Македонија
Нуредини вети соработка и транспарентност во процесот за прогласување на Шар Планина за НП
По иницијатива на министерот за животна средина и просторно планирање, Насер Нуредини, се одржа онлајн-средба во врска со процесот за прогласување на Шар Планина за национален парк, на која присуствуале претставници на граѓански организации.
Како што информираат од Министерството, средбата имала цел да информира за тековните и планираните активности во постапката за прогласување на Шар Планина за национален парк и на неа било најавено потпишување меморандум за соработка со засегнатите фактори, со кој ќе се официјализира начинот на соработката.
Министерот Нуредини во своето обраќање нагласил дека прифаќањето на иницијативата од страна на Владата значи интензивно и амбициозно работење на завршување на процесот за што е потребна соработка и силно партнерство на институциите со граѓанските здруженија.
„Целта на овој првичен состанок е да седнеме заедно. Нашите експерти да ве информираат до каде сме стигнати, што планираме да направиме во иднина и да се обидеме да работиме заедно за да ја постигнеме заедничката цел“, изјави Нуредини најавувајќи целосна транспарентност и споделување на информациите како најдобар начин за градење добра соработка.
Иницијативата на овој првичен состанок главно била во правец на продлабочување на соработката со граѓанските здруженија кои дејствуваат на полето на заштита на животната средина и одржливиот развој, а во насока на доработка на планот за комуникација и неговото натамошно спроведување, информираат од Министерството.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
ДИК: Излезноста до 15 часот изнесува 18,18 отсто
Државната изборна комисија соопшти дека до 15:00 часот, на повторените избори за градоначалник во општините Врапчиште, Гостивар, Центар Жупа и Маврово и Ростуше, гласале вкупно 23.298 гласачи, што претставува 18,18 отсто од вкупно запишаните 128.286 гласачи.
По општини:
– Врапчиште – 21,01%
– Гостивар – 17,85%
– Центар Жупа – 10,99%
– Маврово и Ростуше – 18,60%
Гласањето се спроведува на 215 избирачки места.
Македонија
(Видео) МВР: Гласањето се одвива мирно, без нарушувања на јавниот ред и мир
Локалните избори кои се одржуваат во дел од општините на подрачје на СВР Тетово, односно ОВР Гостивар и СВР Охрид се одвиваат во мирна, фер и демократска атмосфера, информира Министерството за внатрешни работи.
„МВР презема мерки и активности во рамки на своите надлежности со цел непречено и безбедно спроведување на изборниот процес. До сега не се регистрирани инциденти или било какви нарушувања на јавниот ред и мир. МВР апелира до сите граѓани и до политичките партии, да придонесат за мирна и демократска атмосфера. Доколку има било какво нарушување на изборниот процес граѓаните да пријават во најблиската полициска станица или на телефонските броеви 192 или 112“, се наведува во објавата на ФБ.
Македонија
(Видео) ДИК: До 13 часот излезноста е 8,90 отсто, едно избирачко место воопшто не е отворено
До 13:00 часот на повторените локални избори гласале 11.217 лица или 8,90 отсто, соопшти Државната изборна комисија.
По општини:
– Врапчиште – 9,58 %
– Гостивар – 8,74 %
– Маврово – Ростуше – 10,03 %
– Центар Жупа – 6,61 %
Портпаролката на ДИК, Радица Тодоровска Алексовска, кажа дека гласањето на сите избирачки места се одвива непречено, освен на избирачкото место 0782 во Ќафа кое се уште не е отворено.

