Македонија
Ново писмо на адвокатот Страшевски: Судијата поротник поднела оставка, но ѝ бил извршен притисок да присуствува на рочишта на ТНТ
„Поранешната судија поротник Лидија Ивановска-Кочковска поднела неотповиклива оставка од позицијата судија поротник поради истек на мандатот и го информирала претседателот на Основниот кривичен суд дека повеќе не сака да присуствува на кое било рочиште. По налог на претседателот на судот, таа не била прифатена и била итно повикана кај него со цел да се изврши притисок да мора да присуствува на рочиштата што се закажани, особено за предметот ТНТ, тврди во допис до медиумите адвокатот Јовица Страшевски, бранител на поранешниот градоначалник на Гази Баба, Тони Трајковски.
„Во текот на вчерашниот ден, од лица што ги почитуваат законите, владеењето на правото, добив информации, а тие во текот на вчерашниот ден биле присутни во Основниот кривичен суд Скопје кога поранешната судија поротник Лидија Ивановска-Кочковска поднела неотповиклива оставка од позицијата судија поротник поради истекување на мандатот и притоа во оставката го информирала претседателот на Основниот кривичен суд дека повеќе не сака да присуствува на кое било рочиште. Според информациите, и покрај тоа што поранешната судија поротник, Лидија Ивановска-Кочковска, оставката и официјално ја доставила во архивата на Основниот кривичен суд Скопје, по налог на претседателот на судот, таа не била прифатена и била итно повикана кај него со цел да се изврши притисок да мора да присуствува на рочиштата што се закажани, особено за предметот ТНТ, се вели во соопштението.
Адвокатот ги повикува Министерството за внатрешни работи и Јавното обвинителство да постапат по оваа информација и на целокупната македонска јавност да ѝ ја соопштат вистината за случувањата во Основниот кривичен суд поврзани со овој настан.
„Ја охрабрувам поранешната судија поротник Лидија Ивановска-Кочковска, која со поднесување на неотповикливата оставка испрати моќна порака, да продолжи да работи по законите во Македонија, да го почитува и применува владеењето на правото, да не потпаѓа под никакви притисоци, закани уцени, ветувања… Слободата на совеста е многу моќна, силна и признаена! Во Македонија ќе се почитува, ќе се применува и ќе завладее правото“, вели тој.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Намалена видливост поради магла на Плетвар и на Стража
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по претежно влажни коловози, извести АМСМ.
Намалена видливост поради појава на магла до 50 метри има на планинскиот превој Плетвар, а до 80 метри на планинскиот превој Стража.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд
Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд, пообилни во југоисточните региони. На повисоките планини врнежите ќе бидат од дожд и снег. Ќе дува умерен до засилен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 9, а максималната ќе достигне од 8 до 13 степени.
Во Скопје, променливо облачно со повремени врнежи од дожд, особено претпладне и кон крајот на денот. Ќе дува слаб до умерен северозападен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 7, а максималната ќе достигне до 12 степени.
Времето во наредните денови
Времето денеска ќе биде променливо облачно со слаб локален дожд. Долж Повардарието ќе дува умерен до засилен северен ветер. За време на викендот под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса ќе има врнежи од дожд кои повремено наместа ќе бидат пообилни (над 30 l/m2). Локално ќе има услови за појава на краткотрајно невреме со пороен дожд, грмежи и силен ветер. Во почетокот на следната седмица ќе има заладување и врнежи кои претежно ќе бидат од снег.
Македонија
Без струја денеска дел од Шуто Оризари
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 09:00-15:00 часот дел од улицата Тиквешка, улицата Нов Живот, улицата Индира Гранди, улицата Брсјачка Буна, улицата Овчеполска, улицата Пелагонија, улицата Демирхисарска, улицата Злетовска, улицата Слан Дол, улицата Хаџи Јован Шишков, општина Шуто Оризари.

