Македонија
Нови 86 случаи на коронавирус, пријавено е едно починато лице
Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа направени се 1.167 тестови, а регистрирани се 86 нови случаи на Ковид-19: Скопје – 65, Битола – 4, Прилеп – 3, Гостивар, Штип, Ресен и Берово – по 2, Кавадарци, Велес, Охрид, Струмица, Кочани и Крива Паланка – по 1.
Од вкупниот број на позитивни (86), регистрирани се 18 реинфекции.
Регистрирани се 87 оздравени пациенти од: Скопје – 58, Битола – 8, Кавадарци – 6, Охрид – 4, Гостивар, Кочани, Струга и Гевгелија – по 2, Ресен, Радовиш и Демир Хисар – по 1.
Во текот на изминатите 24 часа не се пријавени починати лица. Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин дополнително е регистрирано едно починато лице од Демир Капија (74г),починато во болнички услови. Лицето е починато на 29.04.2022 година.
Направени се 1.167 тестови преку: ИЈЗ-77, ЦЈЗ Скопје-108, ЦЈЗ Битола-36, ЦЈЗ Прилеп-6, ЦЈЗ Тетово-7, ЦЈЗ Куманово-22, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-0, лабораторија болница Козле-13, УК Пулмологија со алергологија –0, ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–50, Жан Митрев (Филип Втори)-41, Авицена-33, Биотек-48, Систина-49, лабораторија Лаор-21, Синлаб-5, Ремедика-5, Плодност-14, Генеа-13, Никоб Лаб-71, ВФВ Медикал-6, Ели Медика Плус-3, Ројал Медика–3, Спектра-ММ-3, Рапид Лаб–2, Жан Митрев Струмица–6, Нова Лаб Дијагностика–4, Рамус-9, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 512.
Досега во земјата се направени вкупно 2.043.694 тестирања на КОВИД-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 311.199, бројот на оздравени пациенти е 301.361, на починати е 9.297, а бројот на активни случаи изнесува 541.
Дистрибуција по градови Заболени (вкупно), Активни случаи (вкупно)
Скопје 146406, Активни 335
Куманово 16665, Активни 13
Битола 15591, Активни 71
Прилеп 14197, Активни 17
Тетово 13470, Активни 5
Кавадарци 10676, Активни 10
Велес 9784, Активни 3
Гостивар 9605, Активни 7
Охрид 8891, Активни 13
Струмица 8072, Активни 2
Штип 8046, Активни 10
Кичево 5643, Активни 9
Кочани 5088, Активни 5
Струга 4724, Активни 2
Гевгелија 4418, Активни 3
Неготино 3687, Активни 2
Ресен 2746, Активни 11
Свети Николе 2628, Активни 3
Радовиш 2530, Активни 0
Крива Паланка 2415, Активни 1
Делчево 1983, Активни 1
Дебар 1675, Активни 1
Берово 1676, Активни 13
Валандово 1488, Активни 0
Виница 1393, Активни 0
Пробиштип 1267, Активни 0
Богданци 1021, Активни 0
Кратово 965, Активни 0
Крушево 927, Активни 1
Демир Хисар 835, Активни 1
Македонски Брод 736, Активни 0
Демир Капија 593, Активни 0
Македонска Каменица 525, Активни 2
Пехчево 486, Активни 0
Дојран 347, Активни 0
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
АХВ: Спречен увоз на над 26 тони замрзнато пилешко месо од Бразил
Инспекциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) спречија увоз на над 26 тони замрзнато пилешко месо од Бразил на граничниот премин Ќафасан.
Пратката, составена од 2.167 пакувања по 12 килограми, е вратена во земјата извозник поради неисполнување на условите за увоз.
Од АХВ соопштија дека забраната е донесена врз основа на претходно решение за забрана на увоз на живи животни, производи и нуспроизводи од животинско потекло од Бразил, со цел да се спречи внесување на вирусот на високо патогена авијарна инфлуенса (птичји грип).
Според правилата, забранет е увозот на пратки добиени од животни кои се заклани, натоварени и сертифицирани пред 1 август 2025 година.
Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Пукна меурот од конструкции на СДС, документи и докази ги рушат мигрантските лаги на СДС, Филипче е разоткриен
„Хистеријата на СДС и Филипче за лажните вести што ги создаваат и пласираат се распукнаа како меур од сапуница“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
„Лицемерието на СДС и Филипче излезе на виделина пред очите на целокупната јавност.
За разлика од глумата на Филипче во улогата на патриот, менувањето ставови и ширењето лаги за непостоечки теми од страна на СДС, ВМРО-ДПМНЕ има јасна државотворна позиција против политиките што ја загрозуваат безбедноста и интересите на граѓаните на Македонија. ВМРО-ДПМНЕ и тогаш, и сега води антиемигрантска политика.
Фактите се јасни и документирани, СДС на чело со Заев и Филипче отворено нудеа Македонија да стане паркинг на мигрантски кампови. Вистина е дека постоеја планови, постојат изјави и постоела волја кај СДС, Заев и Филипче да се вдомат мигранти.
Филипче и Заев биле спремни за населување на мигрантите во Скопје, во 2018 година усвоиле План за изградба на мигрантски камп во Бардовци.
Филипче туркал камп во Бардовци и гласал да се доселат мигранти во Македонија, а за сето тоа има и доказ во Службениот весник од 2018 година, каде што е објавена одлуката на владата за изградба на мигрантски камп, со Имотен лист бр. 2140 за КО Бардовци.
Филипче растура пердуви со лажни теми и игра криенка по партиските штабови додека бега од новинари и новинарски прашања.
Додека Филипче бега, вистината ги стигна и излезе на виделина. Наместо спинови и паника СДС нека одговори колку мигранти беа спремни да примат во 2018 година?
Кој ги договараше камповите?
Зошто тогаш Филипче молчеше во знак на одобрение а денес глуми патриот и принципиелност?
Време е СДС и Филипче да се посветат на мигрантите од сопствените редови кои им бегаат во други партии и да си ја реформираат партијата. На Македонија и е потребна зрела и конструктивна опозиција“, пишува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.
Македонија
СДСМ: ДПМНЕ не ја потпишува Резолуцијата затоа што има скриена агенда за мигранти
„ДПМНЕ не ја прифати подадената рака на СДСМ за заедничко потпишување на Резолуцијата и со една одлука на Собранието граѓаните да бидат сигурни дека мигранти во Македонија нема да има“, велат од СДСМ.
„По толку јавни повици за заедничка акција, секој ден, добивме молк. На сите им е јасно дека ова е свесна политичка одлука на ДПМНЕ и дел од нивната стратегија.
Доколку немаше задкулисни договори и преземени обврски за кои јавноста дозна од британските медиуми, Резолуцијата одамна ќе беше потпишана.
Сега веќе можеме јавно да констатираме: ДПМНЕ одбива да ја потпише Резолуцијата затоа што има скриена агенда за мигранти.
Ние повеќе нема да ги повикуваме. Одбивањето кажува сè за нивното предавство за пари – мигранти во Македонија ќе има.
Народот ова нема да го дозволи. Борбата за одбрана на Македонија продолжува“, пишува во соопштението на СДСМ.

