Македонија
Обвинение за креаторот и за администраторот на групата „Јавна соба“
Скопското Обвинителство поднесе обвинение против две лица на возраст од 32 и 21 година, кои се товарат за кривично дело производство и дистрибуција на детска порнографија.
Во периодот од 19 декември 2019 година до јануари минатата година, двајцата обвинети, како основач и модератор на групата „Јавна соба“ на социјалната мрежа „Телеграм“, се грижеле за содржини што се споделуваат од членовите на групата. но свесно дозволиле на групата да се објават полови дејства со дете.
„Бидејќи сѐ уште постои опасност од бегство, можност да влијаат врз сведоците/оштетените и да ги прикриваат трагите за стореното дело, како и да го повторат кривичното дело, надлежниот јавен обвинител до Основниот кривичен суд – Скопје достави и предлог за продолжување на претходно определената мерка притвор за двајцата обвинети“, велат од Обвинителството.
На социјалната мрежа „Телеграм“ оваа група веќе е згасната. Обвинителството во предметот поведе постапка за ова кривично дело бидејќи во текот на предистрагата беа обезбедени материјални докази што упатуваат токму на оваа правна квалификација.
Предметот во јавноста познат како „Јавна соба 2“ е во фаза на предистражна постапка. Основното јавно обвинителство Скопје преку Министерството за внатрешни работи, на 27.1.2021 година се обрати до Меѓународниот сервис-провајдер за услуги „Телеграм“, за да ги добие реалните податоци за корисничките профили на креаторите, администраторите и членовите на групата. До овој момент од социјалната мрежа „Телеграм“ не е добиен одговор на ваквото барање. Овие податоци се неопходни со цел да се утврди идентитетот и Обвинителството да може кривично-правно да постапува против лицата инволвирани во оваа група.
Од тие причини Јавното обвинителство ги искористи и механизмите на меѓународна правна помош, па во согласност со позитивните домашни и меѓународни прописи податоците ги побара од Обединетото Кралство. До овој момент не е пристигнат одговор на ова барање.
Инаку, за утврдување кривична одговорност во групата „Јавна соба 2“, во согласност со својата надлежност, постапуваат повеќе јавни обвинителства во државата.
Во Основното јавно обвинителство Велес во врска со „Јавна соба 2“ оформен е предмет и донесена е наредба за спроведување истражна постапка против едно лице поради постоење на основано сомнение дека го сторило кривичното дело производство и дистрибуција на детска порнографија од член 193-а став 3 во врска со став 2. Имено, при вештачење на мобилниот телефон на осомничениот пронајдени се видеозаписи со детска порнографија.
Во Основното јавно обвинителство Битола оформен е предмет во врска со „Јавна соба 2“. Обвинителството издаде наредби за вештачење на ЦД и на мобилен телефон во насока на прибирање материјални докази и утврдување факти во предметот. По пристигнување на извештајот од извршеното вештачење, ќе биде донесена одлука за натамошниот тек на постапката.
Се постапува и во Кавадарци, каде што во тек е прибирање материјали и докази за кои Обвинителството во моментот не е во можност да сподели детали.
Оформен предмет има и во Основното јавно обвинителство Прилеп, каде што од пријавеното лице се одземени два мобилни телефона и издадена е наредба за нивно вештачење.
Во зависност од обезбедените вербални и материјални докази во текот на претходната постапка овие предмети поврзани со групата „Јавна соба 2“, ќе биде одредена и правната квалификација, која ќе произлезе за наведените кривично-правни настани.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Владата на Мицкоски да најде пари за 600 евра минимална плата за работниците, бара СДСМ
„Не може да има пари за криминални тендери, а да нема за работниците. Наместо изговори за да не ги покачи платите, Владата на Мицкоски да обезбеди пари за зголемување на минималната плата за 600 евра“, велат од СДСМ.
„Македонија денес има најниска минимална плата во регионот и во Европа. Последиците веќе се гледаат. Квалификувани работници од Македонија на големо заминуваат во странство, младите се иселуваат, а кај нас се увезуваат „економски работници“.
За време на владеењето СДСМ парите завршуваа кај граѓаните, ја зголемивме минималната плата од 8.000 денари на над 20.000 денари а просечната плата од 22.000 денари на над 42.000 денари.
Имајќи ја предвид сè потешката економска положба на работниците и барањата на Сојузот на синдикатите, СДСМ подготви нови законски решенија за: зголемување на минималната плата на 600 евра и замрзнување на платите на функционерите.
Еве законско решение на маса, сега ќе се види кои партии ќе бидат на страната на работниците, а кои ќе останат на страна на тендерите“, соопшти СДСМ.
Македонија
ЛДП: Европските либерали ја поддржуваат Македонија, ја поддржуваат демократијата и ја поддржуваат Либерално-демократската партија
Групата на либерали и демократи од Европа (АЛДЕ) во Парламентарното собрание на Советот на Европа во Стразбур јасно и недвосмислено говореа и ја поддржаа одлуката за затворање на пост-мониторинг дијалогот со Северна Македонија, оценувајќи дека земјата направила значителен демократски и институционален напредок, извести ЛДП.
„Ја поздравуваме одлуката за затворање на пост-мониторингот за Северна Македонија, тоа е резултат на долгорочни реформи и јасна европска ориентација, при што либералната политика и ЛДП имаат значајна улога во тој процес”, истакнаа од АЛДЕ.
„Оваа одлука претставува силно европско признание за патот по кој треба да се движи државата и јасен сигнал дека проевропските и либерални политики се исправниот избор за иднината на Северна Македонија.
Во своето обраќање, европските либерали нагласија дека Северна Македонија денес функционира како демократија во која, во најголем дел, се почитуваат основните човекови права и слободи, а соработката со Советот на Европа е стабилна и конструктивна.
Пратениците од АЛДЕ посебно истакнаа дека затворањето на пост-мониторингот не значи затворање на надзорот, туку почеток на нова фаза на демократска зрелост, отчетност и одговорност, во која владеењето на правото, независното судство и борбата против корупцијата остануваат клучни приоритети.
Во овој контекст, европските либерали уште еднаш ја потврдија својата долгогодишна и принципиелна поддршка за Либерално-демократската партија (ЛДП) и за либералните вредности во Северна Македонија, кои континуирано претставуваат двигател на европските реформи, заштитата на човековите права и развојот на отворено и демократско општество.
Либералите во Европа потенцираа дека ЛДП останува нивен кредибилен партнер во Македонија и важен носител на либералната визија за слободно општество, силни институции, еднаквост и почитување на човечкото достоинство.
Посебно внимание беше посветено на заштитата на правата на малцинствата, вклучително и правата на маргинализираните групи, како и на обврската за целосна примена на пресудите на Европскиот суд за човекови права, при што беше нагласено дека овие прашања се суштински дел од европската интеграција“, се наведува во соопштението на ЛДП.
Македонија
Делови од Шуто Оризари и Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија известуваат дека денеска без електрична енегија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 15.00 часот, дел од корисниците од улицата Македонско Косовска Бригада лоцирани спрема подвозникот кај Визбегово, како и дел од корисниците од улицата Индира Ганди, лоцирани покрај пруга кај подвозникот, општина Шуто Оризари;
– во периодот од 09.00 до 15.30 часот, дел од корисниците од улицата Фјодор Достоевски, општина Карпош.

