Македонија
Нови 2.019 случаи на коронавирус, починаа 19 лица
Во последните 24 часа направени се 6.119 теста, а регистрирани се 2.019 нови случаи на Ковид-19: Скопје – 968, Битола – 150, Кавадарци – 104, Куманово – 75, Тетово – 71, Прилеп – 64, Велес – 62, Струмица – 61, Гевгелија – 48, Кочани – 45, Охрид – 41, Штип – 38, Гостивар и Ресен – по 33, Неготино – 31, Радовиш – 27, Струга – 26, Кичево – 24, Свети Николе и Делчево – по 18, Валандово – 13, Берово – 12, Виница и Богданци – по 10, Крива Паланка – 9, Крушево, Демир Хисар и Македонски Брод – по 5, Кратово – 4, Пробиштип, Пехчево и Дојран – по 2, Дебар, Македонска Каменица и Демир Капија – по 1.
Од вкупниот број позитивни (2.019), регистрирани се 254 реинфекции, од кои две се втора реинфекција.
Регистрирани сe 973 оздравени пациенти, и тоа од: Скопје – 558, Охрид – 87, Битола – 70, Куманово – 38, Струга – 29, Струмица – 26, Прилеп – 25, Кавадарци – 20, Штип – 19, Тетово – 15, Гевгелија – 11, Ресен – 9, Кичево и Крива Паланка – по 8, Гостивар – 7, Велес, Радовиш и Крушево – по 6, Дебар – 5, Свети Николе и Берово – по 4, Кратово – 3, Кочани и Валандово – по 2, Виница, Богданци, Демир Хисар, Пробиштип и Демир Капија – по 1.
• Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 15 починати лица: 4 од Скопје (61, 70, 85 и 85), 3 од Прилеп (71, 72 и 82), 2 од Битола (84 и 84) и по едно починато лице од Гостивар (72), Охрид (81), Кочани (70), Свети Николе (79), Струмица (78) и од Штип (78). Од пријавените лица, 14 се починати во болнички услови, а едно лице во домашни услови.
Во согласност со регистарот на умрени лица со дијагноза Ковид-19 од „Мој термин“, пријавени се четри починати лица, од Скопје (1), Велес (1), Делчево (1) и од Радовиш (1) на возраст од 72 до 75 години. Пријавените се починати во периодот од 18.1.2022 до 22.1.2022 година. Од пријавените лица, три се починати во болнички услови, а едно лице во домашни услови.
Од вкупниот број починати лица (n=19), шест лица се целосно вакцинирани, а кај 17 се регистрирани коморбидитети.
Направени се 6.119 теста преку: ИЈЗ – 533, ЦЈЗ Скопје – 108, ЦЈЗ Битола – 99, ЦЈЗ Прилеп – 55, ЦЈЗ Тетово – 16, ЦЈЗ Куманово – 95, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби – 0, Судска медицина – 5, лабораторија во болницата во Козле – 0, УК Пулмологија со алергологија – 1, ГОБ „8 Септември“ – 0, Институт за микробиологија – 177, „Жан Митрев“ („Филип Втори“) – 171, „Авицена“ – 237, „Биотек“ – 298, „Систина“ – 117, лабораторија „Лаор“ – 181, „Синлаб“ – 43, „Ремедика“ – 20, „Плодност“ – 97, „Генеа“ – 17, „Никоб лаб“ – 1.114, „ВФВ медикал“ – 113, „Ели медика“ – 43, „Ројал медика“ – 32, „Спектра-ММ“ – 34, „Рапид лаб“ – 48, „Жан Митрев Струмица“ – 20, „Нова лаб дијагностика“ – 22, „Рамус“ – 57, ЈЗУ и ПЗУ (рапид-тест) – вкупно 2.366.
Досега во земјата се направени вкупно 1.762.045 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 261.347, бројот на оздравени пациенти е 231.179, на починати е 8.285, а бројот на активни случаи изнесува 21.883.
Според епидемиолошките анализи, во моментот дистрибуцијата по градови е следна:
Дистрибуција по градови Заболени (вкупно), Активни случаи (вкупно)
Скопје 118.549, Активни 11.802
Куманово 14.497, Активни 770
Прилеп 12.519, Активни 790
Битола 12.372, Активни 1.691
Тетово 12.160, Активни 548
Гостивар 8.629, Активни 348
Кавадарци 8.612, Активни 711
Велес 8.280, Активни 464
Охрид 7.794, Активни 635
Штип 7.400, Активни 328
Струмица 7.028, Активни 482
Кичево 4.850, Активни 312
Кочани 4.545, Активни 259
Струга 4.303, Активни 264
Гевгелија 3.635, Активни 441
Неготино 3.045, Активни 259
Свети Николе 2.371, Активни 125
Ресен 2.293, Активни 255
Радовиш 2.174, Активни 198
Крива Паланка 2.151, Активни 108
Делчево 1.722, Активни 176
Берово 1.626, Активни 103
Дебар 1.492, Активни 17
Валандово 1.315, Активни 175
Виница 1.269, Активни 58
Пробиштип 1.240, Активни 40
Кратово 869, Активни 60
Богданци 834, Активни 93
Крушево 811, Активни 129
Демир Хисар 759, Активни 76
Македонски Брод 621, Активни 42
Македонска Каменица 487, Активни 46
Демир Капија 477, Активни 29
Пехчево 412, Активни 33
Дојран 206, Активни 16
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Ковачки: Честа да се служи како генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ е огромна, продолжуваме обединети во нови победи
Одговорноста е голема, но честа да се служи како генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ под лидерството на Христијан Мицкоски e огромна, напиша на социјалните мрежи пратеникот Драган Ковачки откако беше избран на позицијата во партијата.
