Македонија
Нови 190 случаи на коронавирус, оздравени се 2.009 пациенти, а починаа 6 лицa
Во последните 24 часа се направени 1.530 тестирања, а регистрирани се 190 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-71, Куманово-19, Тетово-6, Прилеп-12, Гостивар-3, Штип-6, Битола-1, Велес-6, Охрид-5, Струмица-6, Кавадарци-8, Струга-11, Кочани-1, Кичево-8, Гевгелија-4, Неготино-8, Дебар-3, Ресен-7, Делчево-2, Радовиш-1, Пробиштип-2.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 2009 оздравени пациенти од: Скопје-1356, Куманово-51, Тетово -115, Прилеп -11, Гостивар-71, Штип-21, Битола-33, Велес-33, Охрид-81, Струмица-27, Кавадарци-41, Струга-33, Кочани-8, Кичево-22, Свети Николе-8, Гевгелија-10, Дебар-10, Крива Паланка-7, Ресен-14, Радовиш-2, Берово-1, Делчево-17, Виница-10, Пробиштип-2, Валандово-1, Демир Хисар-6, Македонски Брод-2, Богданци-2, Крушево-1, Македонска Каменица-11, Демир Капија-1, Дојран-1.
Починати се 6 лица, четири пациенти од Скопје (60,74,44 и 86г), еден од Куманово (72г) и еден пациент од Гостивар (64г). Пациентите се починати во болнички услови.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 88938, бројката на оздравени пациенти е 73601, на починати е 2702, а бројот на активни случаи изнесува 12635. Oд вчера се регистрира еден контролен тест, а според досега завршените епидемиолошки анализи во моментов дистрибуцијата по градови е следна:
• Скопје 38573, активни 7373
• Куманово 5015, активни 452
• Тетово 4955, активни 466
• Прилеп 4467, активни 301
• Гостивар 3533, активни 332
• Штип 3434, активни 178
• Битола 3166, активни 257
• Велес 2954, активни 335
• Охрид 2651, активни 376
• Струмица 2470, активни 383
• Кавадарци 2388, активни 403
• Струга 2141, активни 172
• Кочани 1697, активни 142
• Кичево 1662, активни 152
• Свети Николе 1061, активни 53
• Гевгелија 953, активни 130
• Неготино 941, активни 177
• Дебар 714, активни 125
• Крива Паланка 701, активни 91
• Ресен 708, активни 114
• Радовиш 674, активни 76
• Берово 564, активни 60
• Делчево 530, активни 148
• Виница 475, активни 43
• Пробиштип 474, активни 30
• Валандово 325, активни 29
• Демир Хисар 241, активни 13
• Македонски Брод 237, активни 15
• Богданци 214, активни 38
• Кратово 209, активни 17
• Крушево 190, активни 35
• Македонска Каменица 188, активни 46
• Демир Капија 177, активни 39
• Пехчево 175, активни 26
• Дојран 81, активни 8
Направените 1530 теста се преку: ИЈЗ-394, ЦЈЗ Скопје-35, Авицена-255, Биотек-256, МАНУ -66, Жан Митрев (Филип Втори)-55, Систина со PCR метода -225, лабораторија Лаор –125, Судска медицина-0, ЦЈЗ Битола-62, Инфективна клиника-2, ГАК-0, Синлаб-15, Ремедика-0, лабораторија болница Козле-0, ЈЗУ (рапид тест) -40, УК Пулмологија со алергологија –0, лаборатории од странство-0. Досега во земјата се направени вкупно 431.712 тестирања на Ковид -19.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
„Постои нешто магично во оваа земја“: Проштална порака на Агелер до македонските граѓани
Американската амбасадорка Ангела Агелер ѝ се обрати на јавноста со отворено писмо по повод завршувањето на нејзиниот тригодишен мандат во земјава, истакнувајќи ја силната поддршка на Соединети Американски Држави и вербата во силата и храброста на граѓаните на Северна Македонија.
Агелер потсетува дека пристигнала во Скопје пред три години како десетта амбасадорка на САД и дека била, и останува, длабоко почестена од можноста да ја претставува својата земја. Таа наведува дека уште на почетокот на мандатот изразила силна вера во македонските граѓани и дека таа вера со текот на времето била потврдена и зајакната.
Во писмото, амбасадорката посочи дека во одредени сегменти е постигнат напредок, а во други останува уште работа.
Агелер потсетува дека 2025 година ја одбележала 30-годишнината од билатералните односи меѓу САД и Северна Македонија и наведува дека заедничката работа донела конкретни резултати во области како економски раст, енергетска независност, судска реформа, инфраструктура, образование, културна заштита и евроатлантска интеграција.
Агелер посебно ја нагласува личната димензија на мандатот, наведувајќи дека низ земјата била примена во училишта, цркви, судници и домови, и дека со граѓаните водела отворени и искрени разговори, дури и кога постоеле несогласувања.
„Постои нешто магично во оваа земја – нејзината неверојатна убавина, нејзината историја, традиции и култури; нејзините противречности и извонредната отпорност и изненадувачкиот хумор на нејзините луѓе наспроти големите предизвици и длабоките загуби. Сето тоа го споделивте со мене, и ја напуштам Северна Македонија со чувство на огромна благодарност за вашата љубезност, за вашата несебична дарежливост и за силата за која знам дека ја имате за да ја надминете секоја пречка што ќе се најде на вашиот пат“, порача.
Во завршната порака, амбасадорката нагласува дека САД секогаш ќе стојат покрај Северна Македонија и ја повторува својата верба во визијата за посилна, побезбедна и попросперитетна земја, целосно интегрирана како евроатлантски партнер и сојузник.
Македонија
Променливо oблачно време до сабота, а потоа врнежи од дожд и снег
Следниве денови ќе носат променливо време со постепено покачување на температурите, проследено со врнежи кон крајот на неделта.
Според прогнозата на Хидрометеоролошката служба, утре на територијата на Македонија ќе преовладува променливо облачно со подолги сончеви периоди. Претпладнево се очекува магла во поедин котлини. Ветрот ќе биде слаб и од променлив правец. Минималните температури ќе се движат од -2 до 2 °C, додека максималните ќе достигнат од 6 до 10 °C.
За главниот град се предвидува променливо облачно со сончеви периоди и можност за магла претпладне. Температурите во Скопје ќе варираат од -1 °C минимална до 7 °C максимална.
Во наредните денови, до сабота времето ќе остане променливо облачно со пораст на дневните температури и појава на магла по одделни котлини. Забележителна промена се очекува од сабота кон крајот на денот, кога ќе започнат локални врнежи од дожд, а на планините од снег.
Неделата врнежите ќе се интензивираат, особено во попладневните и ноќните часови. Во тој период се очекуваат пообилни врнежи, кои на повисоките места ќе преминуваат во снег. Врнежите од дожд и снег ќе продолжат и во понеделник.
Македонија
(Видео) Филипче: Искрено верувам во ова што го правам, сакам да бидеме европско општество без корупција
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче на прес-конференција потенцираше дека неговата работа е искрена, се темели на чесни намери и верува доколку граѓаните дадат доверба на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија на некој следен циклус на избори да ја предводи владата, Македонија може да биде европска држава без корупција.
„Искрено верувам во ова што го правам. Јас сум човек што работи милиметарски прецизна работа и добро сум пресметал пред да се нафатам да го правам ова, што сакам, која е позадината и што сакам да постигнам. Сакам ова општество да заздрави, да биде исчистено од корупција, да се направат реформите да влеземе во Европската Унија затоа што тоа е стратешката цел“, рече Филипче.

