Македонија
Обвинителството ја отфрли кривичната пријава на Кекеновски против членовите на ДИК
Основното јавно обвинителство Скопје ја отфрли кривичната пријава поднесена од Јове Кекеновски против претседателот и членовите на Државната изборна комисија за кривичните дела повреда на избирачко право, повреда на слобода на определување на избирачите, уништување на изборен материјал изборна измама.
Кекеновски во пријавата навел дека седумтемина пријавени, вршејќи ја службата во врска со спроведувањето на предвремените парламентарни избори за 2020 година, спротивно на Изборниот закон, ги лишиле од право избирачите од правото да гласаат за коалицијата „Никогаш Северна – Само Македонија“, предводена од политичката партија Единствена Македонија, а во која учествувале и граѓанските здруженија ФРОДЕМ, Тврдокорни и Ветерани на ВМРО 1990 година.
Според наводите во пријавата, откако јавно го утврдиле редоследот на оваа коалиција под реден број 11 на гласачкото ливче, пријавените незаконито наложиле промена и наместо коалицијата со ова име, под редниот број 11 ја впишале само партијата Единствена Македонија. Со ова, навел Кекеновски, тие ги довеле во заблуда гласачите и ги лишиле од правото да гласаат за кандидатите предложени од коалицијата.
„Од доказите произлезе дека на 12.3.2020 година политичката партија Единствена Македонија до Државната изборна комисија поднела листа на кандидати за пратеници со назив ‘Никогаш Северна – Само Македонија’, при што била извршена идентификација на подносителот врз основа на полномошно од политичка партија, единствен даночен број, отворена трансакциска сметка и изјави за прифаќање кандидатура, сите поднесени од име или за сметка на партијата Единствена Македонија како самостоен учесник на изборите, вклучувајќи и решение за регистрација на политичката партија и потврда од Основниот граѓански суд Скопје за регистрација на партијата. Државната изборна комисија констатирала определени формални недостатоци на поднесените листи, при што се обратила до политичката партија Единствена Македонија со барање да ги отстрани, а партијата постапила по барањето и во дадениот рок доставила исправена документација. По ова Државната изборна комисија ги потврдила листите од политичката партија Единствена Македонија и ги објавила во дневниот печат и во ‘Службен весник’, на што партијата не приговорила“, соопштија од Обвинителството.
По предвремените парламентарни избори и објавата на првичните резултати, партијата Единствена Македонија повела постапка пред Државната изборна комисија, во која меѓудругото го оспорила и називот под кој била евидентирана на гласачкото ливче. Државната изборна комисија го разгледала и донела решение со кое го одбила приговорот како неоснован, со образложение дека називот на листата е определен согласно закон, односно според називот на подносителот на листата. Управиот суд исто така со пресуда ја одбил тужбата на Единствена Македонија како неоснована со истите аргументи.
„Видно од целокупната документација која е од име и за сметка на политичката партија Единствена Македонија, оваа партија самостојно учествувала на изборите, а не во коалиција со други субјекти, како што стои во пријавата, бидејќи тие субјекти се граѓански здруженија и не ги исполнуваат законските услови да учествуваат во изборна коалиција. Исто така, целата постапка, писмена комуникација и размена на преписки и писмена била со партијата Единствена Македонија, со што овој подносител и самиот се идентификувал и прифатил да му се обраќаат како на самостоен учесник во изборниот процес“, се наведува во соопштението.
Дополнително, велат од скопското обвинителство, неоснован е наводот дека пријавените ги довеле во заблуда гласачите и дека ги оневозможиле гласачите да ги изберат кандидатите предложени од политичката партија Единствена Македонија, бидејќи уште пред одржувањето на изборите јавноста била запознаена со називите на сите подносители на листите и нивниот редослед на гласачкото ливче.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
За возачките дозволи, државата мора да создаде услови што нема да ги оштетат ранливите заедници, порачува Мрежата за заштита од дискриминација
Мрежата за заштита од дискриминација реагира на јавниот дискурс поврзан со прашањето за управување со моторни возила и неговата трансформација во, како што наведуваат, сензационализирана дебата проследена со говор на омраза и стигматизација.
Од Мрежата посочуваат дека почитувањето на законите е обврска на секој граѓанин, но истовремено обврска на државата е да обезбеди услови во кои тие законски критериуми ќе бидат еднакво применливи за сите граѓани, без разлика на нивната припадност. Тие предупредуваат дека кога таквите услови не постојат, последиците најчесто ги трпат ранливите заедници, што ја продлабочува недовербата во институциите.
