Македонија
Обвинителката Лиле Стефанова е повикана да сведочи во Обвинителството во вторник
Обвинителката од СЈО, Лиле Стефанова е повикана во вторник во Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, каде ќе биде сослушувана за случајот „Рекет“.
Лиле Стефанова е обвинителка за предметот „Империја“, каде што осомничени се Орце Камчев и Цветан Панделески.
Стефановска веќе кажа дека не била согласна да му се врати пасошот на Панделески, и дека на еден состанок во април годинава Катица Јанева рекла дека треба да се изготви извештај осомничените (Камчев и Панделески) да ја платат штетата на државата, по што предметите „тука треба да бидат затворени“ и осомничените „да не одат во затвор“.
Јанева вчера изјави дека гласот на снимката е нејзин но морала да разговара со осомничените. Таа не објасни според кое правило се слуша со нив преку телефонот и во присуство на Боки 13.
Во снимката која беше објавена денеска во италијанскиот весник „Ла Верита“, Јанева вели обвинителката Лиле Стефанова не може да направи ништо без неа.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
(Видео) МВР: Гласањето се одвива мирно, без нарушувања на јавниот ред и мир
Локалните избори кои се одржуваат во дел од општините на подрачје на СВР Тетово, односно ОВР Гостивар и СВР Охрид се одвиваат во мирна, фер и демократска атмосфера, информира Министерството за внатрешни работи.
„МВР презема мерки и активности во рамки на своите надлежности со цел непречено и безбедно спроведување на изборниот процес. До сега не се регистрирани инциденти или било какви нарушувања на јавниот ред и мир. МВР апелира до сите граѓани и до политичките партии, да придонесат за мирна и демократска атмосфера. Доколку има било какво нарушување на изборниот процес граѓаните да пријават во најблиската полициска станица или на телефонските броеви 192 или 112“, се наведува во објавата на ФБ.
Македонија
(Видео) ДИК: До 13 часот излезноста е 8,90 отсто, едно избирачко место воопшто не е отворено
До 13:00 часот на повторените локални избори гласале 11.217 лица или 8,90 отсто, соопшти Државната изборна комисија.
По општини:
– Врапчиште – 9,58 %
– Гостивар – 8,74 %
– Маврово – Ростуше – 10,03 %
– Центар Жупа – 6,61 %
Портпаролката на ДИК, Радица Тодоровска Алексовска, кажа дека гласањето на сите избирачки места се одвива непречено, освен на избирачкото место 0782 во Ќафа кое се уште не е отворено.
Македонија
Жичницата на Водно не работи поради силен ветер
Јавното сообраќајно претпријатие – ЈСП Скопје преку својата фејсбук страница информира дека жичницата на Водно денеска нема да биде во функција поради засилен ветер.
Јачината на ветерот ги надминува дозволените граници како објектот би функционирал непречено и безбедно., велат од ЈСП.
„Надлежните служби ја следат состојбата на терен и во оној момент кога ќе се создадат соодветни временски услови за работа, жичницата ќе продолжи со непречено превезување на патниците“, велат од претпријатието.

