Македонија
Нови 788 случаи на коронавирус, починаа 4 лица
Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа направени се 1.631 тестови, а регистрирани се нови 788 случаи на Ковид-19: Скопје – 350, Битола – 59, Куманово – 53, Кавадарци – 33, Охрид – 31, Прилеп – 30, Велес и Струмица – по 27, Тетово – 25, Штип – 22, Гостивар – 20, Струга – 18, Кичево и Гевгелија – по 14, Неготино – 12, Ресен – 10, Крива Паланка – 9, Радовиш – 8, Кочани – 6, Берово, Кратово и Крушево – по 3, Богданци, Демир Хисар и Македонски Брод – по 2, Дебар, Валандово, Виница, Пробиштип и Пехчево – по 1.
Од вкупниот број на позитивни (788), регистрирани се 191 реинфекции.
Регистрирани сe 541 оздравени пациенти од: Скопје – 251, Битола – 41, Прилеп – 31, Охрид – 28, Тетово – 27, Куманово – 24, Кавадарци и Велес – по 23, Струмица – 15, Штип – 13, Кочани – 12, Струга и Кичево – по 8, Гостивар – 6, Радовиш – 5, Гевгелија и Неготино – по 4, Крива Паланка, Берово и Кратово – по 3, Ресен – 2, Богданци, Демир Хисар, Валандово, Виница, Пробиштип, Пехчево и Свети Николе – по 1.
Во текот на изминатите 24 часа пријавени се две починати лица од: Струга (89 г) и Охрид (92 г), двајцата се починати во болнички услови.
Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза Ковид-19 од Мој термин се регистрирани две починати лица од Куманово (81г) и Гостивар (78г). Двајцата се починати во домашни услови. Лицата се пријавени за починати во период од 07.07.2022 – 12.07.2022г.
Направени се 1.631 тестови преку: ИЈЗ-264, ЦЈЗ Скопје-32, ЦЈЗ Битола-57, ЦЈЗ Прилеп-22, ЦЈЗ Тетово-39, ЦЈЗ Куманово-53, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-1, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија–0, ГОБ 8 Септември-0, Институт за микробиологија–159, Жан Митрев (Филип Втори)-14, Авицена-43, Биотек-75, Систина-33, лабораторија Лаор-14, Синлаб-9, Ремедика-3, Плодност-25, Генеа-11, Никоб лаб-68, ВФВ Медикал-7, Ели медика плус-3, Ројал медика–1, Спектра-ММ-8, Рапид лаб–4, Жан Митрев Струмица–2, Нова лаб дијагностика–0, Рамус-15, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест)– вкупно 669.
Досега во земјата се направени вкупно 2.104.009 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 321.386, бројот на оздравени пациенти е 308.199, на починати е 9.349, а бројот на активни случаи изнесува 3.838
Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна:
Дистрибуција по градови Заболени (вкупно), Активни случаи (вкупно)
Скопје 152073, Активни 1865
Куманово 17143, Активни 194
Битола 16320, Активни 285
Прилеп 14532, Активни 149
Тетово 13763, Активни 124
Кавадарци 11054, Активни 170
Велес 10101, Активни 139
Гостивар 9770, Активни 78
Охрид 9300, Активни 172
Струмица 8270, Активни 97
Штип 8264, Активни 71
Кичево 5757, Активни 58
Кочани 5208, Активни 42
Струга 4826, Активни 65
Гевгелија 4504, Активни 49
Неготино 3794, Активни 49
Ресен 2815, Активни 46
Свети Николе 2672, Активни 23
Радовиш 2577, Активни 23
Крива Паланка 2470, Активни 30
Делчево 2010, Активни 5
Берово 1706, Активни 10
Дебар 1696, Активни 10
Валандово 1513, Активни 13
Виница 1402, Активни 3
Пробиштип 1287, Активни 3
Богданци 1038, Активни 6
Кратово 997, Активни 20
Крушево 944, Активни 10
Демир Хисар 853, Активни 13
Македонски Брод 755, Активни 11
Демир Капија 599, Активни 1
Македонска Каменица 527, Активни 2
Пехчево 488, Активни 1
Дојран 358, Активни 1
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Посебен режим на сообраќај во Скопје
Денеска со почеток од 12 часот од страна на Сојузот на синдикати на Македонија ќе биде одржан протест пред Стопанска Комора на Р.С. Македонија на улицата „Димитрие Чуповски“ и улицата „Даме Груев“ и сообраќајот ќе биде пренасочен по околните сообраќајници.
Од тие причини Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот во централното градско подрачје на Град Скопје.
„Апелираме до сите граѓани учесници во сообраќајот да се почитуваат наредбите кои ќе ги даваат полициските службеници“, велат од МВР.
Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Адвокатите на Заев вршеле притисок, предметот „Пуч“ останал неотворен во СЈО
Специјалното јавно обвинителство (СЈО) наместо како независнa институција, функционирало како партиски штаб на СДСМ, тврдат од ВМРО-ДПМНЕ во соопштение до јавноста, повикувајќи се на изјави од поранешната обвинителка Лејла Кадриу.
Според Кадриу, четворица адвокати на Зоран Заев во времето на СЈО вршеле притисок врз обвинители за предметот „Пуч“.
„Во СЈО дошле 4 адвокати на Зоран Заев, да ги убедуваат обвинителите да се пуштат лица од притвор за предметот „Пуч“. Биле убедувани да дадат позитивно мислење за да може предметот да се преземе од ОЈО ГОКК, за да може предметот да биде работен од СЈО“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Како што се наведува, предметот потоа бил донесен во СЈО, спакуван во кутии и фолија, и доделен на обвинителките Ленче Ристоска и Лиле Стефановска, но не бил процесуиран.
„Предметот бил оставен да фаќа прашина, а обвинителките не оделе на рочиште, што според обвинителката Кадриу, тој предмет и денес ако се најде, се уште би бил со заштитна фолија, ниту отворен, ниту разгледан. Кадриу тврди дека предметот бил префрлан и чуван без суштинска постапка, што отвора сомнежи за неговото реално процесирање“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Кадриу посочува и дека најмалку уште два предмети, меѓу кои случаите поврзани со Гордана Јанкуловска и Нешковски, биле политички мотивирани и користени за постигнување одредени политички цели, велат од партијата.
Од ВМРО-ДПМНЕ бараат Јавното обвинителство да ги истражи наводите темелно и непристрасно, со цел, како што наведуваат, да се утврди вистината и евентуалната одговорност.
Македонија
СДСМ: Владата сака авион за Мицкоски, но не и 600 евра минимална плата
СДСМ обвини дека Владата ги игнорира барањата за покачување на минималната плата на 600 евра, додека истовремено најавува набавка на нов владин авион.
„Додека над 200.000 работници едвај врзуваат крај со крај, а вредноста на синдикалната кошница одамна надмина 66 илјади денари, Владата одбива да ја покачи минималната плата на 600 евра“, се наведува во партиското соопштение.
Според СДСМ, пратениците од коалицијата ВМРО-ЗНАМ го блокираат предлог-законот за зголемување на минималната плата и поддршка на компаниите, поднесен од оваа партија. Партијата оценува дека со тоа директно се ускратува финансиска помош за работниците и стопанството.
„Владата сака да купи нов авион за Мицкоски, за нови туристички патувања, како она во Давос“, стои во соопштението, во кое се наведуваат и споредби со луксузите од времето на Никола Груевски, како и со, како што велат, личниот луксуз на актуелниот премиер.
СДСМ истакнува дека ќе продолжи да се бори за „економска правда и враќање на достоинството на граѓаните“.