Во соопштението се нагласува дека јавниот простор во последните денови бил исполнет со пораки кои ја продлабочуваат стигмата кон ромската заедница. Според Мрежата, јавната дебата за управување без возачка дозвола многу брзо прераснала во наратив што ги редуцира Ромите на колективен проблем, наместо да се дискутираат основните структурни предизвици, како што се ограничениот пристап до образование, вработување и основни услуги.
„Расизмот кон Ромите останува клучна пречка поради која бројни политики и стратегии со децении не даваат резултати. Сведоци сме на повеќекратна дискриминација, особено кон жените Ромки“, се наведува во соопштението.
Мрежата истакнува дека сегрегацијата во образованието и исклучувањето од образовниот процес сè уште се реалност за значителен број ромски деца, и покрај пресудите од домашните и меѓународните судови. Оттаму, наместо исклучиво казнени пристапи, потребни се долгорочни и системски решенија што ќе обезбедат реален пристап до образование, вработување и социјална поддршка.
Организацијата предупредува и на зголемениот обем на говор на омраза и повици за насилство во јавниот простор, при што бара од институциите да постапуваат доследно, без разлика кон кого се насочени. Според нив, јавниот дискурс, особено кога доаѓа од високи функционери, мора да биде одмерен и одговорен.
Мрежата апелира и до медиумите да известуваат одговорно, без сензационализам и без ширење на наративи што поттикнуваат омраза и стигматизација. Посебно укажуваат на потребата онлајн порталите да ги модерираат коментарите под објавите и да ги отстрануваат содржините што содржат закани, говор на омраза и повици на насилство.
На крајот, Мрежата потсетува на обврските на државата според Општата препорака XXVII на Комитетот за елиминација на сите форми на расна дискриминација, нагласувајќи ја потребата од активни и насочени политики за инклузија на Ромите и елиминација на сегрегацијата и нееднаквиот третман.
Македонија
„Не мора да се уништи зеленилото за БРТ“ – Зелен хуман град со порака до властите
Граѓанската иницијатива „Зелен хуман град“ реагира на изјавата на скопскиот градоначалник Орце Ѓорѓиевски, во која тој посочил дека проектот за воведување на брз автобуски превоз (БРТ), финансиран со кредит од 70 милиони евра од ЕБОР, мора да се продолжи како решение.
Од иницијативата нагласуваат дека не е точно оти проектот мора да се изведе по постојниот план кој предвидува уништување на 7.000 дрвја и грмушки, посебно имајќи предвид дека Скопје е еден од најзагадените градови во светот.
„Истата банка ЕБОР во минатото сакаше да даде кредит на МК и за изведба на експресен пат сред национален парк Галичица со што ќе се дозволеше уништување на паркот и благодарение на Охрид SOS, тој девастирачки проект се запре. Сега пак ни се заканува уништување на белите дробови на Скопје кое мора да го спречиме!“, велат од „Зелен хуман град“.
Од таму посочуваат дека БРТ може да се изведе многу поедноставно и поевтино, со издвојување на постоечка десна лента за автобуси, без да се наруши средишното зеленило, со што ќе се избегне и блокирање на градот со години.
Дополнително, активистите предупредуваат дека токму под зеленилото што е предвидено за отстранување поминува главната водоводна цевка која го снабдува Скопје со вода за пиење од изворот Рашче – објект од, како што велат, непроценливо економско и стратешко значење.
„Тоа не смее да биде ставено во ризик за ничиј личен каприц, особено кога постојат алтернативи што го постигнуваат истото без штета“, порачуваат од иницијативата.
Македонија
Во Вашингтон, Гаши порача: Отворен дијалог со САД е суштински за демократскиот развој на регионот
Во рамките на посетата во Вашингтон, претседателот на Собранието, Африм Гаши учествуваше на панел-дискусија посветена на регионалната економска интеграција во Југоисточна Европа, организирана од Атлантскиот совет.
На дискусијата беше потенцирана зрелоста и улогата на Република Северна Македонија како фактор на стабилност во регионот, значењето на инфраструктурните проекти, како и потребата од продлабочена регионална интеграција и соработка меѓу земјите од Западен Балкан, како предуслов за одржлив развој и напредок кон Европската Унија.
Благодарност до Атлантскиот совет за организацијата на оваа значајна платформа за дијалог – упати претседателот Гаши.
Исто така, претседателот Гаши оствари средба со Макс Приморац, виш истражувачки соработник во Центарот за слобода „Маргарет Тачер“ при Фондацијата „Херитиџ“.
Каде беше остварена плодна и содржајна дискусија за улогата на силните институции, вредностите на слободата и значењето на трансатлантското партнерство за мирот и стабилноста на Западен Балкан.
Отворениот и конструктивен дијалог со нашите американски партнери е од суштинско значење за унапредување на демократските вредности и јакнење на регионалната стабилност – истакна претседателот Гаши.

