Македонија
Нормализиран сообраќајот на патот Демир Капија- Гевгелија

Од 1030 часот се укинува задолжителната зимска опрема на планинскиот премин Стража. Исто така на патниот правец Демир Капија – Гевгелија кој беше во прекин поради сообраќајна незгода, е оспособен за сообраќај за сите возила, соопшти АМСМ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Сообраќајот на патот Градско – Прилеп во прекин

Поради случена сообраќајна незгода, патот Градско – Прилеп е во целосен прекин, информира АМСМ.
„Поради товарно моторно возило сообраќајот е попречен на експресниот пат Градско према Прилеп (односно према село Дреново), сообраќајот е во целосен прекин и се одвива по стариот пат низ село Росоман“, велат од АМСМ.
Македонија
Почнува реновирањето на Клиниката за гинекологија

Премиерот, Христијан Мицкоски, утре ќе присуствува на почеток на комплетно реновирање и реконструкција на амбулантите, лабораториите и специјалистичките кабинети на Клинички центар „Мајка Тереза“ ЈЗУ УК Гинекологија и акушерство во Скопје.
Од Владата информираат дека реконструкцијата е во износ од 29.000.000 денари со што, како што пишува во соопштението, ќе се создадат услови за поефикасна дијагностика и лекување на пациентите.
Македонија
Утре облачно време, попладне дожд

Времето утре ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Попладне ќе биде нестабилно со локален пороен дожд и грмежи. Наместа процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд, грмежи, силен ветер (над 60 km/h) и изолирана појава на град, информира УХРМ.
Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 14, а максималната ќе достигне од 21 до 27 степени.
Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Попладне ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Во делови од котлината ќе има услови за краткотрајно невреме со пороен дожд, грмежи, силен ветер и изолирана појава на град. Минималната температура ќе се спушти до 12, а максималната ќе достигне до 26 степени.
Под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса времето во следните денови ќе биде променливо облачно и топло со сончеви периоди. Наместа ќе биде нестабилно со врнежи од дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд, грмежи, силен ветер и изолирана појава на град, особено во деновите од викендот.