Македонија
Нови 296 случаи на Ковид-19, починаа 18 лицa
Во последните 24 часа се направени 1253 тестирања, а регистрирани се 296 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-90, Куманово-19, Дебар-9, Штип-13, Прилеп-23, Тетово-14, Струга-9, Велес-16, Битола-9, Охрид-15, Кавадарци-12, Гостивар-4, Гевгелија-7, Струмица-17, Крива Паланка-4, Радовиш-1, Кочани-3, Пробиштип-1, Демир , Хисар-2, Валандово-3, Виница-2, Делчево-1, Свети Николе-2, Кичево-2, Ресен-9, Неготино-9.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 511 оздравени пациенти од: Скопје-231, Куманово-26, Штип-20, Прилеп-35, Тетово-25, Струга-16, Велес-21, Битола-23, Охрид-17, Кавадарци-3, Гостивар-19, Гевгелија-7, Струмица-2, Крива Паланка-1, Радовиш-4, Кочани-14, Пробиштип-3, Демир Хисар-1, Македонски Брод-2, Пехчево-1, Берово-1, Виница-4, Делчево-7, Кратово-1, Свети Николе-10, Кичево-8, Ресен-6 и Неготино-3.
Починати се 18 лица, двајца пациенти од Скопје (59 и 54г), тројца од Штип (49, 82 и 68г), еден пациент од Прилеп (81г), еден од Тетово (64г), еден од Струга (65г), еден од Велес (65г), еден од Битола (61г), еден од Охрид (84г), еден од Кавадарци (75г), двајца пациенти од Гостивар (73 и 52г), еден од Струмица (57г), еден од Крива Паланка (75г) и двајца пациенти од Кичево (82 и 68г). Пациентите се починати во болнички услови.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 81721, бројката на оздравени пациенти е 59231, на починати е 2445, а бројот на активни случаи изнесува 20045. Според досега завршените епидемиолошки анализи во моментов дистрибуцијата по градови е следна:
• Скопје 35241, активни 11376
• Куманово 4661, активни 571
• Дебар 614, активни 127
• Штип 3263, активни 303
• Прилеп 4137, активни 636
• Тетово 4706, активни 894
• Струга 1995, активни 350
• Велес 2710, активни 520
• Битола 2980, активни 612
• Охрид 2363, активни 594
• Кавадарци 2051, активни 588
• Гостивар 3339, активни 594
• Гевгелија 1128, активни 299 (75 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 189 на Богданци и 12 се странски државјани)
• Струмица 2272, активни 650
• Крива Паланка 601, активни 121
• Радовиш 603, активни 121
• Крушево 161, активни 71
• Кочани 1577, активни 241
• Пробиштип 441, активни 45
• Демир Хисар 234, активни 40
• Македонски Брод 210, активни 25
• Пехчево 145, активни 25
• Берово 487, активни 50
• Валандово 302, активни 70
• Виница 442, активни 65
• Делчево 664, активни 200 (182 лица од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица)
• Кратово 192, активни 23
• Свети Николе 1033, активни 113
• Кичево 1551, активни 246
• Ресен 634, активни 143
• Неготино 984, активни 332 (153 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)
Направените 1253 теста се преку: ИЈЗ-492, ЦЈЗ Скопје-34, Авицена-199, Биотек-118, МАНУ -111, Жан Митрев (Филип Втори)-96, Систина со PCR метода -14, лабораторија Лаор –46, Судска медицина-0, ЦЈЗ Битола-72, Инфективна клиника-0, ГАК-0, Синлаб-24, Ремедика-0, лабораторија болница Козле-0, ЈЗУ (рапид тест) -47, УК Пулмологија со алергологија –1, лаборатории од странство-0. Досега во земјата се направени вкупно 393.629 тестирања на Ковид -19.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Перински: Средбите со градоначалниците и советниците ми даваат јасна слика за потребите на општините
Во рамки на караванот „Каде што срцето е дома“, министерот за локална самоуправа, Златко Перински заедно со заменик министерот, Ерџан Селими остварија средба со градоначалникот на Општина Сопиште, Јане Мицевски и претставници на Советот на општината.
