Македонија
Нови 23 случаи на заразени и 4 починати од коронавирус во Македонија
Во последните 24 часа се направени 2.853 тестирања, а регистрирани се 23 нови случаи на Ковид-19 од:
Скопје – 9, Куманово и Прилеп – по 3, Струмица и Кичево – по 2, Битола, Гостивар, Гевгелија и Радовиш – по 1.
Регистрирани се 32 оздравени пациент од: Скопје – 13, Радовиш – 4, Битола и Кратово – по 3, Прилеп – 2, Гостивар, Куманово, Штип, Струмица, Кочани, Кичево и Берово – по 1.
Пријавени се вкупно 4 починати лица: 3 лица од Скопје (76г,76г и 77г) и едно лице од Куманово (71г).
Од пријавените, сите лица се починати во болнички услови.
Направени се 2.853 тестови преку: ИЈЗ-151, ЦЈЗ Скопје-47, ЦЈЗ Битола-37, ЦЈЗ Прилеп-37, ЦЈЗ Тетово–25, ЦЈЗ Куманово–40, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-0, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија 0, ГОБ 8-ми Септември-4, Институт за микробиологија–21, МАНУ-99, Жан Митрев (Филип Втори)-123, Авицена-350, Биотек-373, Систина-132, лабораторија Лаор-202, Синлаб-87, Ремедика-33, Плодност–45, Генеа–10, Никоб лаб-102, ВФВ Медикал-15, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 920.
Досега во земјата се направени вкупно 818.746 тестирања на Ковид-19.
Вкупната бројка на Ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 155.441, бројката на оздравени пациенти е 149.528, на починати е 5.462, а бројот на активни случаи изнесува 451.
Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна:
Скопје 68576, Активни 214
Куманово 8848, Активни 40
Прилеп 8314, Активни 33
Тетово 7220, Активни 19
Битола 6298, Активни 15
Велес 5469, Активни 2
Гостивар 5180, Активни 15
Кавадарци 5153, Активни 2
Охрид 5008, Активни 19
Штип 4959, Активни 2
Струмица 4113, Активни 8
Струга 2982, Активни 8
Кочани 2789, Активни 6
Кичево 2570, Активни 22
Гевгелија 2195, Активни 4
Неготино 2184, Активни 4
Свети Николе 1523, Активни 2
Ресен 1234, Активни 1
Крива Паланка 1220, Активни 1
Радовиш 1161, Активни 8
Берово 1029, Активни 1
Делчево 972, Активни 4
Дебар 940, Активни 1
Виница 886, Активни 10
Пробиштип 789, Активни 0
Валандово 666, Активни 1
Богданци 494, Активни 0
Крушево 490, Активни 1
Демир Хисар 400, Активни 3
Демир Капија 396, Активни 0
Кратово 375, Активни 2
Македонски Брод 359, Активни 1
Пехчево 268, Активни 0
Македонска Каменица 249, Активни 2
Дојран 132, Активни 0
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Забрана за камиони на неколку патни правци поради врнежи од снег
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по влажни коловози, на повисоките места, во западните делови од државата со мали остатоци од кашест снег на коловозот, извести АМСМ
Врнежи од снег со променлив интензитет се бележат на Попова Шапка, во Маврово и на планинскиот премин Стража. На планинскиот премин Буково врнежите се од дожд и снег.
Поради врнежи од снег воведена е забрана за сообраќај за тешки товарни возила на патниот правец Гостивар – Кичево преку планинскиот премин Стража, како и на патниот правец крак Маврово – Дебар.
На патниот правец Тетово – Попова Шапка е воведена забрана за сообраќај за автобуси, а за останатите видови на возила задолжителна е употреба на зимска опрема.
Македонија
Делови од Илинден, Ѓорче Петров и Кисела Вода денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 08:30 до 13:00 часот дел од улицата 19 во населба Илинден, oпштина Илинден;
· во периодот од 08:30 до 14:00 часот дел од корисниците во населба Волково, поточно улиците: 95, 100, 101, 102 и 103, општина Ѓорче Петров;
· во периодот од 08:30 до 14:30 часот дел од корисниците на улицата Јустинијан Први во село Драчево, поточно делот од Маркет – Вајота кон село Студеничани, општина Кисела Вода;
· во периодот од 09:00 до 14:00 часот дел од улицата Герника, општина Кисела Вода.
Македонија
Дел од Центар денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради изведување на водоводен приклучок ф-125мм на улицата Светозар Марковиќ бб, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од улицата Светозар Марковиќ и дел од булеварот Кочо Рацин, вклучително и објектот на Веро Џамбо, општина Центар.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.

