Македонија
Нормализиран сообраќајот на патот Штип – Радовиш

Од 13.30 часот сообраќајот на патниот правец Штип – Радовиш, кај Пилав Тепе, е нормализиран.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. АМСМ препорачува приспособена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и исклучително внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ клисурите, каде што има можност од појава на одрони. Ова особено се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
За македонски државјани се затворени сите гранични премини за излез од државата. Затворени се сите гранични премини за влез во државата за странски државјани, патници и возила, освен за транзит на товарни возила, за претставници на дипломатскиот кор и оние што ќе добијат соодветна дозвола од страна на МВР, а по претходно добиено мислење од страна на главниот координативен штаб.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Почина поранешниот јавен обвинител Воислав Гавровски

Почина Воислав Гавровски, поранешен јавен обвинител во републичкото Јавно обвинителство.
Гавровски беше роден на 28.06.1951 година во Тетово, а на Правниот факултет во Скопје дипломирал во 1976 година.
По дипломирањето работел во Судот во Тетово, каде напредувал до судиска функција, а потоа ја вршел и функцијата секретар во тетовската општина.
Од 1991 до 1993 година ја извршувал функцијата на заменик на општинскиот јавен обвинител во Тетово. По неколкугодишна адвокатска кариера, во обвинителството се враќа на 10.04.2003 година кога Собранието го избира за заменик на Јавниот обвинител на Република Македонија, додека од 14.04.2009 година е избран за јавен обвинител во републичкото обвинителство без ограничување на траење на мандатот. Оваа функција ја врши до пензионирањето во 2018 година.
Извесен период Гавровски беше и член на Комисијата за помилување на Претседателот на Република Македонија.
Јавното обвинителство изразува сочувство до семејството и блиските.
Македонија
Сообраќајка на автопатот Тетово-Гостивар, сообраќајот е во прекин

Од 15:50 часот во прекин е сообраќајот на автопатот Тетово – Гостивар, поради сообраќајна незгода, извести АМСМ.
Засега нема информации за состојбата на учесниците во несреќата и причините за истата.
Македонија
Фетаи и амбасадорот Вал разговараа за забрзување на евроинтерграцијата

Вицепремиерот задолжен за политики за добро владеење, Арбен Фетаи, денеска се сретна со амбасадорот на ОБСЕ, Килијан Вал, и заменик-шефот на Мисијата во Скопје, Енрика Вида.
На состанокот беше дискутирано за приоритетите на Стратешкиот план на кабинетот на заменик-претседателот Фетаи за 2025 година, со посебен фокус на борбата против корупцијата, конфискацијата на нечегално стекнатиот имот, зголемувањето на транспарентноста на институциите и за зајакнувањето на стратешкиот дијалог со Граѓанското општество.
Исто така, двете страни разговараа и за забрзување на процесот на европската интеграција на Северна Македонија и за политичките случувања во земјата и регионот.
„Експертизата и улогата на ОБСЕ се незаменливи за зајакнување на демократијата, зачувување на безбедноста и исполнување на меѓународните стандарди“, истакна Фетаи.
Тој му се заблагодари на амбасадорот Вал за континуираната поддршка на ОБСЕ за Северна Македонија, изразувајќи подготвеност за продлабочување на соработката во спроведувањето на приоритетите на кабинетот, кои кореспондираат со новата стратегија на мисијата на ОБСЕ.
„Напред, заедно, кон поправедна и побезбедна иднина“, се заложи Фетаи.