На средбата со градоначалникот Мицевски беше разгледана динамиката на спроведување на проектите одобрени во рамки на вториот јавен повик од потпрограмата АА за инфраструктурни проекти во општините. Општина Сопиште, преку двата јавни повика, доби поддршка за 11 проекти, со вкупна вредност од 54.016.646 денари.
На средбата со советниците се разговараше за клучните активности на Министерството како и за воспоставениот Ресурсен центар за поддршка на општините.
„Во рамки на центарот веќе се подготвуваат неколку прирачници кои ќе им ја олеснат работата на новоизбраните градоначалници“, нагласи министерот.
Перински го презентираше Прирачникот „Патоказ за ефикасно локално управување“, изработен како едно од првите продукти на Ресурсниот центар. Документот е осмислен да им даде јасна поддршка на новите градоначалници во почетниот период од мандатот преку конкретни чекори, препораки и насоки за клучните процеси и додаде дека ќе биде доставен до сите градоначалници низ државата.
Nајави и дека е во тек развојот на дигитална алатка преку која општините ќе можат лесно и брзо да побараат поддршка, да преземат корисни документи за секојдневната работа, да се информираат за новитети од нивен интерес и директно да комуницираат со Министерството за локална самоуправа.
„Она што го презентираше министерот само ја потврдува вредноста на прирачникот како документ кој ќе ни ја олесни работата и ќе нè води низ процесите“, истакна Мицевски.
Македонија
Почна доградбата на ООУ „Јоаким Крчоски“ во Ѓорче Петров, инвестиција од 42 милиона денари
Општина Ѓорче Петров денес официјално го потпиша договорот за доградба на ООУ „Јоаким Крчоски“, со што започнува реализацијата на инвестиција вредна 42 милиони денари.
Проектот опфаќа проширување на училиштето со современ, функционален и енергетски ефикасен простор со површина од околу 600 метри квадратни, целосно прилагоден на потребите на учениците и наставниот кадар.
Со доградбата, училиштето ќе добие осум нови училници на две нивоа, придружени со нови санитарни простории, современ скалишен простор и комуникациски ходници, како и нов влез кој ќе го поврзува проширениот дел со постојниот објект. Преку т.н. „топла врска“ ќе се обезбеди непречено движење и целосна интеграција на новиот дел со училиштето, што значително ќе го подобри функционирањето и ќе обезбеди подобри услови за сите.
Во новиот објект ќе биде инсталиран и модерен систем за греење и ладење со топлинска пумпа, кој ќе овозможи висока енергетска ефикасност и стабилна температура во текот на целата година, создавајќи пријатна и продуктивна средина за учење.
Градоначалникот на Општина Ѓорче Петров, Александар Стојкоски, истакна дека проектот е директна инвестиција во иднината на најмладите.
„За нас, најмладите се највисок приоритет. Со оваа доградба, создаваме подобри услови за работа, поголеми капацитети и современо училиште какво што им доликува на нашите деца – модерно, безбедно и подготвено за иднината“, рече Стојкоски.
Македонија
„Син ми многу сакаше кафе, напијте се”: мајка на загинато дете ги послужи новинарските екипи на паузата од судењето
На првата пуаза од судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, откога многумина бранители побараа одлагање на судењето и нова листа на докази бидејќи Обвинителството ги спои постапките за дискотеката „Пулс“ и за агенцијата „Рубикон“, мајка на едно од загинатите деца пред објектот на судницата ги послужи со кафе новинарските екипи и семејствата на загинатите.
„Никаде не одиме без кафе, син ми многу пиеше кафе. Ајде напијте се“, рече таа.

Во тек е пауза на судењето. Судијката одобри 15 минути пауза затоа што голем број од обвинетите побараа пауза за тоалет.

