Македонија
Нови 75 позитивни на коронавирус – пријавени две починати лица
Во согласност со податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа направени се 745 теста, а регистрирани се 75 нови случаи на Ковид-19: Скопје – 52, Куманово, Прилеп и Велес – по 3, Гевгелија, Неготино и Берово – по 2, Битола, Тетово, Кавадарци, Охрид, Гостивар, Струмица, Свети Николе и Кратово – по 1.
Од вкупниот број позитивни (75), регистрирани се 23 реинфекции.
Регистрирани сe 94 оздравени пациенти, и тоа од: Скопје – 47, Битола – 11, Прилеп – 7, Ресен – 6, Куманово – 5, Штип – 4, Кичево и Радовиш – по 3, Тетово – 2, Кавадарци, Велес, Гостивар, Неготино, Богданци и Пехчево – по 1.
Во текот на изминатите 24 часа не е регистрирано починато лице. Во согласност со регистарот на умрени лица со дијагноза Ковид-19 од „Мој термин“, регистрирани се две починати лица: од Скопје (56) и од Кавадарци (84), починати во периодот од 21.9 до 2.10 2022. Починати се во домашни услови.
Бројот на починати е 9.539, а бројот на активни случаи изнесува 446.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Милошоски: За првпат премиер на Македонија е поканет на инаугурација на претседател на САД
Денес за време на инаугурација на 47-от претседател на САД за првпат премиер на владата на Македонија е поканет и ќе присуствува на овој настан во Вашингтон, кој е главна тема на меѓународната политичка сцена, вели пратеникот и поранешен шеф на дипломатијата, Антонијо Милошоски.
Според него, ова е исклучително добра вест за нашата држава и успех за македонската дипломатија.
„Склученото стратешко партнерство од 2008. година, во комбинација со личните познанства меѓу премиерот Мицкоски и неколку членови на владата со дел од блиските соработници на претседателот Трамп, претставува солидна основа за продлабочување на македонско-американските односи, особено во областа на економијата, безбедноста, енергетиката и подобро усогласување на дипломатските активности во области од заеднички интерес“, вели Милошоски.
Како што додава, во овој динамичен свет кој многу брзо се менува, добро е што преку премиерот, Македонија е присутна во Вашингтон и го зајакнува партнерство и довербата со САД, земјата која има најголем потенцијал во обликувањето на меѓународната политика.
Македонија
Се запалил оџакот, а од него и покривот во домот за стари лица во Кавадарци, евакуирани сите станари, од кои пет биле неподвижни
Триесет лица, од кои пет неподвижни, се евакуирани од домот за стари лица, што се запали во селото Чемерско, Кавадарци.
Според првичните информации, првин се запалил оџакот, а од него и покриовот на домот.
Сите 30 станари во доморт се живи и безбедно извлечени од објектот што бил зафатен од пожарот и ќе бидат сместени во Општата болница во Кавадарци, соопшти Центарот за управување со кризи.
Пожарот го гаснеа 10 пожарникари со 3 противпожарни возила. На терен има уште 3 медицински тима и 2 полициски возила со 8 полицајци.
Македонија
Нема посериозно повредени во пожарот во домот за стари лица во Чемерско, според Јанчев
Сите пациенти се транспортираат од опожарениот дом од село Чемерско кон Кавадарци, информира градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев, откако од страна на надлежните утрово беше објавено дека пожар го зафатил старскиот дом во кавадаречкото село.
„Во моментот ги сместуваме сите пациенти од домот за стари лица во селото Чемерско. Во делот на бројната состојба, тоа се 30-ина лица, од кои 10 пациенти се во потешка состојба“, вели Јанчев.
Појасни дека градот е организиран во делот на брзата помош во соработка со екипи од Свети Николе, Велес, Неготино, и противпожарната единица од Кавадарци заедно со ОВР Кавадарци.
„Сите пациенти се транспортираат од село Чемерско кон Кавадарци, претежно станува збор за повозрасни лица во поодминати години и во потешки состојби, но и за доста премрзнати лица, кои за време на пожарот беа евакуирани надвор од самиот дом и беше организиран навремен превоз за да можеме да ги донесеме до Општата болница во Кавадарци. Сите пациенти ќе бидат прегледани и ќе бидат сместени во Општата болница. И според нивната ситуација ќе им биде дадена соодветна терапија“, заклучи Јанчев.
Појасни дека нема лица со посериозни повреди, но поради тоа што станува збор за ризична категорија лица, било реагирано соодветно и брзо со цел тие да бидат сместени на топло и да примаат соодветна медицинска помош.
Регионалниот Центар за управување со кризи од Велес претходно информира дека на терен се 10 пожарникари со три противпожарни возила. На терен излегле и три медицински тима и две полициски возила со осум полицајци.