„Дадената доверба што ми ја укажа претседателот Мицкоски е обврска кон идејата, кон членовите на партијата и кон Македонија.
Благодарен сум за поддршката, за вербата и за можноста заедно да продолжиме по патот на сплотеност, чесна борба и посветена работа.
Благодарност до досегашниот генерален секретар Ѓорѓија Сајкоски кој несебично и целосно беше посветен на организацијата.
Продолжуваме обединети, со срце и со јасна цел во нови победи за ВМРО-ДПМНЕ и иднина каква што ја заслужува Македонија“, напиша Ковачки.
Македонија
Најдоцна до јуни реконструкција на владиниот кабинет, Ковачки е нов генерален секретар на партијата, соопшти Мицкоски
Денес заседаваше Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, на кој беа донесени важни одлуки за понатамошното јакнење и модернизација на партијата, истакна претседателот на партијата Христијан Мицкоски.
„Централниот комитет донесе одлука за избор на нов Извршен комитет на партијата, што претставува спој помеѓу искуството и дел од луѓето којшто се веќе дел од претходните состави на Извршниот комитет и нови членови коишто заедно со оние коишто во минатото беа дел од Извршниот комитет ќе го формираат новиот Извршен комитет на партијата“, посочи Мицкоски.
Овие одлуки, како што рече, се јасен показател дека партијата се менува и се прилагодува на новите предизвици.
„Нашата цел е создавање силна, ефикасна и обединета структура која ќе даде конкретни и одговорни решенија за потребите на граѓаните.
Во периодот што следува, влегуваме во фаза на кадровско екипирање и дополнително отворање на партијата кон нови идеи, нови луѓе и нова енергија. Ќе работиме на зајакнување на внатрешната организација, транспарентноста и инклузивнот процес на членството“.
Најави дека во периодот што следи ќе има доекипирање на структурата на партијата, а веќе во мај месец а најдоцна до јуни, ќе има и рекострукција на дел од ресорите во рамките на владиниот кабинет, а можеби, како што рече и во некои институции.
Досега, информира тој, не е направена таква анализа но во периодот кој следи, истата ќе биде направена.
Соопшти дека за нов генерален секретар е избран пратеникот Драган Ковачки.
Членови на Извршниот комитет се: Александар Николовски, Владо Мисајловски, Гордана Димитриеска Кочоска, Тимчо Муцунски, Ѓорѓија Сајкоски, Никола Мицевски, Луке Галевски, Антонијо Милошоски, Дафина Стојаноска, Рашела Мизрахи, Влатко Ѓорчев, Кирил Пецаков, Марија Андоновска, Ели Панова, Игор Јанушев, Марија Митева, Благоја Ташаминов, Орце Ѓорѓиевски, Онер Јакуповски, Драгана Бојковска, Синиша Стојановски, Стефан Андоновски, Филип Поповски и Бобан Николовски.
Огранизационен секретар е Ивица Томовски, а за шеф на кабинетот на Мицкоски продолжува да биде Владимир Неловски.
„Во услови кога имаме опозицијата која не нуди решенија и која е целосно безидејна, полна со проблеми, знаеме дека решението мора да биде силен граѓански инпут за силна и стабилна ВМРО- ДПМНЕ.
ВМРО-ДПМНЕ продолжува по патот на обнова, обединување и подготовка за нови изборни победи, јасно е дека следните ќе бидат парламентарните избори, со една јасна цел – подобар живот за сите граѓани“.
Македонија
Никој во тендер коалицијата ВМРО-ЗНАМ не живее од плата туку на грбот на граѓаните, велат од СДСМ
„Антилогика – ЗНАМ го напаѓа СДСМ затоа што Максим Димитриевски призна дека не живее од плата.
Па СДСМ само ја објави вистината, не може да им бидеме криви ние за признанието на Максим.
Никој во тендер коалицијата ВМРО-ЗНАМ не живее од плата туку на грбот на граѓаните.
Тоа веќе сите го знаат“, велат од СДСМ.
Според опозициската партија, со ваквата политика, како што велат, сè да биде приватен бизнис на тендер коалицијата, веќе недостигаат две милијарди евра.
„Што се однесува на времето на ковид кризата државата се задолжуваше за да им помогне на граѓаните, бидејќи СДСМ и тогаш и сега, се грижи за граѓаните. За разлика од тендер коалицијата ВМРО-ЗНАМ кои се луксузираат на грбот на народот и вратат тендери.
Таков е примерот со тендерот од 1,2 милиони евра Пошта, за фирмата блиска до ЗНАМ. Додека вработените во Пошта со месеци им доцнат платите.
Работниците да гладуваат, а тие да живеат во луксуз. Така е составен и буџетот, само за нивните потреби“.

