изнесува 1.300
Според епидемиолошките анализи, во моментот дистрибуцијата по градови е следна:
Дистрибуција по градови Заболени (вкупно), Активни случаи (вкупно)
Скопје 160.389, Активни 602
Куманово 18.125, Активни 38
Битола 17.822, Активни 102
Прилеп 15.399, Активни 51
Тетово 14.431, Активни 49
Кавадарци 12.001, Активни 38
Велес 10.742, Активни 34
Гостивар 10.264, Активни 17
Охрид 10.266, Активни 69
Струмица 8.763, Активни 14
Штип 8.714, Активни 32
Кичево 6.057, Активни 21
Кочани 5.530, Активни 28
Струга 5.166, Активни 13
Гевгелија 4.858, Активни 12
Неготино 4.121, Активни 12
Ресен 3.006, Активни 11
Радовиш 2.828, Активни 17
Свети Николе 2.791, Активни 10
Крива Паланка 2.641, Активни 13
Делчево 2.171, Активни 45
Берово 1.857, Активни 23
Дебар 1.811, Активни 4
Валандово 1.596, Активни 3
Виница 1.480, Активни 9
Пробиштип 1.299, Активни 2
Кратово 1.106, Активни 7
Богданци 1.099, Активни 3
Крушево 1.027, Активни 8
Демир Хисар 925, Активни 1
Македонски Брод 795, Активни 7
Демир Капија 629, Активни 1
Македонска Каменица 534, Активни 3
Пехчево 515, Активни 1
Дојран 369, Активни 0
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Дел од Центар денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 07:30 до 15:30 часот, дел од корисниците на улицата Новопроектирана 2, дел од локали и згради на булеварот, Партизнаски Одреди бр.15-17 и дел од локали и згради на булеварот Климент Охридски, општина Центар.
Македонија
Делови од Карпош и Бутел денеска без вода
Од ЈП водовод и Канализација известуваат дека поради изведување на водоводен приклучок ф-100 мм на улицата Демир Трајко 51, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од улицата Демир Трајко и Партизанска крак 1,3,5,7,9 и 11, општина Карпош. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.
Од ЈП водовод и Канализација исто така известуваат дека поради дефект на огрлица ф-300 мм на улицата Хо Ши Мин 292, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од истата улица, општина Бутел. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 10:00 часот до завршување со санација на дефектот.
Македонија
Следува период на стабилно и суво време, а дневната температура ќе биде во пораст
Сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 4, а максималната ќе достигне од 12 до 16 степени.
Во Скопје, сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 0, а максималната ќе достигне до 15 степени.
Времето во наредниот период
Под влијание на поле на висок воздушен притисок, следува период на стабилно и суво време, а дневната температура ќе биде во пораст. До средината на следната седмица ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец, а по одредени котлини ќе има појава на магла.

